Не се толку слаби Зеленортските острови. Далеку појаки се од Курасао. Имаат играч што игра редовно во Виљареал, играчи што се стандардни во екипи како Трабзонспор, Лудогорец, Краснодар, Башахшекир, кипарско првенство итн. Скоро сите имаат поминато школи на португалски екипи. Стопира сто години играше за Видеотон, а како помлад играше една сезона и во Депортиво (и во нивниот Б тим).
Во афричките квалификации освоија 23 бода од можни 30, 4 бода пред Камерун завршија. Во квалификациите за СП 2022, имаа решавачко гостување во Нигерија за да влезат во краен плејоф. Ама изиграа 1-1 (а им требаше победа) и за малку не влегоа во крајните 10 кои со плејоф решаваа кој ќе оди на СП.
На афрички куп 2023 играа четвртфинале откако во група завршија први пред Египет и испаднаа на пенали од Јужна Африка.
Во моментов се во некои топ 10 во Африка, односно екипи кои би можеле да изненадат и во редовни квалификации како што имаше порано.
За мене Сенегал-Франција во 2002 уште е најголемо изненадување. Па и победата на Тунис над Франција на минатото СП би ја класифицирал за поголемо изненадување.