Пророкот
Ќе ме биде...
Да си жива и здрава жено, Бог нека ве благослови и чува тебе и твоите !!!
Јас лично не верувам дека тоа ќе се случи барем во наредните 50 (ПЕДЕСЕТ) години, но имам право на погрешно мислење исто како и секој друг.
Лично повеќе им посакувам на американците да си дочекаат некој нов Франклин Делано Рузвелт кој ќе ги поднаучи некои најосновни работи за тоа како се заработува за леб и како се истегнуваат нозете според должината на чергата.
Судејќи според политиките на Франклин Делано Рузвелт тоа во превод би значело оданочување до небо и безбројни законски регулативи и рестрикции за големите бизниси, а истовремено и воведување на политика на самоизолација, односно не-мешање во внатрешните работи на трети држави, а со оглед на фактот дека капитализмот во САД од поодамна веќе еволуира во профитерски нео-феудализам наместо во послободна пазарна економија, можеби им треба нов Франклин Делано Рузвелт на американците.
Ф.Д. Рузвелт навистина има многу сторено за Американците, тоа проф. Р. Волф јасно го кажува, ама профот „прескока„ да каже дека токму со Рузвелт, извршена е законска пљачка на Американците, на кои со закон им е одземено сето злато кое го поседувале, а за возврат имаат добиено незаменлив/неконвертибилен „папир„ наречен „долар„.
Во мандатите од Рузвелт, во времето од депресијата, данокот на капиталот изнесувал 70%, а од собраните даноци воведени се: пензиските фондови, „минималецот„, социјална помош за невработени, задолжително основно образование и слични економско-социјални мерки.
Такво нешто тешко дека ќе се повтори во САД, оти олигархијата стана прејака, а социјалните разлики преголеми и ненедаминливи.
