- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.774
- Поени од реакции
- 13.928
Неточна споредба,камо среќа овие да градат нешто и да носат фабрики ко Грујо што носеше.
Извади ги комуњарските наочари и кажи за периодот откако "дојде живот" 2017-па до сега повеќе или помалку,како се правеше
Не носам никакви наочари, видот одлично ме служи без никакви помагала.
И да, имаше панделки на фонтани среде паркови и се фотографираа пред нив во периодот помеѓу 2006 и 2016 година.
И како што помеѓу 2006 и 2016 година младите си ги пакуваа парталите и се иселуваа, така си ги пакуваа парталите и се иселуваа и помеѓу 2017 и 2024 година, и понатаму си ги пакуваат парталите и се иселуваат од 2024 година па наваму.
Разликата е во тоа што младите помеѓу 2006 и 2016 година беа претежно миленијалци кои си дозволија да веруваат дека пвеводбениците и нивниот пастир навистина ќе донесат подобри времиња, но ќе мора да се работи долго и макотрпно за да се добијат посакуваните резултати, додека младите кои денес си ги пакуваат парталите и се иселуваат се припадници на Генерација З, познати по тоа што не е_аваат жива сила и не ги интересира ништо.
Паметно од нивна страна, секоја им чест. Глупави се за многу работи, но за проценување на сопствената социо-економска положба во северенфиромистан и за проценување каква иднина ги чека доколку останат дефинитивно имаат одлична перцепција. Тотално оправдано и до некаде очекувано бидејќи сепак се деца на генерациите кои израснаа низ 1980-те и 1990-те години, кои знаат што ги чека нивните деца и воопшто немаат ниту причини, ниту потреба да се обидуваат да ги убедуваат сопствените потомци дека има некаква иднина за нив во северенфиромистан.
Миленијалците од друга страна си дозволија да бидат наивни и да веруваат дека со макотрпна работа ќе дочекаат социо-економско подобрување не само на нивната лична состојба, туку и општо на состојбата во државата.
Делумно тоа беше точно бидејќи после тие 10 (ДЕСЕТ) години пвеводбениците и нивниот пастир ептен убаво се збогатија, исто како и носителите на плава жолтица предводени од зајко кукурајко помеѓу 2017 и 2024 година, и исто како и денешните пвеводбеници предводени од помладиот јарец од 2024 година па наваму.
Off.net.mk неодамна објави текст од некој Александар, посветен токму на оваа реалност.
https://off.net.mk/lokalno/razno/dobro-e-shto-decava-ne-trpat
Добро е што децава не трпат срања
7 јуни 2026 - 09:30
Ни кажаа дека доаѓа ново време. Нов систем. Нова економија. Нова демократија. Сè ново. Само чудно како новите шефови имаа исти презимиња како старите шефови. Новите газди имаа исти телефонски броеви како старите газди. Новите елити некако магично се појавија токму во куќите каде што веќе имаше добар паркинг.
Ги гледам денес децава и морам да признаам нешто. Не трпат срања и не ебат жива сила. И добро е што не трпат. Затоа што некој мора да ја прекине оваа балканска традиција каде секоја генерација свечено им ги предава своите разочарувања на следната како семеен накит.
Викаат сите сме поминале низ транзиција. Да, тамам работа. Ако сите сме поминале низ транзиција, тогаш јас сум астронаут затоа што еднаш се качив на покрив да исчистам оџак, се качив за 10 минути се симињав 5 саати. Балканската транзиција не беше премин од еден систем во друг. Тоа беше долготраен експеримент во кој глувците и научниците беа истите луѓе.
Ни кажаа дека доаѓа ново време. Нов систем. Нова економија. Нова демократија. Сè ново. Само чудно како новите шефови имаа исти презимиња како старите шефови. Новите газди имаа исти телефонски броеви како старите газди. Новите елити некако магично се појавија токму во куќите каде што веќе имаше добар паркинг.
И го обожавам тој официјален Балкан. Тој од конференциите. Таму сите зборуваат за европски вредности, дигитална трансформација и младински политики. Звучи прекрасно. Како научна фантастика. Единствен проблем е што вистинскиот Балкан е на пет минути пешки од конференциската сала и изгледа како сосема друга планета.
Таму младинската политика завршува на автобуска станица. Дигиталната трансформација значи да испратиш CV по мејл наместо на хартија за да те одбијат побрзо. А европските вредности најчесто се сведуваат на вредноста на еврото во менувачница.
Миленијалците пораснаа слушајќи дека образованието е клучот за успех. Подоцна открија дека клучот отвора само една врата. Онаа на студентскиот кредит. Другите врати имаа поинаков систем. Врски. Кумови. Роднини. Партиски значки. Телефонски повици што почнуваат со реченицата: Имам едно дете....
И тогаш доаѓа големото магично откритие.
Децата на постсоцијалистичките елити не ја преживеаа транзицијата. Тие ја организираа. Додека обичниот човек учеше што значи приватизација, некој друг учеше што точно треба да приватизира. Додека едни броеја денови до плата, други броеја станови, фирми и плацеви кои мистериозно никогаш не можеа да се објаснат со таа плата, обично кога некој директор ќе откупеше општествена фирма причата беше дека имал чичко/вујко/тетка во германија која се му оставилна нему пошто немала деца...
Не бе, ова не е приказна за завист. Завист е кога комшијата има подобар ауто. Ова е приказна за систем во кој стартната линија е нацртана со молив за едни и со бетон за други.
На хартија сите почнуваат еднакво. На хартија и Северна Кореја има избори.
Затоа балканскиот миленијалец не живее само со проблеми. Тој живее со споредби. Секој ден гледа некој што наводно тргнал од исто место, а некако завршил три ката погоре уште пред да почне трката. По некое време не се нервираш. Тоа е најопасниот дел. Се навикнуваш. Почнуваш да ја прифаќаш апсурдноста како временска прогноза.
Покрај се тоа ќе чуеш дека со труд и ако навистина се сака, сè се може, изјавено од некоја татина ќерка за некоја веб страничка (да ми го бричиш со зелено џамче).
А потоа доаѓа емиграцијата. Најголемиот балкански референдум кој никогаш не бил распишан. Луѓето не заминуваат затоа што ја мразат земјата. Заминуваат затоа што им збоктисало да слушаат дека трпението е економска стратегија, им горчи кога ќе слушнат дека живеат во галопирачка економија.
И додека автобусите, возовите (кога се движеа по пруги) и авионите се полнат, истите тие системи продолжуваат да продаваат надеж. Надеж, тоа ти е омилениот производ на секоја неспособна власт. Не кошта ништо за производство, а може да се продава со децении.
На крајот останува генерација која совршено научи три работи. Да се снаоѓа. Да не се чуди. И да не аплаудира прерано кога некој ќе објави дека конечно почнува нова ера.
Пошто овде секоја нова ера доаѓа во старо пакување.
И можда миленијалците не се изгубена генерација.
Можда се генерација која предолго стоела во театар каде претставата постојано се менува, актерите се исти, сценографијата се распаѓа, а од публиката упорно се бара да верува дека токму следниот чин ќе биде ремек дело.
Како нè поебаа све да им ебам.
Александар Мат
Последно уредено:

