Порано често овде прашував за опелот, но откако го немам, немав некои посебни проблеми со следното возило шкода фабиа.
Некој ме љушнал на паркинг (веројатно сива-бела боја), нема вдлабнатини, ептен површно е. Кога го поминав со крпа излезе цела линија (испадна дека е боја од возилото кое ме поминало), остана малку навистина љушнато една многу тенка кратка линија и на едно место околу половина до 1цм као правоаголник, така нешто под кое се гледа мојата основна боја. Дали може со разредена црвена мрсна боја (или оние спрејови за коли) да ги поминам овие мали линии (само на возачката врата) да се заштити од влага (затоа што основната не беше чепната)
Дали спрејот ќе ги заштити тие мали места (или мрсната разредена фарба) од влага, дожд, снег? И дали нема да се излупат при миење кола или на 35+ степени. Дали може да се љуштат со тек на време?
или морам да идам на фарбање, па ај стругај цела врата па ај минимум неколку иљадарки (кога ми ја удрија задната врата-гепек, за фарбање и еден комплет стоп светло комбинирано со жмигавец и светло како и заден браник платив ѓаол ипол над 500-600 евра најмалку чинам, пред 2 години, главоболка. А не ми го направија или да ме опоменат дека не ми работат да побарам друг мајстор, ни сензорот на задна врата, ни моторчето за заден бришач ништо друго. Фарбари се, но барем да ми посочеа и/или упатеа за сензорот и моторчето. А и самата гепек врата не се затвара као што се затвараше пред ударот, штрчи над шасијата. Ама налет.
Се работи за фабија 2011, 1.2 серија, mk2, три цилиндри, бензин.
Фала ви однапред на сугестиите/советите.
Исто фала и ако некој барем би ме утешил дека макар со спреј може тоа да се постигне. Оти уште ми фали пола плата за вакви ситни љупеници.
Било кој одговор да е, поволен или не, тоа е реалноста, фала ви.
И уште едно во врска со check engine контролната сијаличка. Иако ми ја ресетираа неколкупати, пак се вклучува. Ми рекоа дека кај доста коли се пали и стои така. Ме советуваа мајстори не знам кој дел да ми го сменеле ама рекоа ќе ме чинело доста. Во возење не пречи, едино ако има врска со потрошувачката, не знам. У секој случај, според моќноста на возилото (најниска моќ од сите такви фабии) и качување планини (, Стража, Ѓавато...) немам проблем и товарен. Едно време се мислев да ставам црн изолирбан на сијаличката, ама ај, се навикнав. Та нема да ја мажам.
