Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
тотално џабе е избори да се прават.
СДС се живи здрави и непипнати и во прв момент кога ќе им се поклопат коцките надворешно, ќе си бидат пак устоличени на власт.
 
Незнам колку им се валидни интерните анкети. Мој дојам е дека на следните предвремени помалце пратеници ќе има од сега. Апсолутно ништо не направија, се беше веќе виден 5 дена маркетинг. Нема извршители што ќе избуткаат што треба на овој или оној начин. Нема никаква контрола над албанскиот фактор кој е уште длабоко умрежен со СДС и покрај непостоењето на Американска амбасада и никаков притисок од европска унија.

Мицко е заинтересиран само за нештата кои му носат лично него кеш (енергетика пред се). Се друго е пуштено низ вода и во слободен пад.
Паднат им е рејтингот затоа и сакаат предвремени за да успеат да останат на власт уште еден мандат
Ама и така е кога од оваа влада единствено Андоновски го бива
 
Стефче ќе бара одложување на затворската казна од здраствени причини....
... за во затвор болен а здрав по цел ден да го дрви по пресови.
Автоматски споено мислење:

Паднат им е рејтингот затоа и сакаат предвремени за да успеат да останат на власт уште еден мандат
Ама и така е кога од оваа влада единствено Андоновски го бива
Кој рекол дека сакаат предвремени?
Мицко рекол дека само е можда можно да има избори....
... и сите се фативте за јадицата ....
...а сдсnmk .... одма се јавија .... до вчера ги бараа а сега не подржуваат такво нешто....
 
Последно уредено:
Туку овие од инфомакс читам некои мислат дека нарочно остро тргнаа кон татарите, оти има напредок радев мицко, сакаат предавници да се нивните од сдс а не мицко.
За нас Македонците секако е сеедно, 35 години безкичмењаци.

Прво европа и сад ни го збиберија со петков сега малце русија со радев.
Инклузивност.
 
Мицко ќе тепа ама со помалце пратеници.

Знам ќе пропаднат, сдс ќе бидат на исто ниво како претходно.

Дуи ќе се вратат и ќе бидат единствена опција за влада.

Другата опција без Дуи у влада се избори секои 6 месеци, исто како и у Бугарија додека не дојде некој на власт што ќе го смени уставот.

Со други зборови чаре нема, да беа Мицко и компанија способни па да кажеш фак еу ќе пробаме сами. Они освен да лапаат пари од кинески кредити друго ништо не направија.

СДС нема да бидат на исто ниво како претходно, тоа е сигурно. Премногу имаат изгубено гласачи во Скопје, Битола, Куманово, Прилеп, Струмица, итн .. . Посебно последниов период со форсирањето на Бугари во устав каде што си ги губат закоравените комуњарски гласови кои немаат никаков начин да ги надоместат со некоја друга група на гласачи. Старите закоравени комуњари ако мрзат нешто, тоа се Бугари. И тоа е само од аспект на политички одлуки. Од аспект на организација им оди далеку далеку полошо. Внатре се комплетно раскарани и во целосен распад. А кога ќе ги прават листите уште толку ќе има карање зошто ќе нема место за сите. Од овој аспект во Струмица и Крива Паланка ќе платат најголема цена. Гледам на минатите парламентарни избори имале 152 000 гласови, на следниве избори над 120 000 гласови не се,а сосема реално е да паднат и под 100 000 зависно од резултатите во ИЕ3 и ИЕ4.

ЗНАМ немам поима што планираат да прават, али на нив апсолутно најмалку им одговараат избори и не разбирам зошто не даваат поголем отпор кон истите. Кој и да го одберат пат, без некакво чудо ова им се последни избори. Дали ќе одат во коалиција со ДПНЕ и ќе станат привезок партија како ДОМ, или ќе се пробаат сами да одат на избори и ќе завршат со помеѓу еден и два пратеника. После изборите и во двата случаи, нема да имаат како да одржат кохезија.

За ДУИ и ВРЕДИ тоа што се збори нема никаква смисла. ДУИ форсираат да има избори Октомври/Ноември и најавуваат дека имале веќе договор со ДПНЕ да влезат во следната влада. Затоа и Груби се вратил во Македонија. Али пак не разбирам зошто тогаш се ВРЕДИ толку тивки, кога знаат дека ќе изгубат се.

На ДПНЕ судбината им зависи од излезноста. Од аспект на гласови ќе имаат помалку и од што имаа на локални, али резултатот ќе зависи од излезноста. Зошто ако луѓето се незадоволни али не решат да го дадат гласот за никој друг, тогаш ДПНЕ може лесно да освои ист број на пратенички мандати ако не и повеќе. Ако излезат да гласаат тогаш ќе има огромен проблем и може и на 42-46 пратеника да се симнат лесно зошто во многу средини има комплетно незадоволство од досегашната работа. Култура, Спорт, Земјоделие и доста голем број на градоначалници им кинат огромен број на гласови. Посебно Култура и Спорт каде што Љутков и Борко со секоја одлука како да сакаат намерно да иритираат.

Стефче ќе бара одложување на затворската казна од здраствени причини....
... за во затвор болен а здрав по цел ден да го дрви по пресови.
Автоматски споено мислење:

Кој рекол дека сакаат предвремени?
Мицко рекол дека само е можда можно да има избори....
... и сите се фативте за јадицата ....
...а сдсnmk .... одма се јавија .... до вчера ги бараа а сега не подржуваат такво нешто....

Единствено за што се дебатира е кога ќе бидат. ДУИ сака во октомври/ноември. Мицко сака во Април/Мај А дека ќе има, ќе има. На СДС највеќе не им одговараат избори зошто ќе се борат дали да бидат чеврта или пета политичка партија во државата. Ако завршат како пети, толку од пари за маркетинг и присуство на медиуми за кои било следни избори. Ефективно ќе се распаднат.

Прашањето е само дали се доволно глупи да решат да ги бојкотираат изборите, зошто некој од кај нив и за таа опција зборат. Зошто се надеваат така да свртат внимание од ЕУ и овие да им помогнат во иднина А не разбираат дека тие денови поминаа и ЕУ нема да мрдне со прст ниту ако пропаднат. Ако бојкотираат, автоматски ќе станат непарламентарна партија, на следни локални избори ќе имаат право на 20 секунди реклама на телевизија секој пети ден. А пари од ЕУ и невладини за протести ќе видат на свети никад.
 
Последно уредено:
тотално џабе е избори да се прават.
СДС се живи здрави и непипнати и во прв момент кога ќе им се поклопат коцките надворешно, ќе си бидат пак устоличени на власт.

Само уметник ко Мицко може во ваква ситуација на СДС да губи гласови. А не губи ради ништо друго него ради незаинтересираност онаму каде што нема интерес. А и многу дупљаци има на јаки позиции. Незнам како можеше оној Клековски да го стаи кој игра топло ладно у случај СДС утре да се врати па да има за пушење и таму. Е такви му се прилично многу во високите ешалони, калкуланти и опортунисти. Затоа ниеден од СДС ни одговарал ни ќе одговара. Затоа сеуште на одредени функции држат они позиции и си ги дупат како сакаат. Да не се замерат де.
 
Единствен политичар што изгубил избори од копитото Муртинско е Христијан Мицкоски, и тоа тазе после промена на име на државава. Ова само по себе е талент :icon_lol:.
Ни Груевски после милион скандали и против цел меѓународен фактор не успеа да изгуби од сељакот од Муртино :icon_lol:
 
Прашање е дали мицко ги изгубил или му дал гласови на Заев, тогаш беше период каде службите сакаа да видат дали тоа што му се ветувало на Заев од горе ќе вроди со плод, кај нас десницата пали и гаси, тоа е менталитетот на народот, анти другите народи, не затоа што ние мразиме, туку оти нас не мразат. Сдс умре со бранко.
Автоматски споено мислење:

Јас мислев дека нема шанси цел демир хисар да се собере во една соба, кога тоа листам на јутуб и Значи шок Човече.
 
Само уметник ко Мицко може во ваква ситуација на СДС да губи гласови. А не губи ради ништо друго него ради незаинтересираност онаму каде што нема интерес. А и многу дупљаци има на јаки позиции. Незнам како можеше оној Клековски да го стаи кој игра топло ладно у случај СДС утре да се врати па да има за пушење и таму. Е такви му се прилично многу во високите ешалони, калкуланти и опортунисти. Затоа ниеден од СДС ни одговарал ни ќе одговара. Затоа сеуште на одредени функции држат они позиции и си ги дупат како сакаат. Да не се замерат де.
Што направил Клековски?
 
Пак го пуштаат домов за стари лица, заборавија Мицко да го викнат првиот пат па сега реприза

Исто како една фабрика во зонава што ја отвараа 3 пати :pos:

Баш на Клековски му најде мана ? Мене ми изгледа дека е еден од ретките што ја си ја брка работата како што треба. Отворено влезе во војна со стршленови гнезда во клиниките како доктори специјалисти што зимале прекувремени нереални саати, исто ја отвори и темата за боледувања кои се штанцаа во администрацијата за да си имаат продолжени викенди, прошири листа на лекови, значително се зголеми бројката на реализацирани операции преку фондот што значи помалку одлеани пари на граѓаните во приватни болници, се отворија случаи каде што преку фондот наплаќале за непотребни операции во приватни клиники итн

Имаш еден куп други дебакли како оној Фетаи што не ни одел на работа, министерот за земјоделие тотален лаик, оној од знам во правда ака боки13 и минчев во администрација ништо не мрдна работава од мртва точка откако се дојдени на власт
 
Последно уредено:
Што направил Клековски?

Пред да го приберат, по не знам кој основ, здушно навијаше за СДС по емисиине на Телма и 24 во својство на аналитичар.
Како од тоа, да е сега и директор на ФЗОМ и министер за здравство во сенка е несфатливо.
 
Пак го пуштаат домов за стари лица, заборавија Мицко да го викнат првиот пат па сега реприза

Исто како една фабрика во зонава што ја отвараа 3 пати :pos:
Кога власта би имала со што да се пофали, не би паднала на ниво‘ на отворање објекти по неколку пати.

Можат комотно да прејдат и на органзирање фешти за отворање селски чешми...
 
Кога власта би имала со што да се пофали, не би паднала на ниво‘ на отворање објекти по неколку пати.

Можат комотно да прејдат и на органзирање фешти за отворање селски чешми...

Па тоа и го правеа додека беа на власт помеѓу 2006 и 2016 година.

И нормално дека младите ќе си заминуваат, и маглата што ја продаваат политичарите со децении веќе е мувлосана.
 
...а бе и во други држави таквите не биле во ниедна комбинација, па излегле победници, заборавивте дека све може да се намести?
Не им руши снешкота, 1/2 држава влезени се во филмот дека нешто одлучуваат на избори.

Туку читам и не ми се верува цела кајгана во неред, загрижени што ќе било со сдсСС на некои наредни избори, и така додека јас чекам да прочитам организирање погреб/дерегистрација на црпките, овие загрижени колку ќе освоеле на избори :yid:
 
Кинеските универзитети укинуваат 12 000 програми, додека воведуваат нови 10 000. Замислете дури сега колку нашиве универзитети ќе назадуваат со оглед колку е спора секоја промена кај нас.

  • FirstSquawk reports China's universities have scrapped around 12,200 undergraduate programs (over 30% of offerings) between 2021-2025, mainly in arts, humanities, languages, and management, while adding over 10,000 in AI, robotics, semiconductors, and advanced manufacturing.
  • The move aligns education with AI-transformed job markets and high youth unemployment; specific examples include Communication University of China discontinuing 16 programs like photography, translation, and comics in favor of "intelligent imaging" and related tech-integrated fields.
  • It demonstrates a pragmatic national strategy to adapt higher education rapidly to technological change, prioritizing programs supporting emerging industries over traditional ones increasingly handled by AI.
 
Back
На врв Bottom