Во ерата на Самс и за ЛШ не беше секогаш полна, посебно по 2018та. Инаку, апсолутно си во право, муабетот ми е, да е 200 ден карта за со Работник, пример, ќе имаш малку повеќе луѓе што не се изгорени за Вардар на натпреварот. 450 ден карта, многу луѓе не можат 10 пати во годината да си го дозволат, ЛШ и домашни дербија. Може можат, ама за ракомет, нема да ги дадат. Тоа е реалност. Да се помалку, може повеќе пати ќе отидат. Клубот сепак нема да се обогати од карти. Да, треба да се плати за врвен спорт, се тоа држи и така е. Но, треба да се има малку свест и која ти е публиката и што сакаш да постигнеш. Ако се сака поголема посетеност, ќе треба и малку компромис за некои работи.
Факт е дека се неатрактивни противниците и нивото на лигата е крш, ама за цените на билетите, поготово ЛШ кога беа 2017, не знам што повеќе требаше да биде. Вардар во борба за Ф4, подоцна и европски шампион х2. Не ми е јасно како луѓето одат на спортски настани АКО ИМААТ пари. Значи прво се сметки, храна, дискотеки, телефони, патики од 150 евра, ама ако остане ќе иде на Вардар, ако нема - ќе седи пред кооперација.
Значи знаеш пример дека Вардар игра ЛШ 7-8 натпревари дома, по 400 денари карта, 3200 денари ти се планирани однапред. А не, ќе пукнеш у 5 кафани 300-400 евра, ќе даваш пари на таксиња, секој месец ќе купуваш патики од 100-150 евра, и после 400 денари скапо било.
Значи спортски настан е култура, традиција што треба да се негува, луѓе на запад од работа слободни денови земаат за да одат да гледаат бундеслига. А кај нас - е не можам, шефот ме стави дупла смена денес, еј не сум при пари, ај на наредната (не оди ни тогаш). Ама за комар, цигари, алкохол и бесцелни излегувања, секогаш се има.
Не велам дека во домашна лига карта треба да биде 350-400 денари. Но за ЛШ и 600 денари е океј, барем според мене. Да, сега ако некој е со маж/жена и две деца, 40 евра може се многу, тука се согласувам дека треба да има фамилијарни пакети, или сезонски/блок карти. Ама па така ако гледаш тој што има 6 деца, ќе треба со маж/жена и 6 деца да даде 80 евра само за карти.
Повеќе е дека не се оди затоа што не им е интересно, отколку муабетот дека е скапо.