Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 47: @Artemisia Vulgaris - Иселениците да го задржат правото на глас)

Иселениците да го задржат правото на глас

  • Вкупно гласачи
    66
читајќи го хот ајс и булгарис сфаќам дека иселенициве многу патат од комплекси и ради тоа ја мразат државата. Сега секој е посебен случај, но патернот е тој.
Не бе Ронче, не се тоа комплекси. Чисто незадоволство зошто морале да си отидат од тука, за да бидат луѓе. Зошто овде немало услови да бидат тоа.
Автоматски споено мислење:

На Груевски му се намерачија уште со А1

И да беше „чесен“ да речеме, пак ќе му беше наместено да падне од власт.
Нормално, бидејќи не придонесе за либерално општество

Тоа што е несфатливо е што брдо народ излезе на куртон револуции иако беше јасно дека е местенка.
Дојде пиперџијата на власт и маме мамино еба за сите претходни, пуздер ја направи државата

Најсмешно е што Груевски јавно Груевски кажа што ќе се случи, но никок мува не го лазеше од куртоните

При таков избор, подобро он да останеше него црпнатиот да превземеше власт.

Не може народот да не е крив за такви куртонски протести, уништија јавен и приватен имот и ретко кој сноси последици за тоа.

И Америте се малку виновни, немој до толку да ги штедиш..
Го забораваш началниче во целава приказна. А инквизицијата како неговата има рефлексии.
Може Гвујо и светец да биде, ама со таков роднина и партнер, тешко долго.
 
Последно уредено:
според твоево значи секој што не сака да си замине е деспот на државна цицка. Многу сте одлепени жими се. Секој што не е со вашиот предавничи мајндсет е будала тешка. Лечите комплекси само.
Ова е твое тврдење, иселување или седење нема везе со тоа дали некој е патриот или не работи во интерес на државата. Спомна предавнички мајндсет, за мене тоа е: да си дел од систем што краде пари од истите граѓани со кои делиш воздух. Просто кажано: ако некој паразитира на државна цицка, краде од сограѓани, овозможува упропастување на државата - тој е паразит. Постапките на паразитот се форма на предавство, пошто повеќе ја уништуваат државата од било кој надворешен фактор. Ако некој ова го посочи не е тоа "лечење комплекси" туку констатација на фактичка состојба, на проблем ради кој државата пати. Ради партиите и паразитите во нив државата ни оди надоле 30 години и е таму каде што е.

Добро, скрати, не си за одговорност кога не ти одговара.
Напротив, нека одговараат од прв до последен, ја унаказија државата. :cool:

На Груевски му се намерачија уште со А1 И да беше „чесен“ да речеме, пак ќе му беше наместено да падне од власт. Нормално, бидејќи не придонесе за либерално општество
Неговото паѓање од власт нема везе со либерализам, конзервативизам. Паѓа поради неколку работи: прво, големо незадоволство поради корумпирано владеење (он и луѓето околу него со 1000 евра службена плата изградија хотели, згради, палати). Тие пари се од кредити што народот ќе ги враќа со години (со помали пензии, повисоки даноци). Второ, пропусти и злоупотреби на безбедносен апарат (што е одговорност на органите за безбедност кои беа под негова власт). Трето, а тоа е надворешниот фактор, он почна да се двои од една велесила и да флертува со друга, во период кога овие две велесили почнаа да се лактаат. Нема везе ова со либерализам, во меѓународни односи никој тоа не го занима.

Едниве под маска на семејни вредности и патриотизам, ја опељушија државата. Другите под маска на граѓански права и слободи го направија истото. Судството си го држат под партиска капа за никој да не одговара. На крај на ден: одговорноста е кај партиите, поготово клучните ликови пошто они го управуваат системот кој го дискутираме, не гласачот. Уделот на гласачот во тоа како се управува е минорен, а би рекол и непостоечки. Додека одговорноста се разводнува и не се очекува повеќе од државата и оние кои владеат со неа, нема да движиме напред.
 
Последно уредено:
Ова е твое тврдење, иселување или седење нема везе со тоа дали некој е патриот или не работи во интерес на државата. Спомна предавнички мајндсет, за мене тоа е: да си дел од систем што краде пари од истите граѓани со кои делиш воздух. Просто кажано: ако некој паразитира на државна цицка, краде од сограѓани, овозможува упропастување на државата - тој е паразит. Постапките на паразитот се форма на предавство, пошто повеќе ја уништуваат државата од било кој надворешен фактор. Ако некој ова го посочи не е тоа "лечење комплекси" туку констатација на фактичка состојба, на проблем ради кој државата пати. Ради партиите и паразитите во нив државата ни оди надоле 30 години и е таму каде што е.

Напротив, нека одговараат од прв до последен, ја унаказија државата. :cool:

Неговото паѓање од власт нема везе со либерализам, конзервативизам. Паѓа поради неколку работи: прво, големо незадоволство поради корумпирано владеење (он и луѓето околу него со 1000 евра службена плата изградија хотели, згради, палати). Тие пари се од кредити што народот ќе ги враќа со години (со помали пензии, повисоки даноци). Второ, пропусти и злоупотреби на безбедносен апарат (што е одговорност на органите за безбедност кои беа под негова власт). Трето, а тоа е надворешниот фактор, он почна да се двои од една велесила и да флертува со друга, во период кога овие две велесили почнаа да се лактаат. Нема везе ова со либерализам, во меѓународни односи никој тоа не го занима.

Едниве под маска на семејни вредности и патриотизам, ја опељушија државата. Другите под маска на граѓански права и слободи го направија истото. Судството си го држат под партиска капа за никој да не одговара. На крај на ден: одговорноста е кај партиите, поготово клучните ликови пошто они го управуваат системот кој го дискутираме, не гласачот. Уделот на гласачот во тоа како се управува е минорен, а би рекол и непостоечки. Додека одговорноста се разводнува и не се очекува повеќе од државата и оние кои владеат со неа, нема да движиме напред.
Точно од А до Ш, но тој ни е капацитетот ко држава, особено таа ни е критичката мисла. По време на ВМРО (ако не се лажам и баш под Груино), измислија тоа проектот Скопје 2014 што не кошташе невидени пари без причина. Нели имаше „уметничка инсталација“ на 3 врби во Вардар, секоја врба 50К евра. Пари што некој нема да ги види во актива цел живот, они ги дадоа на курташак и ред други пари кои ги дадоа за други да можат да исчезнат. Плус излегоа на виделина криминални дела, и тоа докажани, треба да си благо ретардиран да не реагираш и да не сакаш таква власт да падне. Е сега, народот не знаеше што го чека после, во однос на права на рамковни, дамбетер, оние барем ги држеа под контрола. Ја лично не сум учествувал во ништо од ова, нит па гласав, некако никогаш немав верба во Македончето и неговиот победнички менталитет, и ете, прав сум бил. Не можеме да направиме нешто правилно, ко да бутнеме криминалци од власт, без да направиме нешто погрешно, да дигнеме втори криминалци и продадени души на власт. Тогаш требаше да се почне од нула, не да се даде пак палката на другото зло, но толку си можеме, толку е капацитетот. А сите што доаѓаат на власт вработуваат нова администрација, без да избркаат претходна, и таа само се пуни, и тоа со што се пуни: со бескичмењаци и паразити кои само се потсмеваат на поштениот народ чии пари ги зимаат за да клатат врата и се заблагодаруваат со тоа што фаќаат кривини и си идат порано или уопште не се појавуваат на работа. Прави „патриоти,“ капа им симнувам.
 
Е сега, народот не знаеше што го чека после
Koj ne znaese, decata vo gradinka ?
Ako nekoj togas ne znaese so ke sledva a imal povekje od 15 godini togas najverojatno bil retardiran. Jas drugo objasnuvanje nemam :toe:
 
Одговорноста и вината е пропорционална на власта што еден човек ја поседува. Неможе некој што продава семки или човек на шалтер во оштина што гласал на избори да е исто крив како премиер на држава за висока корупција што е одговорен и ги носи одлуките со чии последици живееме. Човекот на шалтер, или тој што гласал за шарена, не е крив што се милијарди испумпани од државата пари на граѓаните. За партизираното судство криви се партиите, со степен на одговорност соодветен на нивниот удел и функција во партиската/државната хиерархија. Неможе еднаква одговорност да има некој што само гласал на избори, и некој што си направил за себе и фамилијата милијарди со кршење закон, уништување институции, лошо управување со државата.

Груевски е причината зошто Шарена дојде на власт. Шарена е причината зошто Мицковски владее. Едни те исти пациенти на кои секогаш некој друг им е крив: народ, илуминати, конспиративни здруженија, никогаш тој што ги носи одлуките поради кои државата пати и народот страда. Заради тоа и државата ни е таму каде што ни е (благо кажано, не сме Норвешка).
Не тропај глупости бе...Груевски бил крив, тоа е исто како да кажеш дека антилопата е крива лав што ја изел. Гарант лебот го вадиш од тие NGO-а па шириш тука глупости. Релативизираш со фори како илуминати и т.н....како селски буквар е веќе лесно да ве прочита човек.
Точно се знае што цел имале тие шарени револуции и кој ги финансирал....не продавај тука мадиња за бубрези.
 
Koj ne znaese, decata vo gradinka ?
Ako nekoj togas ne znaese so ke sledva a imal povekje od 15 godini togas najverojatno bil retardiran. Jas drugo objasnuvanje nemam :toe:
Види, тоа што немаме капацитет за нешто ново и различно е јасно. Но според тебе како требаше да се реагира со криминалци со докази? Ко у градинка што викаш, да ги удрат по раче и да им кажат немојте пак? Нормално е дека треба да се бутнат и да се судат. Или имаме терористи у влада што да немаме и докажани криминалци, да се издигнеме до нивото на циркус држава? Еве јас ептен неупатен и не сум умен, не ми дава никој штаб инструкции, како се постапува у такви ситуации?
 
И еден фан факт....многу од тие што учествуваа у шарената револуција се иселија затоа што не им чинела државата....многу членови и тука на форумов ги снема. И пак, голем дел од нив ќе ни кажуваат што не чинело овде а таму кај што живеат било супер......не сите ама голем дел.
Автоматски споено мислење:

Но според тебе како требаше да се реагира со криминалци со докази?
Ти стварно со цел памет мислиш дека некои што ги имаат сите механизми у раце, апсолутна власт, законот важи за тие исто како што важи за другите?
 
Последно уредено:
Не сери. Дај издржан муабет, ко своевремено :smirce: где је бунтовност отишла :roker:
Мајку ти јебем... Муабетов нема врска со мене и моите идеали, туку со фактот дека секој граѓанин на РМ, овај СМ треба да има право на глас без разлика од моменталната местоположба.
 
Не бе Ронче, не се тоа комплекси. Чисто незадоволство зошто морале да си отидат од тука, за да бидат луѓе. Зошто овде немало услови да бидат тоа.

комплексаши се сите до еден. Да не беа немаше тоа да го прават нивниот избор најдобар и да се тешат едни со други

jake gyllenhaal GIF
 
Не тропај глупости бе...Груевски бил крив, тоа е исто како да кажеш дека антилопата е крива лав што ја изел. Гарант лебот го вадиш од тие NGO-а па шириш тука глупости. Релативизираш со фори како илуминати и т.н....како селски буквар е веќе лесно да ве прочита човек.
Точно се знае што цел имале тие шарени револуции и кој ги финансирал....не продавај тука мадиња за бубрези.
Груевски ја опљачка Македонија со луѓето околу него, направи милијарди, го испартизира цел систем, го оштети за генерации. Поради корумпираност на тоа ниво што го гледавме, создаде амбиент да биде сменет со нови апаши. Дојде Заев со своја клапа криминалци, го продолжија ликот и делото на Груевски само со сино знаменце и геј парада. Државата пати и тоне, баш поради вакви недржавници како Груевски и Заев, кои го користат системот како нивна приватна компанија и завод за вработување на лојални партиски ботови, наместо како држава што треба да гради иднина за следните генерации.

Вакви ликови постојат, пошто нормалнизирани се "може крадат, али градат" флоскули, или "се снајде, направи милиони, глеј каква кола вози". Ова се глорифицира, и кај некои луѓе создава инспирација (и они сакаат да пљачкаат), кај некои апатија (неќат да се замараат со трул систем), а кај мнозинството фрустрација. На обичниот човек преку куp му се и партиски ботови, и паразити, и криминалци маскирани како борци за татковината, човекови права, комунизам, што и да е, пошто се гледа од сателит: ова ја унаказува државата и ја тоне.

И еден фан факт....многу од тие што учествуваа у шарената револуција се иселија затоа што не им чинела државата....многу членови и тука на форумов ги снема. И пак, голем дел од нив ќе ни кажуваат што не чинело овде а таму кај што живеат било супер......не сите ама голем дел.
Извини ако се навреди што посочувам дека рак рана на Македонија е корумпирано владеење и партизирање на државни институции. Следен пат ако ова те навредува, ќе се вратам на илуминатите, Сорос, гласачот е виновен, народот вака заслужува или моето омилено "системот е крив", нешто бенигно кај што лидерите од партиите ќе ви ги оставам да бидат "кутри антилопи, жртви на системот" додака прават милијарди на грбот на обичниот граѓанин.

ПС: Иселен сум пред Шарена да постои како идеја, не сум работел за НГО, ниту сум бил член на партија. Имам алергија на паразитирање. :pivo2:
 
Последно уредено:
И еден фан факт....многу од тие што учествуваа у шарената револуција се иселија затоа што не им чинела државата....многу членови и тука на форумов ги снема. И пак, голем дел од нив ќе ни кажуваат што не чинело овде а таму кај што живеат било супер......не сите ама голем дел.
Автоматски споено мислење:

Ти стварно со цел памет мислиш дека некои што ги имаат сите механизми у раце, апсолутна власт, законот важи за тие исто како што важи за другите?
Ни со процент памет не мислам, а не па со цел, затоа ќе го цитирам човекот по кој си го земав никот: People should not be afraid of their governments, governments should be afraid of their people. Затоа луѓето кога ќе видат нешто што не е ок треба секогаш да реагираат и да ги држат властите под контрола.
 
Види, тоа што немаме капацитет за нешто ново и различно е јасно. Но според тебе како требаше да се реагира со криминалци со докази? Ко у градинка што викаш, да ги удрат по раче и да им кажат немојте пак? Нормално е дека треба да се бутнат и да се судат. Или имаме терористи у влада што да немаме и докажани криминалци, да се издигнеме до нивото на циркус држава? Еве јас ептен неупатен и не сум умен, не ми дава никој штаб инструкции, како се постапува у такви ситуации?
Sto pati e praen istiot muabet, i togas pred, i neposredno potoa i sega po vremena distanca kade nesporno mozat da se vidat i osetat pridobivkite od revolucijata. Stvarno ne znam so ne ti e jasno i kakvi instrukcii ti trebaat ? :cautious:
 
Точно за пред ме интересира, кажи како требало да се постапи пред докази за криминални дела, но без алиби муабет у стил беше јасно без да го одговориш прашањето. Кажи ти конкретно, како си мислел дека требало да се постапи, со конкретни дејства? Да се бутнат за да се судат или да се опрости крадење на народни пари и имот и злоупотреба на моќ за уништување на човечки животи?
 
Back
На врв Bottom