СП 2026 во САД, Мексико и Канада - генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Kumanovo88
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе го освои мундијалот во САД, Мексико и Канада 2026.


  • Вкупно гласачи
    137
  • Гласањето е завршено на .
Абе и јас си го сакам и ценам јазикот, но ниту србите ниту ние немаме добри спикери. Кога ќе слушнам колку страст имаат западните спикери без глас ми се прати фудбалот на арените. Посебно кога ќе слушнам некои аматери кои гледаат само надница да истераат, страст 0 познавање 0 дури и играчите ги уткаат.
Јас си ги поштувам Шпанските коментатори, знаат да ја направат секоја утакмица интересна. Не ги поднесувам Англиските, многу се досадни.
 
Вечер е денот на сите кампањци што на секои 2 години гледаат фудбал што ради Европско што ради Светско. Последните месец дена се поминати во учење безвезна статистика и дали има некои нови правила од претходното првенство. Најхрабрите купија и албум со сликички што дополнително им дава можност да научат на памет кој е трет голман на Хаити.

Се придружувам на честитките дека тешко ќе гледам нешто до нокаут фаза, им го оставам тоа на хипстерите со дигнати чорапи на Самба патика, бркче ко берлинско педерче, и мјул фризура додека ја гледаат својата прва утакмица после 2 години уз некое локално ИПА пиво.
 
Австралија- Турција во 6 сабајле ја ставиле. Леле османлииве што ќе праат дур одат на бауштеле овде :icon_lol:
Пола на боловање ќе се пиша да ги гледаат утакмициве 100%.
 
ЖМ:Колку канали ќе одат на македонски јазик и каде ќе можат гледачите да ја следат вашата содржина?

-Каналите на локализираната Арена спорт на македонски јазик ќе одат на местото на каналите Арена спорт премиум 1,2 и 3. Нашите, македонски канали ќе се нарекуваат Арена М1 премиум, Арена М2 премиум, Арена М3 премиум, па со именувањето, како и со логоата, ќе бидеме единствени различни од централата во Белград. Тоа мене ми се допаѓа. Инаку, гледачите ќе можат да ја следат нашата програма на истите канали на коишто досега беа емитувани Арена спорт премиум 1,2 и 3 на српски јазик. Другите канали на српски ќе останат, за да можат гледачите да следат што повеќе спортски настани. Нашата програма ќе биде автономна, ќе избереме сè што сметаме дека е атрактивно и значајно за нас, но во три канали не можеме да вметнеме сè што сакаме, па тоа што не можеме да го понудиме ние, македонската публика ќе го гледа на другите канали на „Арена спорт“.



Коментаторите од српската Арена нема да фалат, освен два-тројца кои се саглам.

Имаше првенства кои што можеа да,се пратат и на Арена и на МТВ, колку и да се хејтани нашите, кога се вкупно ќе се собере, сигурно не беа полоши.

И едните и другите често се жртви на тој фудбалски популизам, кој најчесто е погрешен. Некои преовладувачки мислења за некој фудбалер, репрезентација, тренер, клуб...


Единствено што на српската Арена некогаш знаеа да донесат некого добар во тие емисии пред натпреварот, а особено оној младиот, претенциозен аналитичар. Од него можеше да се слушнат паметни работи, иако на многумина им е иритантен.

Кај нас е многу тешко да донесеш некого во такви емисии и да каже нешто повеќе од едни исти фрази.



Имаат сега многу натпревари и простор за различни емисии, нека дадат шанса на нови, креативни лица.
 
@Lokvan вечер Тортиља Омбре vs Нелсон Мандела тачан резултат 4:1.
Хехе
 
Нашиве успеваат да ја ебат и арена, одма се појавија "проблеми со трасата" и наместо да гледаме отворање, ние ги слушаме индијанциве...

Стручњациве 2 реченици едвај склопуваат...

Вратете ги Калински и Панчев...
"Добра лопта"
"Тоа е фудбалот Златко..."
 
Оф сироти од преѓе се приклучуваат од Мексико никако да се приклучат, таман се приклучија преѓе, слика имаше тон немаше
 
Back
На врв Bottom