Емкаа
the worst thing about prison was the dementors.
- Член од
- 14 мај 2008
- Мислења
- 5.391
- Поени од реакции
- 14.034
Лош аргумент, од земја која нема ни старечки домови, палијативна нега, ни персонал за грижа на стари и изнемоштени лица.да чистат гомната на старците по старечките домови во Германија има и друга страна.
Тоа е чудна динамика која мора да ја искусиш за да ја разбереш.Не знам ако бидеш објективен и тие и тие кукаат, особено иселенициве кога ќе им дојдеш на гости и пак ти го прават муабетот мк овака Мк онака си викаш во паметот дали овие ментално се иселиле или само физички.
Автоматски споено мислење:
Аха значи политиките на државава ги афектираат сепак, ама ај ќе ја градираме афектираноста, за некако да не можат да гласаат.
Од една страна, те боли кога гледаш како државата се деградира и колкаво е куробилието на народот. Те боли пошто си пораснал таму, имаш фамилија, имаш спомени, емоционално си поврзан. Јас сакала или не, секојдневно сум вклучена со дешавките таму. Секојдневно комуницирам со луѓе, им ги знам проблемите кои се последица на нефункционалоста на системот. И си велиш како може толку елементарни проблеми да се нерешливи 20+ години? Те фрустрира, пошто живееш во систем каде истите проблеми се решени на многу едноставен начин и функционираат и сите се среќни и задоволни.
И кога сакаш да го пренесеш тоа искуство, начекан си како на нож, се сфаќа веднаш во негативна конотација.
Од друга страна, гледаш напред во иднината и си свесен дека со моменталната состојба таму, за тебе и за твоето поколение нема место, колку и да е голема желбата.
Последно уредено: