Не можам да ти опишам побезболна интервенција од ова. Заб да извадиш - боли, нокт да исечеш повеќе боли... Значи верувај дека ништо нема да осетиш. Болка = 0! Ни за време на операцијата, ни по неа. Д-р Валон ми препиша и аналгетик да сум пиел ако сум имал болки - не бре, кои црни болки, ништо, ич. Значи за тоа да не се плашиш.
Е сега, нормално - треба да лежиш и да се пазиш, зашто сепак имаш кончиња. Јас имав вкупно 6: две дупки од десна страна на стомакот со по 1 конец и 2 на средина: над папокот и под дијафрагмата со по 2 конци. Ко ке се движиш треба внимателно, осеќаш како затегаат. Мала непријатност има ко ќе ти ги вадат конците, по 2 недели некаде, ама и тоа не е болка, само малку језиво чувство.
Инаку, треба секој ден да ги дезинфицираш раничките со јод и да ги покриваш со фластери. Мене фластерите ужасно ме чешаа, ич не ги сакав. После недела дена некаде ги тргнав сите, без фластери лежев.
Одмараш 1 месец, внимаваш на исхраната зашто додека да се навикнат цревата на многу жолчна течност, ќе имаш мноооогу пролив. Ама по месец-два се се регулира. После, да, треба да пазиш и да не претеруваш со мрсно и јајца, ама нека не те лажат дека не смееш нешто да јадеш. Ќе јадеш се, ама умерено, без претерување. Јас јадам се и гајле немам.
Друго што да ти кажам, не знам. Јас инаку се оперирав заради полипи: 4 имав од кои едниот беше 6 мм долг, затоа д-р Валон ме советуваше ич да не чекам. Инаку немав никакви симптоми или проблеми. Случајно ги открив, на систематски преглед.
Во болница си една ноќ пред операција и една ноќ по операција. Утрото по операцијата мене ме пуштија. Пешки одев некои 500 м. до колата, само внимателно. И од анестезијата можеш да осеќаш вртоглавица и јас имав укочен врат, не знам зошто, може заради положбата додека ме оперирале. За самата операција - влегуваш во сала, легнуваш (гол, несфатливо ми е зошто, ама ете така требало), ти викаат да броиш до 10. На 3 се губиш и по неколку мигови се будиш во шок соба, зашеметен и гледаш дека поминале 2-3 саати. Тие 2-3 саати: црна дупка во твојот живот, хахаха, немаш сеќавања за нив.
И тоа.
P.S. Мене никој не ми кажа, па отидов без бикче таму - пред да одиш на операција, избричи си го стомакот.