Здраво на сите,
Во последно време разгледувам да мењам кола, па искрено највеќе сум заинтересиран за Alfa Romeo Brera 2.4 jtdm, пошто само со тој мотор ги има кај нас. Можеби чуден избор, за тоа што станува збор за кола што веќе би била 20 години стара речиси, ама едноставно дизајнот, и фактот дека се имам заљубено во таа кола од дете кога сум а возел во Need for Speed Carbon, ми праве огромен мерак еден ден да а имам.
Имал ли некој до сега искуство со неа, и ако да, како сте задоволни? Или општо ако знаете нешто повеќе за овој модел на Alfa Romeo, отворен сум за мислења. Знам дека има доста хејт спрема Alfa Romeo, и особено спрема Brera со обзир на тоа дека а нема постигнато популарноста која што јас барем би мислел дека треба да а постигне таа кола, судејќи чисто по нејзиниот изглед.