За овие позитивни работи сум пишувал тогаш, што мислиш , кој не се сложувал, со кого сум се објаснувал?
Но, ни тогаш не беше баш толку сјајно, нешто од тоа и сум бранел или минимизирал, а излезе дека не е баш минимален проблем. Имаше грешки и тогаш, од проценка околу продажба на фудбалери, продолжување на договори, реинвестирање, лоша проценка за реалните слабости на тимот и што после скудетото, што резултираше со лош план за следната сезона, лош преоден рок, распад кој се насетуваше уште пред СП, потоа веќе беше и катастрофа, на крај 5то место со 70 бода или исто како сезонава. Поради тоа полуфинале во ЛШ, кое повеќе е случајно, сплет на околности, се заборава колку Милан се распадна тогаш.
Но не само тогаш, може да се вратиме и на почетокот. Прво, моделот за тој Милан беше од Газидис, а Бобан и Малдини требаше да го спроведат. И не беше баш се така глатко, не за џабе недоразбирањата со Бобан и преговорите со Рангник-Нагелсман, кои беа во завршна фаза.
Сезоната почна лошо, утнаа и со тренер, а веќе бевме во проблеми од тоа што го направи Леонардо, затоа сакаа се да избркаат и да почнат од почеток.
Цел тој прокет, модел, делуваше промашен, се до враќањето на Ибра. Нормално дека доста работи беа направени добро, но ова е само доказ колку работите лесно можат да отидат во еден или во друг правец. Цело време Милан беше на клацкалка. Ако сезоната 20/21, во последно коло, не се пласираа во ЛШ, ќе се гледаше само лошото. А камоли ако не дојдоа добрите резултати после паузата поради корона.
Сега може да го напаѓаме колку сакаме и да не нервира, но пресвртот дојде со Ибрахимовиќ. Што малку фрла сенка на еден друг муабет, дека тимот изгубил менталитет без Малдини, зошто не го имаше пред да дојде Ибра?, ако гледаме така на работите. Тоа се тие претерани приказни и накнадно конструирани, исто како што потоа се преувеличуваа исто такви за Ибра, отекуваа со флоскули дури и кога овој стануваше и проблем (сезоната кога Милан освои). А кога сме кај менталитет, Малдини погреши што ги разгали премногу, па останаа инфантилни и на 27 години.
Значи, многу фактори влијаеа и тогаш, не беше баш се така црно-бело и едноставно, како што се прикажува сега.
Иако, секако дека тоа што се работеше тогаш, имаше повеќе логика, но и многу грешки, особено како да се продолжи по скудетото. Колку и да е легенда и да го сакаме, реално тргна во погрешен правец (во тој момент мислев дека не е, но веќе во јануари стана јасно декс погрешил, а и ние што го браневме тоа лето), а не беше ни свесен каде греши и тој има големо его, не само Ибра.
Целиот тој период имаше некоја заедничка идеја, но и доста несогласувања при спроведување, добри потези, грешки и малку среќа.
Првата сезона беше промашување, втората веќе подобра, но ЛШ изборија во последно коло, тоа беше уште еден момент кога малку требеше за да биде прогласен неуспех. Потоа дојде скудетото, но не дека Милан бил најквалитетен тим во Италија и дека шампионски издоминирал таа сезона. И следната веќе видовме распад. Затоа се претерува со тоа "шампионски тим". Се знае што е шампионски тим, кој доминира неколку сезони во првенство и се издвојува по квалитет од конкуренцијата.
Друг муабет е дали ќе беше подобро со него отколку со овие што дојдеа после него.
Како што е друг муабет и за циркусот што се случи после него со недефиниран спортски сектор и после некој месец појавување на советник, со недефинирана улога, кој донесе уште поголема конфузија и проблеми. А еве таа конфузија трае уште и ќе си потрае изгледа.