Корупција и Злоупотреба на Моќ во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Harry the dog
  • Време на започнување Време на започнување
Нема место за „изненаѓење„, затоа што и државите кои ги наведуваш, а „нашата земјата„ особено, се остатоци од претходниот систем (мислам на СФРЈ), каде срањата кои денес ги гледаме како пренагласени, постоеја и во СФРЈ во попрост облик и ние од таму ги „наследивме„.

На пример, во претходниот систем:
- за да бидеш некој позициониран лик, требаше да бидеш „члан партије„ а денес да си „од нашите„,
- за да „завршиш„ некоја работа ти требаше познаник „(врска„), а денес ти треба мито.

Се‘ е исто...само „стариот„ ни фали...
За да земиш кредит за стан треба да имаш партиска книшка од КПЈ.Иначе нема шанси.
 
Државата ќе ни профункционира кога 2/3 од јавна администрација ќе бидат одпуштени и оние кои биле одговорни за ваков тип на криминал би легнале затвор долги години:

Прегледај го приврзокот 479203https://sdk.mk/index.php/naslovna/n...i-otchukuvale-kartichkite-reche-direktorkata/
...пих, што се 20 вработени не доаѓале на работа, многу поголема бројка е и не е проблемот во отчукување на картичките дека тие не сакале да работаат, па другите ги криеле туку тоа било политички договор толку и толку души да им се исплати износ месечен како плата, без разлика каде тие се наоѓале (земале плата, а некои не биле со години ниту присутни во државата), работеле или неработеле не било важно!

...и кадри на несоодветни места можеби биле на повисоки функции со високо образование, а не тука спомнува фармацевтски техничар.

... малку треба да биде поедуцирана за медицински професии, пред да дава такви јавни информации, пошто и она е доктор стоматолог, па што бара како Директор во Институт за Јавно здравје во што е поврзаноста на стоматологијата со епидемиологија и општо Јавно здравје - епидемија на кариес?

...треба некој да и' каже дека со приватизацијата на примарното здравство во 2005 година во средните медицински училишта настанале промени во сите насоки, да конкретно тука спомнатиот фармацевтски техничар добил дополнителна надградба во својата медицинска професија како фармацевтски лабораториски техничар со што може да работи во било која институција на лабораторија (биохемиска, дијагностичка, микробиолошка, трансфузиолошка, па и во лабораторијата во Институт за Јавно здравје).

...за нејзина информација иако моментално Директор на Инстирут за Јавно здравје, а како доктор стоматолог треба да знае дека утре ако отвори приватна стоматолошка ординација, може да вработи токму фармацевтски лабораториски техничар кој денес добиле можност да работаат не само како лаборанти и да земаат биолошки материјал, туку да работи и како стоматолишки асистент.

... ги поздравувам сите вакви активности во разоткривање на неправилна работа, ама сум за точност и прецизност во искажувањето и информираноста низ социјални мрежи посебно од личности кои се на функции, а грешка им е што изјавуваат сувопарно цитати, можеби од советници или други лица, не ја проверуваат самите точноста на искажаните информации.
 
Последно уредено:
...пих, што се 20 вработени не доаѓале на работа, многу поголема бројка е и не е проблемот во отчукување на картичките дека тие не сакале да работаат, па другите ги криеле туку тоа било политички договор толку и толку души да им се исплати износ месечен како плата, без разлика каде тие се наоѓале (земале плата, а не биле ни присутни во државата), работеле или неработеле не било важно!
Цел систем е изграден на овој принцип: служи и на партијата, и добиј работа покриена од даноци. Ќе лепиш плакати, ќе ги браниш лидерите (без разлика дали е ВМРО, СДС, ДУИ) и ќе те вработат на државна сметка некаде каде што немора да се појавиш на работа, а некој друг ќе ја плаќа твојата некадарност. Државата се уништува, баш ради вакви анти-државни практики на партиите и ботовите кои зависат од нив. Ради вакви идиоти се вадат кредити кои идните генерации ќе ги плаќаат, се сели младината, ова е рак рана на Македонија како држава.
 
Цел систем е изграден на овој принцип: служи и на партијата, и добиј работа покриена од даноци. Ќе лепиш плакати, ќе ги браниш лидерите (без разлика дали е ВМРО, СДС, ДУИ) и ќе те вработат на државна сметка некаде каде што немора да се појавиш на работа, а некој друг ќе ја плаќа твојата некадарност. Државата се уништува, баш ради вакви анти-државни практики на партиите и ботовите кои зависат од нив. Ради вакви идиоти се вадат кредити кои идните генерации ќе ги плаќаат, се сели младината, ова е рак рана на Македонија како држава.
...не е во тој дел на партиски вработувања што ги набројуваш во лепење плакати, односно носење нови членови како најважна партиска работа, макар биле тие најголеми противници, важно да биде членството зголемено, тие вработени мораат да работаат не се тие повластените да не идат воопшто на работа.

... овие спомнатите кои со години не иделе на работа, а земале плата се чисто од албански етникум и тие се чисто од политички преспански договор, толку и толку ќе земале пари од државата секој месец како вработени, а тие ниту се појавиле воопшто на работни места, само фигурирале со име и презиме, да не се правиме наудрени, затоа треба да се прекине со тоа ,,Преспански договор" , било во воен конфликт и поминало, фунд!
 
... овие спомнатите кои со години не иделе на работа, а земале плата се чисто од албански етникум и тие се чисто од политички преспански договор, толку и толку ќе земале пари од државата секој месец како вработени, а тие ниту се појавиле воопшто на работни места, само фигурирале со име и презиме, да не се правиме наудрени, затоа треба да се прекине со тоа ,,Преспански договор" , било во воен конфликт и поминало, фунд!
По ова што гледам цела управувачка структура на Институт за Јавно Здравје се македонци, дури и кај одделенијата сите раководители се македонци. Ако некој со години не им доаѓал на работа, без разлика на етникум, нивна одговорност е да пријават, да покренат постапка и на крај краева, јавно да искочат ако некој не се појавува на работа а платен е од даночни обврзници (ќе биде супер да ги објават имињата на тие што не се појавиле). Значи овде има проблем и со раководители (одговорни за вработени), и оние што соучествуваат (куцаат картици за 200 евра) и оние што не се појавуваат (што се плаќани од џебот на граѓаните а не се појавуваат на работа): https://www.iph.mk/mk/home/upravuvackastruktura

Се разбира, овој проблем постои и кај албанските партии, и кај ромските, али постои и кај наши. Проблем е тоа дека партиите ја злоупотребуваат државата за да си обезбедат моќ и гласови за себе, најлесен начин да го направат тоа е да си ги вработат активистите и за возврат да добијат ботови, што е во интерес на партијата, али е на штета на државата. Тие што чесно си ја вршат работата се демотивирани од тоа што го гледаат. Тие што ги заслужуваат тие позиции не ги добиваат пошто се резервирани за партиски ботови кои или по примеров, не доаѓаат на работа, или не си ја познаваат областа во која се вработени. По мене, јавна администрација треба да се испразни комплетно и да се изгради со минимум број на луѓе, остатокот нека докажува вредност во приватниот сектор на кој и онака му требаат работници, каде си генерално награден за добра работа, и не си компензиран ако не додаваш вредност.
 
Back
На врв Bottom