Погоре пишавте неколку членови како со толкав буџет испаднавме од едно село, не е работата до селото, туку од начинот на раководењето со клубот и буџето, пример Елверсберг успеа град од околу 12 илјади жители да се пласира во скапата Бундес лига, да не зборам за шпанска примера каде еќипи од мали средини се дел од елитата да не ги набројувам. Значи треба прави луѓе на право место, луѓе шо знат да менаџират со парите, не овде гледам на табелата секоја стана фудбалски експерт и ај клуб ќе водиме или уште полошо за мене политички да не турни некој или ќе чекаме Башкими да го казнат па да останиме прва лига. НЕ, опасно е да си борчлија цел живот, како скпопјаните шо ќе си го имат Миравци за стално, кога испаднаја сезона 2011 мислам беше.
Ќе се навратам од каде се започна, пишавте погоре како не ни се верва дека испаднавме, мене некој во 90-тите да ме прашаше дека ќе испадниме во 2003 година ќе го напраев малоумен, абе да ми речеше дека воопшто тогаш ќе се бориме за опстанок ќе му се смеев влице, ама дојде и тој кошмар.
Откако замина Бутле со даогањето на првата гарнитура на ДПМНЕ во Битола се започна нормално како шо е ред (ова со иронија) со промени и во фудбалскиот и во ракометнио клуб, дојде Горан Невеновски шо за мене лично беше анонимус, особено за водење на фудбалски клуб, ок, власт се си викам ќе има битно финансии и така беше искрено, во клубот како технико за менаџирање беше покоен Ќирил Коцевски - Ќики, мислам дека така се викаше чоекот, беше мајстор на својот занает, ми имат кажвано разни анегдоти, со тоа шо како преговарал со играчите, а наинтерсна мие каде му рекол на Горан Невеновски (не сум сигурен дека е така) "ти само наогајми пари, јас ќе се погрижам за играчите", па дојде Виктор Треневски,го вративме Тони Мицевски, Ванчо, Ќирил Дојчиновски за тренер, Капинио, Грозданов, Елмазовски итн... па се освои купот 2001 прв за нас после поразите во двете финалиња и ситигнуваме до сезона 2002/2003 фамозниот 15 септември и некаде октомври , ноември и првите штрајкој во Пелистер, одредени фудбалери подбуцнати од структури на СДСМ почнаја со постапка за смена на Горан Невеновски, како немало плати, па не играме, се сеќавам требаше да играме со Брегалница Делчево, мислам не се ни одигра, па бевме казнети ако не се лажам, излезе Невеновски на прес конференција и ги извај сите плати на фудбалери кој колку зел премии, кој му бил договорот, како се исплатени и вика чим настојувате да бегам и замина и сега шо прајме кој ќе раководи, нема маж, имаше мислам предлог Митко Стојковски привремено решение ама не му прифати тогаш, па најдоја некој бизнисмен од Скопје пропалица, дали беше газда на Асиба не се се сеќавами и за првпат то го доживеав испаднавме од прва лига само поради политички игри и немање на визија како понатаму. Сите си заминаја остана само Пашето. Клубот го зеде и го одржуваше да не згасни Здравко од сендвичара Сонце (лесна му земја), на чоекот треба споменик да му напрајме, да не беше тој да го држи жив клубот, незнам ни дали ќе постоеше уште. Живуркавме така се до сезона 2006/2007 и оп се активираја Митко и Тони и заедно со Монголо со подршка од бугарски Литекс конечно мрднавме од мртвилото, се вративме прва лига и наредна сезона направивме респектабилен тим, со Миранда, Дејан Блажевски, вративме неколку наши деца и се пласиравме куп на Уефа против Апоел и пак јово на ново како шо си знат, си заминват сите, на сред сезона и клубот му го остават на Круме Волнаров и ајде тегнисе до Струмица на бараж против Шкендија ајде некако тепавме и останавме, после то пак Монгол, Тони, Митко VOL2 сезоната со Жуниор, бевме добри се до полу сезона, наредна сезона испаднавме, па ерата на Блашковци кога за малце ќе испадневме и трета лига па по некој чудни работи пак бевме прва лига и наредна го донесовме вториот трофеј во купот и пак си заминват и пак втора лига, да се крсти чоек, политики, лешинари околу клубот на секој чекор и ете да не тупам многу истото и сега истото и пак истото, никаков континуитет, кампањски, една сезона да се радва рајата и толку, уште 2008 требаше да има нов почеток кој досега ќе донесеше и титула ама толку е способноста ама големо влијаније има и политиката, а кога сме таму, ќе речам дека таа гарнитура на Грујо од ДПМНЕТО појма немаше од спорт, знајте појма, ниеден нема дојдено на фудбал и на ракомет, буквално не знаеја со кој играме , ако игравме пример со Сент Гален викаја со Швајцарија играме

Зато викам политиката надвор од спортот, шо побрзо то поубо за нас или да му се дај клубот на навивачите, па ако треба странец нека се најди како спортски менаџер, пошо очигледно не не бива.