Тешка победа вчера, очекувано, Киро ни излезе со отворен гард, без калкулации и во прво полувреме салам не поремети.
Пак се влезе во мечот со таа лоша самодоверба, несигурност во напад, особина шо не "красеше"цела сезона.
Ако не се повредеше Борзаш ќе беше многу заебано. ( се надевам дека не е сериозно со дечкото, многу коректен играч).
Во второ се стегна одбраната, со близнаците на 2 и 5 и се виде огромна разлика во одбраната од претходно кога на истите позиции бранеа Видомски и Фитиљо ( не се овие 2 ца за одбрана).
Според мене Фитиљо во одбрана треба да игра само на 6ка, и толку, или да се менва, тотално бескорисен ни е ако се троши на 5ка, а и не е дефанзивец шо можи да напрај притисок врз деснио бек како шо прај Петар, зошто е далеку побавен и понеспретен со бранењето на зоната од Петар.
Дечките се злато вредни, и очекувам во наредна сезона со старио да екслодираат, тој отсекогаш ги ценел играчите кои гинат во 2 правци, порано во хрватска репка ги форсираше Никша Калеб, Горан Шпрем, Дувњак од мали нозе го форсираше во репка, па после го ископа Давид Мандиќ,
Ако се работи правилно со оние деца ќе бидат далеку подобри и столб на одбраната, па ќе можиме со добри 3ка и 4ка, Ник и уште еден партнер за него, да даваме многу голој од брза транзиција, ретки се овие играчи шо вршат во 2 правци, кондиција имаат, храброст имаат и отпојќе, му фали само штеловање.
Се надевам дека Граховац ќе се врати спремен, не требаше да се чека со него, од та утакмица со ПСЖ не е истиот појќе, ако има потреба од операција нека оди шо побрзо, да се санира ко шо треба,заебана повреда е рамото.
Се надевам дека ова е последна сезона со ваков вид на напад, бавен, форсирање на пикери, чекање да пукни зоната или игра до крила, без шутеви од надвор.
Мора да се вратиме на старите корени.
Пелистер отсекогаш бил шутерска екипа, уште од времето на Пепи, Боро, Абдула во 80тите, па после Томе Петрески, Новокмет, Боро, Киро Лазаров итн, во 90тите.
Ако остани Фитиљо, со новите деца ќе имаме далеку попотентен шутерски арсенал.
Ник ќе си се врати во одбрана, кај шо му е местото.
Со новите шутери Татар и Мехмедовиќ мислам дека ќе добиеме многу во ротацијата, ако многу мрчат уште отсега, а ги немат видено децата. се сомневаат во нивниот потенцијал,
Посебно на онај вториот, и обичен лаик ќе види одма дека се работи за појќе од солиден шутер надвор од 9, лесен чекор има, не е тежок, можи сам да си напрај позиција, ако му отвораат простор Фитиљо, Котар, можи доста да се најди дечкото.
Не е среден бек онај, не знам зошто го претставија ко среден бек.
Се надевам дека ќе има уште едно име на среден и да се затвори ростерот.
Останва да се види шо ќе биди со Мирче и Хаџиќ, ама и да останат дечките не ми прај ќеф, оти не треба тие деца да се докажват со Тинекс Пролеќе и Куманово, така нема да добиеме играчи.
Мартин Серафимов е веќе докажан играч, се виде без него колку можат Алкалоид, очекувам многу од дечкото, лошо е само шо не е играч во 2 правци, ко Видомски, па ќе биди заебано да се ротираат, ќе видиме сега шо калибар ќе биди тој третиот десен бек, ваљда ќе биди некој различен тип на играч од Видомски и Мартин.
Ако остани Манасков, то ќе биди добро, дечкото е страшен играч, само му фали некој да му отвора позиции и добри агли да се крени.
Хакбарт е под знак прашалник, ама најверојатно ќе го задржат, по мое треба да се задржи, има ракомет во дечкото, само му фали малце појќе самодоверба.
Криво ми е за Чичо шо си бега, имаше то дете харизма

, можи требаше обратно да биди, Чичо да се задржи, Рудолф да го пуштат.
Голмани- Никуч, Нинџа, Брестовац
Леви крила- Петар и Цветан ( евентуално Деки)
Леви ЗУНАЈНИ
- Татар, Мехмедовиќ, Павле, Алем, Ник ( дефанзивец) ( Фитиљ)
Плеј- Котар, Мирче и (евентуално новиот БОМБАТА, не тој со сендвичите)
Десни бекОЈ- Серафимов. Анџеј ( новото дете)
Десни крила- Рудолф, Јаранот и Бели.
Пикери- Жаре, Самоил и Граховац
Стручен СТОЖЕР- Старио и Алексо

( мора да му се симни на дечкото капа, и на англиски ги наштелова овие звездите)

, ако му се даеше шанса уште во Декември можи друга песна ќе беше, ако скопјанец дечкото, покажа дека ја разбира тежината на клубот и менталитетот на рајата овде).
Не ми се верва да го тргнат и Ицо

, ќе видиме ( за другите не знам

)
Засега имаме 20 луѓе на лагер, со можност уште 4 ца да се ушлепат, Фитиљо, Деки и новите 2 ца на плеј и десен.
Шо значи дека ростерот можи да се прошири до 24 +, ама со оглед на то шо е долга сезона подобро нека има кандидати за аудицијата, па после да се прај филтерот.
Ќе се има време до Октомври да се наштелова екипата, досега имавме голем хендикеп шо на сам почеток на Септември имаше турбо ритам во ЛШ, пред то јаки турнири во Добој, СЕХА ЛИГА и слично, па тука издишваше екипата, слаба ротација на бек, потценвање на противниците, лоша самодоверба, сите претходни 3 сезони имавме редовни киксој во Септември и Октомври во домашното, сега ваљда одморни и спремни ќе влезиме во тој дел од сезоната.
Изгледа старио ќе ги прегори на припремите

, па ќе му треба одмор на екипата да се врати од шокот, допрва му е зимата на играчите.
