Криштопанс со Мешков на гости прв пат експлодираше, ако добро се сеќавам 7/7 шутираше на таа утакмица, мислам дека тој период се разбуди инатот во него поради целата ситуација во Вардар и играњето на сите играчи без плата, му одговараше и таа атмосфера во соблекувалната, која сериозно мислам дека е една од најјаките што било кој клуб од сите спортови може да се пофали дека ја имал некогаш.
Чудо низ што се поминавме таа сезона, клубот беше трн во око на тогашната власт, сакаа да го уништат како и се македонско, Самсоненко си ќутеше и појма немавме што ќе се случува со клубот, цела стартна постава ни замина летото, не знаевме ни дали ќе постоиме наредната година, пичките од МРТ не откупија пренос за Лига на шампиони, ДЕН ДЕНЕС СУМ УБЕДЕН ДЕКА ИМАА ТАКВА НАРЕДБА САМО ЗА ДА НЕ СЕ СЛУШААТ СКАНДИРАЊА НИКОГАШ СЕВЕРНА ВО ДИРЕКТЕН ПРЕНОС, за на крај да добијат полн плоштад со луѓе кои го скандираат истото.
Никогаш нема да го заборавам натпреварот со Пик Сегед дома, солзите на Дејан Милосављев, пресвртот со Барса и коментирањето на Сретен и Стеван од Арена, планина од емоции доживеавме таа година.
Еве и сега се наежив додека го пишувам постов, штета што после не се сними некој убав документарец за таа сезона и целата приказна за борбата на навивачите за спас на ФК Вардар, има многу материјал за такво нешто, би било убаво тие моменти да се зачуваат во траен спомен за идните генерации и да се паметат вечно.