Полека, кочи...
Хрватите влегоа во ЕУ преку измама, барем така вели Крешимир Мишак, кој е секако добро упатен во она кое го зборува.
Не ми е познато дека држава која влегла во ЕУ, излегла од ЕУ. Не ми ја споменувај В. Британија, која никад не беше во ЕУ.
Да, „нашата земјата„ е преплавена со увозни производи, куп некогашни наши фирми се приватизирани и така натаму...увезените производи не морам да ги купам, ама струја од „ЕВН„ морам да платам. Секако, не е моја кривица, ама сум принуден.
Тоа што Хрватите имаат своја храна е показател дека некој во нивната власт сепак бил доволно совесен и ја уредил политиката кон производство на домашна храна на добар начин, за разлика од нас, кои сме зависни од увоз на се‘, па и на храна.
Дали влегле на превара или не,моментов не е важно,битно се внатре. Како што знам Хрватите најдоа некои разговори каде Словенците притискале на некој суд при нивниот спор и после тоа не ја признаваат арбитражата.
Инаку приватизирани се и сите Хрватски фирми,како и сите фирми во земји со комунистички уредувања. Тоа нема никаква врска со успехот или неуспехот на домицилните компании.
Многу се релативизира членството во ЕУ. Баш за помалите економии ЕУ е супер работа.
Нуди можности за македонските фирми да пласираат производи на европски пазари. Би се заобиколиле многу тешки процедури кои ги имаме моментално за извоз и пласирање на македонски добра низ ЕУ.
Само Лидл што влезе на Македонскиот пазар (уште не отворен) направи извоз на мак производи во вредност од повеќе од 10милиони евра во нивните продавници надвор.
Како немора да ги купиш увезените производи? Македонската малопродажба е зависна од увоз. Утре ако нема увоз ќе поцркаме сите тука од глад буквално. Дефицитот на увоз/извоз расте секоја година се повеќе и повеќе. Тоа е убиство за економијата и домашниот производ.
Да каже некој дека ЕУ е убиство за мали земји/економии е тешко непознавање на основите на економија и бизнис светот.
Ние плаќаме поскапи производи од скоро сите ЕУ земји во категорија месо,и млеко/млечни производи.
Знаеш дека царината на свинско месо за увоз од ЕУ во Македонија е 30+%? Дека тие пари директно се влеваат у буџет на МК?
Ако ЕУ не е опција ок,ондак која е опцијата? Државава се распаѓа од внатре. Шипциве не јадат како рак од внатре. Нема економија,нема здравство,нема извоз,нема производство,нема образование,нема ништо.
Кој е предлогот? Каде? Со Кина,Бразил,Русија и Казакстан?