Јас ќе се вратам на темата малку, иако
@Aceso веќе убаво објасни!
@Емкаа како твоето дете би било исклучено и би му се смееле(?) ако никој на училиште не смее да пипне мобилен освен за итен случај!?
Тоа што незаинтересирани родители ќе им ги тупнат телефоните дома да бидат мирни е веќе друг муабет (и не треба да не замара!)
Ама доволно е да има двајца совесни родители у класот, за да не биде толку чудно и за останатите..
Па животот, т.е. Дарвин ќе се погрижи идиократијата да си остане идиократија, а паметните да се одвојат!
Ова зборам за деца до кај петто одделение..
Нагоре, веќе мајка-ќерка, татко-ќерка, син-мајка(иако ние машките сме позатворени па посебно у пубертет) со правилно изграден однос и доверба со родителот, и ограничен пристап до комуникациски мрежи некако и ќе избуткаат децата без инсти и тиктози!
И пред некој да ме прогласи за патријархон што со клетви го брани Вучич..
Јас сум имал гемче, чипичан, нинтендо, па и компјутер како голем (веќе на факс тоа)
И пак сум играл и зуски(џамлии за вас скупјаните), криенка, брканица, долга магарица.. и точак сум возел, и се!
Така да не сум против технологијата пер се, дури научно е докажано дека некои игри помагаат во развојот на мозокот!
Ама да се има усул, да биде социјална активност (заедно со братче/сестриче/мама/тато), одредени игри, еве нека е и плејстејшн 5 денес!
Не велам децата да ги вратиме у наше време!
Ама стрикно за социјални мрежи (и ретардирани ствари како тикток).. ехеее итекако и може и треба да се исфрлат од животот!