Ако одиме само по официјалните бројки, тогаш и епархијата има само 800 К буџет, а тие трошат небаре ПСЖ во најдобрите деној.

Плаќат не прашват.
Славчо се расфрла со пари

, дури има нека се арчат.

Не е реален тој буџет од 104 милиони денари, како шо не беше реален тој буџет шо го прикажваја изминатите години, на оние играчи на платен список.
Тие се само парите шо ги дават акционерите во клубот.
Плус парите од другите спонзори.
Сигурно ќе има нешто од ваучерите, мислам дека сега намалија, ама најмалку 200 К треба да има од тука.
Сезонските, реквизитите, од овде би требало да има најмалку уште 100 К( тука треба најпојќе да се подобрат, срамота е на толку стрејнџери шо гравитират и претрчват во летните месеци низ градот да не можиш ти пари да извлечиш)
Парите од наградата од ЕХФ, не би требало да влегва во некој буџет, оти тие пари се веќе потрошени однапред, за подготвки на натпревари, патувања и слично.
Значи сума сумарум, идиме до некоја солидна сума од над 2.5 милиони евра за првиот тим, шо не е лоша бројка и можи доста да се напрај со овај буџет, само некој треба тактички да ги фрли картите.
Ваљда ќе се опаметат сега, и нема да се фрлат пари како досега, на прескапо платени играчи шо нема да вратат никаков фидбек, ниту кон играта, уште појќе со тимскиот дух.
Ако не заигра ременот ова сезона со старио, ништо не прајме, вервам во него, мислам дека ако ништо друго ќе воведи некој ред и систем шо ни фалеше.
Мора играчите да научат дека никој не можи и не смеј да биди над клубот.
П.С.
Утре со епархијата, директен дуел за второ место и пласман во ЛЕ.
Во многу лош тајминг иди утакмицата.
Плус, не требаше да му прифаќат да се игра пред редовното коло, дупи ги таму, чекај ги нека играт сред недела, ко шо ни праеја нас во ЛШ.
Ми текнува на времето ко игравме Челинџ Куп, 2002, па намерно ни ги клаваја утакмиците во вторник, четврток, меѓу двете утакмици, секој втор ден игравме, од авион на утакмица, и на крај на сезона, наместо 3 титули прегореа децата и си еба матер сезоната, а бевме први во регуларен дел од првенство.
Ај сиктер таму, не знам шо толку глумат фини со сите, а сите сакат сандакот да ни го турнат.
Тие се одморни, кај нас добар дел од екипата играше за репката, плус Видомски изигра цел двомеч со Австрија, Тајник имаше солидна минутажа со Црна Гора.
Не ни одговара нивниот стил на игра, агресивна и добро подвижна 6-0 зона, јак голман имат, ко шо сме без шутери не сум воопшто оптимист.
Само некоја луда партија на голманите и голој од брза транзиција, да ги штедиме силите за одбрана, би ни бркале работа, плус важен фактор судиите.,
Ако немаме барем 60-40 % судење ( за епархијата нормално), многу тешко, а досеа со нив судењето беше очајно лошо, на наша штета/
Ако се успеј некоја серија да се напрај, па да го префрлиме притисокот кај нив, тука е шансата.
Иначе ако одиме како досега, со бавни напади и технички грешки, грото на наша страна, ништо не прајме.