Ограничувања на пристапот на децата до социјалните мрежи (Петиција на актерката Весна Петрушевска)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за ограничувања на пристапот на децата до социјалните мрежи

  • Да

    Гласови: 18 56,3%
  • Не

    Гласови: 8 25,0%
  • Нема да има ефект од ова

    Гласови: 6 18,8%

  • Вкупно гласачи
    32
Толку е тешко?!
Нема тел и готово. Генерации израснавме без телефони па ништо не ни фалеше.
На школо смарт-вач за да имаш каква таква контрола и начин на комуникација.

Е да. Тоа ќе значи дека и мамичка и татичко дома нема да смеат да дремат на телефоните.. ама јбг, детето е поважно!
А како ќе го регулираш тоа да нема телефони?
Ќе немаат сите или само децата на родителите кои нема да потпаднат под притисок? Пошто подеднакво е лошо кога само едно дете во цел клас пример, нема телефон. Тогаш е изоставено од дружби, најчесто и предмет на потсмев.

Така што родителите ќе се вклучат поактивно во животот на своите деца, а не само да им даваат се и сешто за мир во куќа.
Мир во куќа се знаеше порано, ако не слушаш игра ќотекот и тоа беше мир во куќа. Дали и какви последици имало тоа по нашиот развој, никој не застанал да размисли.
Сега самото повишување на тон те прави да се чувствуваш како да си потфрлил. Се читаат книги за родителство, се анализира секој потег, како го афектира детето. Така да од тој аспект, не мислам дека оваа генерација родители се "исклучени" од животот на децата.
Тоа што некогаш ќе видите дете како седи пред телефон во ресторан или кафич, не значи дека е константно така.
 
А како ќе го регулираш тоа да нема телефони?
Ќе немаат сите или само децата на родителите кои нема да потпаднат под притисок? Пошто подеднакво е лошо кога само едно дете во цел клас пример, нема телефон. Тогаш е изоставено од дружби, најчесто и предмет на потсмев.

Мир во куќа се знаеше порано, ако не слушаш игра ќотекот и тоа беше мир во куќа. Дали и какви последици имало тоа по нашиот развој, никој не застанал да размисли.
Сега самото повишување на тон те прави да се чувствуваш како да си потфрлил. Се читаат книги за родителство, се анализира секој потег, како го афектира детето. Така да од тој аспект, не мислам дека оваа генерација родители се "исклучени" од животот на децата.
Тоа што некогаш ќе видите дете како седи пред телефон во ресторан или кафич, не значи дека е константно така.
За коју возраст збориш?
Тодлери имаф ск телефон, значи само заради мир у куќу.
Да не им се замара на родители воспоставување на ред и дисциплину, фино лепо екранче пред неразвиени очи.
Оптике терљаф руке.

А ако е школска возраст, ондак океј нека имаф телефони, ама само за ало ало, без да имаф никакфу социјалну мрежу.

И според тебе океј ли е да дете да седи на телефон или кафиќ, макар и едн пут у живот. Сама си призна дека и ти си дел од тија мајке што си праиф кафе муабет сс другарке док дете дреме на телефон сс глупи шарени видеа сс преглупи звуци.
Па ск се вадиш не било константно хаха.
 
За мали деца до пубертет апсолутно неважно! И онака само дремат на ЈТ, тикток и слични срања..

Во пубертет кога веќе почнуваат соц.мрежите, сликите, групите, пишувањето...
Мислам дека добро воспитано дете што дотогаш издржало без телефон, ќе знае да си одбере другари/ки.

И не мора вечно да биде без телефон до 18год, не ме вади од контекст.
Ако родителот има доволно памет и љубов.. да го припази од соц.мрежите и екранизмот не е невозможна мисија!
 
Активна вклученост во животот на детето не значи насилство и ќотек. Тоа што порано мирот се купувал со страв, не е референца за добро родителство.

Друго, воопшто не се согласувам дека денешните родители се чувствуваат виновни ако повишат тон или пак дека децата ќе си ја сфатат грешката, ако родителот им повиши тон (ако алудираше на тоа). Реалноста е дека масовно се урла и се вика по децата, а тие веќе имаат развиено имунитет и рецка не им маваат на своите родители. Тоа што некои читаат книги за родителство не ја отсликува општата слика. Добар дел од родителите се и те како исклучени, а телефонот во ресторан (и дома) најчесто е најлесниот начин да се купи мир, наместо да се потроши квалитетно време со детето.
 
Миленијалциве некако се најлоши родители до сега. Распашана банда и родителите и децата.
 
Колко и да те дупимо за детску и дека још си сс тфои на 40 годинке, од другу страну па супер е што не се размножуеф тија како тебе.
 
играш со децата, те гледаат како некое другарче што го зезаат него како авторитет.
 
Мисли си.
Само днска колко работе су научиле од мене и колко убаф провод у слободан дн сам ги пружија, ти толко не си прошја за целу годину у тфоју детску сс печеницу и купување на мајцу сс тфои у Ваикики.
 
Што им фали на маиците од Ваикики? :kafence:
 
За коју возраст збориш?
Тодлери имаф ск телефон, значи само заради мир у куќу.
Да не им се замара на родители воспоставување на ред и дисциплину, фино лепо екранче пред неразвиени очи.
Оптике терљаф руке.

А ако е школска возраст, ондак океј нека имаф телефони, ама само за ало ало, без да имаф никакфу социјалну мрежу.

И според тебе океј ли е да дете да седи на телефон или кафиќ, макар и едн пут у живот. Сама си призна дека и ти си дел од тија мајке што си праиф кафе муабет сс другарке док дете дреме на телефон сс глупи шарени видеа сс преглупи звуци.
Па ск се вадиш не било константно хаха.
Да, според мене е ок час/два во неделата детето да помине пред екран. Дали тоа ќе биде во кафич или дома, тоа е одлука на родителот.
Не е во ред дете од 8 години да има сопствен телефон со неограничен пристап.

За мали деца до пубертет апсолутно неважно! И онака само дремат на ЈТ, тикток и слични срања..

Во пубертет кога веќе почнуваат соц.мрежите, сликите, групите, пишувањето...
Мислам дека добро воспитано дете што дотогаш издржало без телефон, ќе знае да си одбере другари/ки.

И не мора вечно да биде без телефон до 18год, не ме вади од контекст.
Ако родителот има доволно памет и љубов.. да го припази од соц.мрежите и екранизмот не е невозможна мисија!
За мали деца не треба уопште телефон, би рекла до кај 12 години нема потреба!
Но мене прашањето ми е кој е тој што ќе одлучи дека ете, пред 12 нема никој да има телефон. Секогаш имаш некоја петарда која смета дека телефонот е статусен симбол, и ќе купи најнов телефон на 8годишно дете. И сите следат како слепи за стап. Децата кои нема да поседуваат телефон ќе бидат скроз исклучени од сите интеракции, впрочем денес и не е невообичаено да седат едни до други, а да се допишуваат. Они не комуницираат вербално повеќе.
И тука веќе се ствара притисок и кај децата, и кај родителите. Никој не сака детето да му е предмет на исмев и да биде отсечено.
Затоа и мора некаква регулација, не може некои работи да се оставаат на индивидуална свест.
Активна вклученост во животот на детето не значи насилство и ќотек. Тоа што порано мирот се купувал со страв, не е референца за добро родителство.

Друго, воопшто не се согласувам дека денешните родители се чувствуваат виновни ако повишат тон или пак дека децата ќе си ја сфатат грешката, ако родителот им повиши тон (ако алудираше на тоа). Реалноста е дека масовно се урла и се вика по децата, а тие веќе имаат развиено имунитет и рецка не им маваат на своите родители. Тоа што некои читаат книги за родителство не ја отсликува општата слика. Добар дел од родителите се и те како исклучени, а телефонот во ресторан (и дома) најчесто е најлесниот начин да се купи мир, наместо да се потроши квалитетно време со детето.
Мене поентата ми е дека тој час во ресторан, во кој детето седи пред телефон, не мора да значи дека детето така расте константно. Ти гледаш еден снапшот од 24/7 улога и врз основа на тоа се носат заклучоци.
Пример нас дома телевизорот ни е исклучен константно. Возиме коли, играме со коцки, читаме книги, објаснуваме зошто облаците се бели а небото сино. Се заигрува и сам, според мене треба да му е досадно за да развие имагинација. Не пружам 100% занимација. Но, истовремено, 80% од времето сме надвор, со активности во кои учествуваме сите заедно. Возиме точак, играме фудбал, одиме на прошетки, на планинарење, играме по детски паркови итн. Нас цело слободно време ни е посветено на детето, дури некогаш си мислам и премногу.
Јас кога растев, не се сеќавам родителите мои да играа со мене. Ни надвор, ни внатре. Не сме возеле точаци заедно, не сме имале фамилјарни активности, не сме цртале заедно, никој не ми читал книги. Динамиката на животот не се одредуваше според децата, баш напротив. Ќе одевме на гости, ќе се заседеа нашите до 11-12, небитно дали тебе ти се спие. Легни на подот и дреми додека твоите ја опораваат државата.
Сега дружби се договараат преку ден, за секој да е дома кога е време за спиење на детето.
Во тој поглед мислам дека и те како не се исклучени денешните родители.
 
Јас кога растев, не се сеќавам родителите мои да играа со мене. Ни надвор, ни внатре. Не сме возеле точаци заедно, не сме имале фамилјарни активности, не сме цртале заедно, никој не ми читал книги.
Искрено познава се.

И да, жал ми е за тебе и тфои деца.
 
Да, според мене е ок час/два во неделата детето да помине пред екран. Дали тоа ќе биде во кафич или дома, тоа е одлука на родителот.
Не е во ред дете од 8 години да има сопствен телефон со неограничен пристап.

За мали деца не треба уопште телефон, би рекла до кај 12 години нема потреба!
Но мене прашањето ми е кој е тој што ќе одлучи дека ете, пред 12 нема никој да има телефон. Секогаш имаш некоја петарда која смета дека телефонот е статусен симбол, и ќе купи најнов телефон на 8годишно дете. И сите следат како слепи за стап. Децата кои нема да поседуваат телефон ќе бидат скроз исклучени од сите интеракции, впрочем денес и не е невообичаено да седат едни до други, а да се допишуваат. Они не комуницираат вербално повеќе.
И тука веќе се ствара притисок и кај децата, и кај родителите. Никој не сака детето да му е предмет на исмев и да биде отсечено.
Затоа и мора некаква регулација, не може некои работи да се оставаат на индивидуална свест.

Мене поентата ми е дека тој час во ресторан, во кој детето седи пред телефон, не мора да значи дека детето така расте константно. Ти гледаш еден снапшот од 24/7 улога и врз основа на тоа се носат заклучоци.
Пример нас дома телевизорот ни е исклучен константно. Возиме коли, играме со коцки, читаме книги, објаснуваме зошто облаците се бели а небото сино. Се заигрува и сам, според мене треба да му е досадно за да развие имагинација. Не пружам 100% занимација. Но, истовремено, 80% од времето сме надвор, со активности во кои учествуваме сите заедно. Возиме точак, играме фудбал, одиме на прошетки, на планинарење, играме по детски паркови итн. Нас цело слободно време ни е посветено на детето, дури некогаш си мислам и премногу.
Јас кога растев, не се сеќавам родителите мои да играа со мене. Ни надвор, ни внатре. Не сме возеле точаци заедно, не сме имале фамилјарни активности, не сме цртале заедно, никој не ми читал книги. Динамиката на животот не се одредуваше според децата, баш напротив. Ќе одевме на гости, ќе се заседеа нашите до 11-12, небитно дали тебе ти се спие. Легни на подот и дреми додека твоите ја опораваат државата.
Сега дружби се договараат преку ден, за секој да е дома кога е време за спиење на детето.
Во тој поглед мислам дека и те како не се исклучени денешните родители.
Ама не судам врз основа на тие 45 минути во кои родителот му го лупнач телфонот на детето во кафич за на раат да си го испие кафето. Апсолутно не, тоа е сосем човечки, сите сме луѓе и никој нормален не суди родителство врз основа на еден таков момент.

Мојата поента е многу подлабока и се однесува на нешто што ете и ти самата го спомна во пораката: “Треба да му е досадно за да развие имагинација”.
Тука е и клучната разлика меѓу нашето детство и ова на денешните деца. Кога нашите родители не исклучуваа од нивното внимание за да си тераат нивни муабети, нас не оставаа во физичкиот свет. Не оставаа да ни биде досадно. И од таа досада ние моравме да измислиме игра, дали со коцки, дали со камчиња, џамлии, кукли, колички whatever. Сами си го градевме фокусот и креативноста.

Денес, кога еден родител константно го исклучува детето и му дава екран (не зборам за тебе, зборам за генералниот тренд), тоа дете не го остава во досада. Интернетот и алгоритмите не дозволуваат да ти биде досадно. Тие му нудат на детето инстант допамин на секои три секунди преку брзи видеа. Детето не мора да ја развие имагинацијата, затоа што апликацијата завршила се наместо него. Така се уништува детскиот фокус, трпение и капацитет за учење.

Затоа, кога велам дека законите и забраните се џабе ако нема суштинска родителска одговорност, мислам токму на ова. Интернетот не е обична играчка со која детето можеш да го оставиш само. Тој е дизајниран да создава зависност кај возрасни, а па камоли кај деца.

Супер е што вие успевате да го држите тој баланс со природа и спорт, но реалноста околу нас е поинаква.
 
Back
На врв Bottom