Ограничувања на пристапот на децата до социјалните мрежи (Петиција на актерката Весна Петрушевска)

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за ограничувања на пристапот на децата до социјалните мрежи

  • Да

    Гласови: 18 56,3%
  • Не

    Гласови: 8 25,0%
  • Нема да има ефект од ова

    Гласови: 6 18,8%

  • Вкупно гласачи
    32
Член од
15 јули 2007
Мислења
17.585
Поени од реакции
9.444
Возраст
35
Не знам дали оваа тема е за овде но ако сметаат админите и модераторите дека не е за тука нека се премести каде е соодветно.

Што мислите дали оваа петиција може да биде одобрена, да се примени законот?
 
Во нашава т.н. демократија, постои законски основ по кој „граѓаните„ можат да се здружуваат и да истераат некое свое влијание и интерес врз законската регулатива.

Е сега...пошто живееме во тешка вукојебина, прашање е дали истото може да се реализира. Да не кобам...

Само да се потсетиме; токму законодавецот е шампион во кршењето на уставот и законите.

Ја паметите „онаа„ славната комуњарска: „Некои прашања не заслужуваат одговор„.

Просто кажано, законодавецот е прилично глув кон гласот од народот.
 
Проблемот со ова е што мора да бидеш идентификуван за да пристапиш на интернет, а тоа се коси со приватноста на луѓето.
Всушност затоа и се пропагира од западот, труизам е дека сите луѓе сакаат децата да бидат заштитени и кој неќе е лош, арно ама, не е тоа примарната цел на оваа пропаганда. Целта е да се воведе идентификација со лична карта при користење на интернетот.

Исто така е проблем што неписмен социјалиситчки добиток очекува државата да им се грижи за и да им ги воспитува децата, што не е и не треба да биде работа на државата, туку на семејството, т.е. на родителите. Ама нив ги мрзи да бидат родители и немаат капацитет за одговорност, па ајде некој „од горе“ треба да среди некако...
Истово го прават за било кој проблем со кој што ќе се соочат во животот.

Сакаш детето да не ти седи на телефон, не треба закон за идентификација на сите туку земи му го телефонот.
Сакаш детето да не ти се отепа со тротинет, не треба закон за забрана на тротинети туку не му купувај тротинет додека не порасне...
И посвети време и внимание научи го како треба.

Ама не, тоа е тешко и сега треба да слушаме општествени нарцисоиди како треба да живееме, тие се нашите бенефактори.

Ебате чопорот ебате.
 
Џабе се сите забрани и закони ако не се реши суштинскиот проблем. Технологијата е само алатка, а проблемот е кај тие што ја даваат во раце без контрола. Мислам дека фокусот треба да биде на тоа кој се денес станува родител и каква одговорност носи тоа, а не само како да се ограничи интернетот.
 
Јас не би се сложил дека до толку е до родителите проблемот. Да треба да ги воспитуваат родителите и да им посфетат внамание на децат но пак е до детето како ќе постапува во својот живот.

Може дома да те воспитаат најдобро ама ти кога ќе излезеш од дома твојте родители не седат до тебе да знаат ти што правиш и како се однесуваш со твојте врсници.

Исто така има и семејства со по две деца. Семејството е најнормално фино но едното дете е мирно бубаче најдобро однесување има а другото тежок случај се тепа и е агресивно во друштвото.
 
Последно уредено:
Џабе се сите забрани и закони ако не се реши суштинскиот проблем. Технологијата е само алатка, а проблемот е кај тие што ја даваат во раце без контрола. Мислам дека фокусот треба да биде на тоа кој се денес станува родител и каква одговорност носи тоа, а не само како да се ограничи интернетот.

Како ја замислуваш таа контрола од страна на родителите?
 
Како ја замислуваш таа контрола од страна на родителите?
Толку е тешко?!
Нема тел и готово. Генерации израснавме без телефони па ништо не ни фалеше.
На школо смарт-вач за да имаш каква таква контрола и начин на комуникација.

Е да. Тоа ќе значи дека и мамичка и татичко дома нема да смеат да дремат на телефоните.. ама јбг, детето е поважно!
 
Како ја замислуваш таа контрола од страна на родителите?
Така што родителите ќе се вклучат поактивно во животот на своите деца, а не само да им даваат се и сешто за мир во куќа.
 
Така што родителите ќе се вклучат поактивно во животот на своите деца, а не само да им даваат се и сешто за мир во куќа.
Труеф ги сс екрани, за да они на раат си пиеф кафенце и штракаф инста.
Не су сфи за да бидеф родители.

Ја ск повише се играм сс играчке сс мои лудаци, него ја кд сам бија мал.
 
Гасење на социјални медиуми после 20:00 за сите, не само за децата.
 
Back
На врв Bottom