И алкохолот расипува животи, цигарите го уништуваат здравјето, тука влегува и брзата храна, веќе ако се навлегуваме во анализа на штетата на продуктот која ја прави по поединецот или заедницата.
Имаш право на регулатива, ко што ги регулираш нотарите, нека биде една кладилница на Х жители, меѓутоа инкасираат средства во буџетот и креираат работни места. Тоа им е големиот плус. Тука ги рачувам и кладилниците затоа што и ситната коцка за 20че или 50че е коцка. Башка тоа што им носат пари и нашите медиуми, пишани и електронски. Што значи индиректно учество во задржување на вработеноста, плус помагаат во туризмот (пр. Гевгелија). Со помош на нивните средства помагаат при хранењето на администрацијата и исплатата на пензиите. Поради ова сме парализирана држава, имаме се помалку работоспособно население како резултат на иселувањето, соодносот помеѓу вработените и пензионерите опаѓа, што значи се помалку и помалку вработени "издржуваат" еден пензионер. Тука креираш проблем во пензискиот фонд. Мораме да бараме начин да креираме работно место во приватниот сектор со кое ќе се помогне во фондот.
Се согласувам дека коцката е завист, порок, морален недостаток, меѓутоа не сме дојдени до тој стадиум каде можеме комотно да ги затвориме и тој изгубен капитал да го најдеме во друг сектор, а креираните работни места, кои ќе бидат изгубени, да ги трансферираме во некое друго поле.
Башка тоа, таму работи простата работна сила, знаат неколку механички работи, пред се во кладилниците, кои претежно се млади лица или студенти, а на овие работници им треба нешто повеќе време повторно да најдат стабилно и соодветно работно место.
Дефинитивно имаат многу минуси, ама поради тие неколку плусови државата не може да пристапи кон толку радикален чекор.