Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.863
- Поени од реакции
- 8.282
ДЕМАРШ ОД МНР ЗА БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР Остра реакција за „северномакедонски“ на Петрова Чамова
Министерката за надворешни работи на Бугарија, Весислава Петрова Чамоваво својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, велат од МНР.
Денеска во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија беше повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Бугарија, Жељазко Радуков, брифираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за Плусинфо.
На нашето прашање каква реакција му е упатена на бугарскиот амбасадор, од МНР одговорија:
– На средбата му беше упатен усен демарш во врска со несоодветното адресирање од страна на министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Весислава Петрова Чамова, која во својата вчерашна изјава за време на Советот на министри за надворешни работи на Европската Унија употреби несоодветна и неправилна придавка изведена од името на нашата држава, користејќи го изразот „северномакедонски партнери.
Москва филм во копродукција со Шангај филм ја претставува новата сезона на Под прикритие со Руменчо Радев во главна улога. Колеги од Македонија се јавуваат во разни споредни улоги

Последно уредено:
