Klin
Колце
- Член од
- 6 јануари 2014
- Мислења
- 4.805
- Поени од реакции
- 8.241
„Она што власта го нарекува развој, всушност е планско уништување на државната енергетика“: Професорот Трајковски за Унгарците и нивната регистрирана фирма во Македонија
Професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, вели дека регистрацијата на нова компанија во македонија посредно основана од унгарскиот гигант МОЛ, е завршен удар за државниот енергетски сектор.
„Илузијата на енергетските инвестиции и крахот на ЕСМ
Вчерашната регистрација на нова компанија во Македонија, посредно основана од унгарскиот гигант МОЛ, со цел изградба на најголемата гасна електрана во земјава, е само уште еден, можеби завршен удар за државниот енергетски сектор. Ова доаѓа по минатогодишното потпишување на писмото за намери со турската групација „Казанџи Груп“, исто така за изградба на приватна гасна централа. Срамно е што македонската влада упорно и систематски се откажува од државната енергетика, сервирајќи го целиот домашен пазар на тацна на странски компании за нивно енормно богатење.
Наместо државата преку АД ЕСМ да биде носител на енергетската транзиција и да ги користи профитите за нови инвестиции и заштита на стандардот на граѓаните, таа го прави токму спротивното, односно ги отвора вратите за создавање приватни монополи. Најстрашно од сè е што ова ни го прикажуваат како голем успех и некакви божемни сопствени инвестиции во енергетиката. Во реалноста, ова не се инвестиции ЗА државата, туку инвестиции ВО државата за туѓи интереси. Секој киловат-час произведен од овие централи ќе значи одлив на профитот надвор од земјата, наместо тие пари да останат во државниот буџет.
Она што власта го нарекува развој, всушност е планско уништување на државната енергетика. Преку фаворизирање на странски приватни компании, државните капацитети се маргинализираат и туркаат во стечај. Додека соседните земји се борат да ја зајакнат сопствената енергетска сигурност преку државни проекти, кај нас свесно се создава зависност од приватни инвеститори кои ќе ги диктираат цените според берзанските движења, без никаква можност за амортизирање на ценовните шокови. Уште полошо, државата ќе мора од буџетот, преку задолжување, да ја субвенционира цената на електричната енергија за граѓаните, гарантирајќи им астрономски високи профити на странските компании. Вакви штеточини оваа држава не видела од формирањето.
На Македонија полека и истекува времето поради преземените обврски за затворање на електраните на јаглен. Но, тоа не значи дека има пари за фрлање заради задоволување на туѓи бизнис-интереси. Оваа кратковида политика ќе ја плаќаат идните генерации преку поскапа струја и тотална несигурност на мрежата, бидејќи контролата врз снабдувањето веќе нема да биде во рацете на државата, туку во рацете на бордовите на директори во Будимпешта или Истанбул“, пишува тој.
1:10 колку произведуваме колку недостасува и колку купуваме струја.
2:24 колку пари даваме за увоз на електрична енергија
3:30 како се доведовме до ваква ситуација
5:33 РЕК Битола7:52 Иднина на РЕК Битола (гасни централи)
11:27 Време на изградбата на гасни централи
11:40 колку гасни централи се потребни
12:14 адаптација ТЕ со гасни електрани
13:48 обновливи извори (хидро централи)
17:23 зошто до сега не се изградени Чебрен и Галиште и што би било кога би се изградиле
26:35 пругата и Вардарска долина
27:16 неисплатливост на пругата
29:04 за колку време би се изградила вардарска долина и за колку време би се исплатил
30:51 грешки во електростопанството во 2012
31:58 енергетската иднина на Македонија
35:03 анализи на исплатливост
Лапаат сите од увозот на струја

Последно уредено:

