Кога се во прашање домашни играчи, на нас не ни е проблем потписот на играчот, туку транзицијата негова од просечен ракометар за Суперлига до квалитетен играч за во Европа, едноставно низ годините нашите амбиции не ни дозволуваат да даваме поголема минутажа на млади играчи кои им треба време за развивање, затоа и во последните 10 години освен Лазаревски сите останати домашни играчи што сме ги потпишале или префрлиле од младиски во прв тим ниту еден не напредуваше ни милиметар и имаа само епизодни улоги (Карапалевски, Кукуловски, Ќосевски, Атанасовски, Крстевски, Димитриоски, Савревски, сега Стаменковиќ, Стојановски...) многу веројатно истата судбина ги чека Нечовски и Поповски во иднина.
Многу луѓе имаат заборавено и дека Игор Ѓорѓиев беше во младинските категории на Вардар, тој период беше трет среден бек во младинската репрезентација, а пред него играа Карапалевски и Џигероски, подоцна кога отиде во КЛ7 напредуваше и оправдано стигна до сениорска репрезентација, доколку останеше кај нас тешко дека некогаш ќе стигнеше и до поширокиот список.
И за браќата Митеви, Серафимов, Стојковиќ, Галевски, Карасманакис и компанија важи горе - доле истото, не дека не можевме да ги собереме пред неколку години кога Алкалоид сеуште не постоеше, туку проблемот е што сите до еден ќе завршеа како гореспоменатите.
Со сличен проблем како нас се соочи и Пелистер кога почнаа да играат Лига на шампиони, претходно ги форсираа близнаците, Кизиќ, Костески, Цветан и тој период сите имаа некој напредок, сега истите имаат многу мала минутажа или некои си заминаа од клубот, новите што тропаат на вратата како на пример Калајџиевски или Белистојановски не добиваат шанса.
Македонските ракометари кои можат да играат квалитетни натпревари во Лига на шампиони за жал се бројат на прсти од една рака и во моментов тешко кого од нив може да потпише Вардар, а за развивање на ракометари не може да се надеваме додека се бориме за титула и играме такви натпреварувања.
Затоа за нас како клуб ќе биде најпаметно да го практикуваме тоа што го спомна
@Chronysync на претходната страна, потпишување со повеќе млади ракометари и подоцна позајмници во клубови каде што ќе имаат минутажа, нешто слично со години прави Келце на многу посериозно ниво.
Би било идеално преку Столе со Бутел да направиме некоја врска која ќе функционира со години, каде со ваков начин на работа двете екипи ќе имаат придобивки.