После се изгледа Лино ќе биде нов тренер на Пелистер, според мене или ќе ги оправи или целосно ќе ги потоне (повеќе мислам ќе биде второто

)
Ситуација која е доста слична како моментално во фудбалот со приказната Реал Мадрид и Мурињо.
Носат контроверзен тренер во поодминати години со застарени методи на работа кој низ цела тренерска кариера се движи по некоја жица каде е прогласуван од најголема превара до најдобар, сега ќе има задача да гаси пожар во соблекувална, како ќе се снајде во новата улога ни најголемите експерти не можат да предвидат, сите сценарија се во игра.
Без разлика какви резултати ќе има, сигурно стариот ќе даде уште некој поубав и зачинет шмек на дербито и генерално на целото првенство.
Ќе биде интересно да се гледа Лино против Чупиќ и Кире, натпревари со многу тензија во кои нашите домашни играчи можат само да учат и напредуваат.
Вчера баш гледав подкаст со Миркуловски, кажуваше дека никогаш и никаде во кариерата не почуствувал таков притисок и набој како во дербињата против Вардар и дека на тие натпревари се станува вистински играч.
Кога тоа го изјавува некој што скоро 10 години има искуство во Бундеслига и претходно во Лига на шампиони, сигурно има голема тежина.
Исто така ако прашаме постари Комити, сите ќе кажат дека најјаки им биле тие натревари за навивање против Металург во време на Лино.
Нека го официјализираат стариот во Битола и наредна сезона да се крене ривалството со Чкембари и целото првенство на уште повисоко ниво, цел Балкан и свет да ни подзавиди.