Мене најпоразително за нив ми е кога ќе прочитам некој коментар УПРАВА ЗАМИНВАЈ!
Управата што го врати клубот на прилично респектабилно ниво, после 18 години им донесе трофеј во Битола, три во серија, голем дел репрезентативнци во екипата, дерби со Вардар, Лига на шампиони...
Како пред нив да им беше подобро, дупка повеќе од 15 години каде играа дербиња со Прилеп, Радовиш и ЕУРОФАРМ РАБОТНИК, успех беше ако завршат на четврто место за да обезбедат настап во тогашен Челинџ куп каде испаѓаа во прво коло од некоја рандом екипа од Луксембург.
Екипата им беше составена од шесторазредни Срби и Хрвати што ги наоѓаа преку јутјуб видеа, по некој просечен домашен играч за Суперлига како Везенковски или Маџовски, главни ѕвезди во екипата Васко Димитровски Папата и Дрогришки, алфа и омега во клубот НИКОЛА ПИСКАЧЕВ.
Плата еднаш во три месеци, дресови стари шест години, хајлајт на сезоната им беше кога на пролет во плејофот ќе дојде Вардар во Битола, цела сала се симнуваа на терен да се сликаат со играчите и да бараат автограми, со цвеќиња и поклони ги пречекуваа.
Наместо да имаат респект кон Стерјеви кои го кренаа клубот за 100 нивоа погоре, тие бараат да заминат после една неуспешна ....