Еве и да тргнеме на страна тоа што сечените го кажале, има многу други работи кои се за дискусија
Иначе да, не можам да тврдам дека Груев е тој, немаме докази за тоа
Но се сомневам, прво поради тоа што излага од затвор прерано иако е еден од луѓето кои биле позиционирани во самиот врв на организацијата и претставува закана за Османлиите.
Општа амнестија не е баш некој веродостоен одговор.
Кој се тие од организацијата што реагирале и како они доаѓаат до тоа да дејствуваат кај Османлиите?
Зошто е преместен во друг затвор?
Зошто форсирал востание иако знаел како и Гоце дека не се спремни за истото?
На кој му одговарало таков епилог на настаните?
Сигурно не на нашиот народ
Не се работи за игнорирање туку имав работа.
Инаку да се вратиме на суштината во дискусијава, значи немој да ја прошируваш туку држи се до оние работи за кои изнесов мислење а не за проекции кои сега ги поставуваш и ќе не одведеш преку бара а нема ништо да утврдиме.
Да расчистиме околу изнесените тези од моја страна останувам на истите, а твојот коментар ниту една не побива.
За да ја потврдиш својата теза (веќе реков не вервам дека се работи за тврдење) сега вметнуваш тоа што предвремено излегол и бил закана за Османлиите, ако така гледаш на работите тогаш да, но ти не се ни обидуваш да изнесеш некојаргумент зошто предвремено е пуштен туку тој податок го земаш како готов и си го вметнуеш во својата аргументација, не е во ред.
Каде јас спомнавопшта амнестија, мислам дека тоа некој друг го напишал а јас не сум запознаен па нема ништо да коментирам, освен дека амнестијата е или би требало да биде законска материја или барем оној кој има право на декрети со законска моќ.
Од каде би знаел кои се тие што реагирале, не сум историчар,.. ме интересира па читуцкам ваму таму ама не изнесувам тврдења ако не ги проверам барем 3-4 пати.
Повторно не би знаел зошто е преместен, ти знаеш зошто е преместен?
Околу воставнието кога би живеел тогаш јас првиот би бил за востание вчера ане за одложување, претпоставувам едноставно така гледал на нештата, ги сметал за потребни. Еве на пример со враќањето на името јас сум истото да се врати ВЧЕРА без оглед на било какви последици од таквиот чекор затоа што сметам дека секоја генерација воспитувана во духот на северџганството е крај за Македонците-Македонија.
Ако пак сакаше да се дебатира од потребата на востанието и објективните фактори кои имале пресудно влијание зошто истото не дало поголеми резултати моето мислење е дека скоро па сите големи сили како и нивните вазали наши соседи биле против создавање на Македонска држава заради геополитички интереси пред се на големите но и стравот од креирање на држава која не би била лесна за контрола од големите сили а за соседите и да не зборам.
Географијата и економските потенцијали на Македонија е таква што во многу што говори во прилог на ваквото гледање.
Значи на никој од големите и нивните вазали НЕ им било од интерес создавање на Македонска држава и затоа сите биле ПРОТИВ, а таквиот однос не е сменет до денес, меѓу другото и заради културната матрица која се негувала и по што била позната Македонија.
Народот сакал - сака и ќе сака секогаш Македонска држава, но интересите и остварувањето на ваквите тежнеења многу малку зависат од народот (и не отварај тема по ова молам се работи за веќе докажани интеракции и...).
@Пророкот , по обичај само да си против, какви докази, е па шаренокуртонски докази.
Било пред сто години па не требало докази доволно е внукот или некој си Тутабалгарин да даде изјава и готово.
Колку ми е мене познато во тоа време имало весници кои меѓу другото пренесувале и за Македонија, ако за Тодор сите британски весници објавиле дека е убиен најголемиот германски шпијун во тоа време биди сигурен дека некој ќе објавел/пишувал и за предавствата ако се имале информации, ама не тогаш се немало ама сега се јавиле внуците и Турките, некој би се прашувал зошто па токму сега!