Суперски, како знаеш да ме погодиш, ко прст во говно, или пред работа или додека патувам од работа!
Еве ја генералната идеја:
Мојата идеја, за наредниот круг, беше надградба на твојата. Сметам дека во секој автобус треба да има еден редар, облечен како батлер, залижана коса, оделце, и да има повеќе улоги. Прво нема да смее да пушта усмрдени патници. Ако труеш на цигари, мирисаш на пот, смрдиш на чопари или зрачиш на лук, нема да влезеш. Потоа ако фати некое копиле како го уништува автобусот, ги гори седиштата со запалка или шкрта, или пак ако некој пуши во автобус, да смее да го фрли од малото прозорче од вториот спрат. Ако автобусот нема втор спрат, да го фрли од кров (еднокатните автобуси ќе имаат и пожарникарска скала кај резервната опрема за оваа намена). Ако не го собира од малото прозорче, од кров! Ќе биде регулатор колку патници можат да се возат, колку торби да се внесат, кој платил карта, а кој не. Наместо контролорите цел ден да играат џамлии во канцеларија, ќе ги средиме и ќе ги направиме редари.
Од една страна не знаеме да се однесуваме, а доказ е Ѕидот на срамот кој, од време на време, го постира Златко во ДК. Од друга страна, не знаеме да си го негуваме она што е наше. Наскоро, колку наскоро не знаеме, треба да пристигне нов бран автобуси. Притоа и овие кои ги имаме, како граѓани, не знаеме да си ги чуваме, столиците се скршени, наслониците се шкртани и запалени, чеканите за кршење на стакло со случај на опасност се украдени.
Народот нема елементарен бон-тон кога ќе влезе во автобус, се пушта и музика, се зборува ко да си на пазар, се караш за политика, ова се однесува и на другата категорија граѓани, онаа од чии да ови се купени 100 автобуси (нивни аргумент, не мој), сега кога не сакаат во планина, на поинаков начин ќе се научат на мир, ред и дисциплина.
Автобусот ќе си има еден батко, редар, кој ќе се шета и со дрвена палка, ко индиски џандар, и ќе лови недисциплина. Ќе кине карти, тоа башка, ќе има бум во буџетот на ЈСП, ама предоминантна задача ќе му биде да дели воспитни, дали совети или нешто друго, ќе зависи од однесувањето на поединецот.
И да, нема јадење во автобус. За ова не знам како не им е гад, искрено! Значи се држиш, влегуваш, пипкаш со тоа прстите низ автобусот, наоѓаш место да седнеш и со тие раце си го фаќаш јадењето! Башка труеш сѐ околу тебе. Ајде, океј, да не бидам лошиот, само забрани, ако редарот затекне како некој јаде, ќе му брои од 10 па наназад да го изеде јадењето, во спротивно Мирко! Ќе биде дозволено и другите патници да го бодрат, или демотивираат...ако сакаат да гледаат сеир! Ако е буце, наместо да му брои за ова, ќе му брои 10 склека...
Дури и ова искуство може да се прелее и надвор од автобусите, пример, имавме нови автобуски постојки, кои ги заменија старите чадори. Стаклата на речиси сите постојки се искршени. Граѓаните не се заштитени ни од дожд, ни од сонце, а притоа се платени и со народни пари. Вакви какви што се, имаат некоја функција, ознака дека тука ќе застане бус. Толку. Така да, чим стравот лозјето го чува, Мирко ќе биде прва патрола, и ќе го исчуваме и она малку што го имаме. Генералната идеја е оваа (постоењето на самата полиција, пример), и ако сте културни, воспитани и дисциплинирани, не гледам зошто би биле против (Тема: Редари во ЈСП со проширени ингеренции)!
Со оглед на тоа дека долго време немаше доброволци, а го слушам како тропка со штикличките низ темиве, и мањачи лево-десно, после оваа тема, ако сака, една тема ќе даде
@wot 
Ако не сака, ќе го тагнам Сладоледот, па видете сега вие!