1. Треба да се донесе искусен голман. Ова е стартната точка зад секоја фудбалска династија, имаш играч по кој една деценија нема да мислиш на оваа позиција.
Санчез е киксер, лошо игра со нога, дури и кога мора се носи во пченка, ќе ја усере. Не е ни нешто побар голман, порсек, ама дефинитивно не прави разлика на терен, како што прави еден Облак или еден Пикфорд.
2. Дефанзивец. Штета што го пропуштивме Геји. Штета. Математиката излезе над 100 милиони, откуп, плата и бонуси за тој период додека му трае договорот. Фофана беше платен 70-80, така да, штета. Може ќе крпат со Рудугер и Колвил, што е супер, ако донесат играч како слободен агент, ама мора искуство во одбраната. Или нека одат со тројца позади на сметка на уште еден квалитетен дефанзивен централен играч.
3. Искусен тренер, а не некое дете кое водело клупче и животна желба му е да направи 30 милиони преку ноќ. Ираола, Гласнер, Цеск, Лиус, Силва, Алонсо... Не знам, Луис имаше одличен резултат, другиве...не знам.
Треба да се стегне одбраната, да се напушти концептот од градење напад од голманот. 45 примени голови, а веројатно ќе бидат над 50 до крајот на сезоната, се катастрофа. И мора да се меша во трансфер политиката. На кого ќе рачуна, а на кого не. Одврзани раце. Башка сите набројани работат/работеа со доста ограничени буџети, тука ќе имаат извесен луксуз, можат да бираат кого да донесат.
4. Шпиц. Делап е труп. Џексон е дрво, кое среќа нема да се врати. Жоао е единствениот квалитетен играч кој може да игра на таа позиција, ама би на Алварез, а Жоао да игра позади него.
Крилата се тапа, Палмер е паднат. Естевао се загуби. Нето клапна. Другите можат да одат на трансфер пазарот, ама имаме и премногу флопови. Премногу. Се фрлаат пари на надежни деца, што се вели, без ден стаж. Порано тие чинеа по некое милионче, па го даваш на позајмица да се јача, и на крај го продаваш за ситен профит.
Навистина сме тапа, срамота е по толку инвестиции, да се на бод разлика од мртвиот Евертон. Ајде, едно финале, можност за титула, со тоа ќе земат и место во ЛЕ, натпреварување во кое ќе бидат фаворити.
5. Не смее да се донесе циганот Винисиус ни под разно!