- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 434
- Поени од реакции
- 1.080
Тоа и е поентата, снима интервјуа со секој и на секого му остава простор. Дали бил Сорос, дали бил Трамп, дали семкар, момакот и во претходниот канал, покрива се што може да се покрие, без притоа да ти кажува што да размислуваш или да им суди на тие што ги снима, едноставно ги остава луѓето да зборат, а ти како гледач сам си носиш заклучоци.може е популарен у невладините
- интервјуа со Хасан Пајкер и Хантер Бајден
- прилог за "расистите" у Арканзас
- тажна приказна за човекот кој го избркале од Америка после 30 години криење и тн.
Следно, мега интервју со Сорос, претпоставувам. Врв на кариера би му било.
Има интервјуа и со Хасан Пајкер и Хантер Бајден, али и со Трамп Џуниор и Кју-Шаман (од протестите за изборите на Трамп). Има интервјуа и со екстремни анти-фа левичари во Портланд снимани на сред протест додека фрлаат молотови коктели, и со Прауд Бојс на екстремно десно кога се собираат за време на ковид. Момакот доловува слика за САД и нејзин политички дискурс преку секојдневна Америка и документира, не ти објаснува што е правилно. Има сличен формат на Хантер Томсон (за тие што го читале), непосреден е и поминува време со луѓето што ги посетува. Често зборува за како билионерите во САД ги имаат земено сите медиуми под своја капа и промовираат политички дискурс насочен кон културни војни и идентитет, со цел пренасочување на внимание од класни проблеми (Америка има едно од највисоки историски нивоа на нееднаквост во моментов) кон глупости за одвлекување внимание, тоа е може област каде што завзема став, али кога станува збор за социјални проблеми, има најзрел начин на покривање на тоа што се случува.
Споредено со мејнстрим на лево и десно, или некои бош политички коментатори, дечкото е озбилен новинар.


А овие од Х пример еве Марио што е обичен агрегат на новости и ги препишува од други за тебе е експерт? Не мора јас тебе да ти докажувам ништо. Не ми треба мене јоутјубе за да проценам кој има мозок колку кикиритка. Го слушавме Марио со гости како Скот Ритер и др. Не ми кажаа од Русија туку фактите што се проверливи за секој кој гледа подалеку од еден наратив.