Фан клуб - РК Вардар

Како што ме држи сеќавањето секогаш кога одмараа Хориха и Малус тешко дававме гол, имавме црни серии од по 7 до 10 мин без даден гол, чудо ќе биде ако сме со помалку од 15 технички грешки вечер…
Веројатно и повеќете тука сте во право со предвидувањата, но веројатно е дека и Чупо го знае ова..

Ајде бе, вербата ни остана и таа никој не може да ни ја одземе

Или џа или бу
 
Koga pisav nikoj od poupatenive ne se nafati da kaze... tajna bilo!
Тактички е за противникот да спрема тактика за погрешни играчи. Не знам зошто би објавил тимот такво инфо и да загуби фактор на изненадување :D
 
Реално тоа е единственото нешто што останува од спортска гледна точка, тој фактор на изненадување

Ова да беше порано објавено негативно ќе влијаеше на екипата, не дека они не се свесни што би се зборело по медиуми

Ќе рече некој, не треба тоа да ги интересира ама ај замерете им што се поврзани со цела фан база
 
Тактички е за противникот да спрема тактика за погрешни играчи. Не знам зошто би објавил тимот такво инфо и да загуби фактор на изненадување :D
Ke vidime so taktika za vecrr ke napraat
 
Без разлика на исходот вечер а и нареден вторник, мислам дека ова е успешна сезона. Двојна круна освоена, уште во септември очекувањата за ЛЕ беа да се стигне во главна фаза, самото стигање до топ 8 е бонус. Се на се треба да сме задоволни, само да донесат уште еден лев бек за следна сезона
 
Како што ме држи сеќавањето секогаш кога одмараа Хориха и Малус тешко дававме гол, имавме црни серии од по 7 до 10 мин без даден гол, чудо ќе биде ако сме со помалку од 15 технички грешки вечер…
Нашите се имаат спремано за ова сценарио. Знаеле дека нема да играат двајцата најдобри. Претпоставувам ќе играме со побрза постава со Боно и Силва на лев и среден бек, Митро десно. Остануваме без замени, само Танкосен и Кавада се тука да заменат. Проблем е што го губиме Хориха за одбрана, апсолутно немам идеја кој би го сменил. Ќе одиме на ран енд ган, нема друга опција, секако во одбрана ќе сме швајцарско сирење.
 
Без разлика на исходот вечер а и нареден вторник, мислам дека ова е успешна сезона. Двојна круна освоена, уште во септември очекувањата за ЛЕ беа да се стигне во главна фаза, самото стигање до топ 8 е бонус. Се на се треба да сме задоволни, само да донесат уште еден лев бек за следна сезона
Уште еден или лев или десен бек, една повреда и нема ротација никаква. А за вечер …
 
Нема многу што да прави Чупиќ денес.. се знае.. Боно влага на централен, Да Силва на лев (може ќе ја ротираат позицијата),Митро ќе мора да собере муда денес, ќе мора Боно и Да Силва да му ствараат позиции со брзи вкрстувања. Ќе биде отров вечер, знаејќи на кое ниво на се замениве.Једино, као што спомна Сајбер ако подолго време се уигруваат за игра без Хориха и Малус , па може да нијанса да изгледа боље играта. Ќе видиме вечер. Штета голема што си работел цела сезона , и на ваков натпревар ти се повредуваат двата мотори на екипата. Тоа е што е! Нека изиграат со муда плус баш за Јака и Хориха,бар тоа знаеме да го правиме. Затоа сме Вардар!
 
Јас немам надеж без овие двајца. Србинов да се повампири па рашутира од 9, ама не гледам како може да компензираме. Се надевам во чудо.
 
Ваков таков ама Талевски страшна работа ќе ни завршеше вечер. Останавме без никаква замена за Хориха. Освен Митро никој не може да се дигне од 9 а знаеме он колку е непредвидлив
 
Кога се оди во битка се гледа само напред и се потпираш на тие што се со тебе. Кои и да се, колку и да се. Вардар е дефиниција за силата на колективот, дефиниција која многу добро ја знаат низ Европа.
Целите за оваа сезона веќе се остварени. Затоа без разлика на резултатот вечерва, потоп или победа, Чупиќ и момците заслужуваат полна сала на 5. Мај и максимална поддршка 60 минути. Затоа што не сме било кои, сите ние сме ВАРДАР!
 
Со оглед дека ке играме без најдобрите бекови ни останува шансата преку пикер со Лазаревски да ги мачиме , или гол или пенали да се изнудат ( кои секако ке мора да се реализираат )

Митрович е топло ладно играч , некогаш прави глупави шутеви а некогаш знае да одигра добар меч , ке ни треба вечер многу од него ..

Да Силва се покажува добар играч , очекувам од него вечер исто добра партија ..

Цврстата одбрана плус Валах ке биде клучна за утакмицава , ако ги задржиме до 27-28 гола ке биде добро , се надевам на борба до крај и потоа во Скопје со помош публика да ги елиминираме ...
 
Back
На врв Bottom