Дали сте за Македонија да стане Рударска колонија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Katence91
  • Време на започнување Време на започнување

Дали сте за Македонија да стане Рударска колонија?

  • Да, знаете ли колку фамилии парче леб вадат од рударство

    Гласови: 3 15,8%
  • Никако, над 90% иде во странски џебови, мештаните се оставени со загадена вода, почва и воздух

    Гласови: 16 84,2%

  • Вкупно гласачи
    19
Член од
17 ноември 2013
Мислења
30
Поени од реакции
109
Изминативе 10 години локалното население во разни делови низ државава извојуваа тешка победа против странските корпорации за експлотација на минерални суровини. За жал сета таа мака, во еден миг може да падне во вода ако поминат новите измени на предлог-законот за минерални суровини и концесии, донесени во собрание на гласање по скратена постапка.
Ја отворам темава со цел да се прошири свеста околу тематикава, и да се зголеми јавниот притисок против истиве предлози, со кои се овозможува:
- Олеснето доделување концесии и отворање нови рудници, со што се зголемува притисокот врз природните ресурси
- Проширување на можностите приватни субјекти да иницираат проекти од „јавен интерес“, без доволно јасни критериуми
- Потенцијална злоупотреба на поимот „јавен интерес“, што може да резултира со експропријација на приватен имот
- Долгорочни последици врз животната средина - загадување на вода, почва и воздух
- Ризици по здравјето на населението, особено во локалните заедници

Потпишете се на петицијата ако изразувате несогласување со предложените мерки
ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ


 
Може да објасниш подетално како се овозможуваат нештата кои си ги наброила според предлог законот?

Таксите за концесии се зголемени драстично и се одземени многу концесии, затоа прашувам
 
Колку што паметам, еднаш одамна гледав некој професор по геологија како објаснуваше дека Македонија е како геолошки атлас, напречен пресек во кој ги има сите можни руди и минерали..
Но истовремено во мали количини и концентрации што ги прави неисплатливи за експлоатација!

Значи имаме се, и истовремено немаме ништо!

Да не се лажеме.. да имавме битни ресурси(количини) веќе ќе копаа странски компании на велико и никој нема да не прашаше за ништо! Или ќе беа рудници од бивша југославија кои сеуште работат!
Тоа е вистината!

Ова со забрана за нови концесии апсолутно го поддржувам да не бидам сфатен погрешно..
Ама и онака се работи за ситни шпекулантчиња, оф-шор фирми за перење пари, и скриени(наши) инвеститори кои се крстат на цената на берзите, брз профит, и никаква одговорност!

Реално и да сакаме, не можеме да станеме рударска колонија во права смисла на зборот!
 
Аха, дека нема затоа дошле светски гиганти тука да копаат
Дека нема - затоа :icon_lol:
 
Аха, дека нема затоа дошле светски гиганти тука да копаат
Дека нема - затоа :icon_lol:
Уште ли веруваш дека американците не сакале за Криволак? :rolleyes:
Тој тип на муабет е ова..
 
Да бевме рударска колонија државава ќе беше богата. Но немаме некои руди. И покрај тоа што некој сака ете да отвори рудник зелените ретарди ќе се упалат одма, им се рушел екосистемот.
 
Уште ли веруваш дека американците не сакале за Криволак? :rolleyes:
Тој тип на муабет е ова..
Ако бе птицо, нека биде така

Тоа што го бараат им треба за научни цели и е реткост, скоро и не постои

Мислам доволно е нели?
 
ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ

ВАШЕТО ИМЕ ЌЕ БИДЕ ЗАПИШАНО СО ЦРНИ БУКВИ ВО ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА КАКО ПРЕДАВНИЦИ


Каде беа овие господа да со ова им трубат на изродите кои го продадоа името на јужните и се македонско на бугаристанците?
Таквите гони ги УПМ.

За рудникот .... сомнителна работа .... нигде не прочитав или сум пропуштил за некоја анализа, елаборат за која количина на резерви и концетрација од минералот се работи, начин на ископ и транспорт, што со огромните количини јаловина итн.

За колонијализмот .... па во што се веќе не сме колонија па проблем бил уште една :D
 
Последно уредено:
Ако под колонија се подразбира да бидеме лансирани у вселена и да паднеме на која рандом планета и да сме таква рударска колонија.....тогаш да.
 
Ако под колонија се подразбира да бидеме лансирани у вселена и да паднеме на која рандом планета и да сме таква рударска колонија.....тогаш да.

Ова е точната дефиниција на рударска колонија. Да копаш руда на некој метеор кој орбитира околу планета на 64 светлосни години одовде :D .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Изминативе 10 години локалното население во разни делови низ државава извојуваа тешка победа против странските корпорации за експлотација на минерални суровини. За жал сета таа мака, во еден миг може да падне во вода ако поминат новите измени на предлог-законот за минерални суровини и концесии, донесени во собрание на гласање по скратена постапка.
Ја отворам темава со цел да се прошири свеста околу тематикава, и да се зголеми јавниот притисок против истиве предлози, со кои се овозможува:
- Олеснето доделување концесии и отворање нови рудници, со што се зголемува притисокот врз природните ресурси
- Проширување на можностите приватни субјекти да иницираат проекти од „јавен интерес“, без доволно јасни критериуми
- Потенцијална злоупотреба на поимот „јавен интерес“, што може да резултира со експропријација на приватен имот
- Долгорочни последици врз животната средина - загадување на вода, почва и воздух
- Ризици по здравјето на населението, особено во локалните заедници

Потпишете се на петицијата ако изразувате несогласување со предложените мерки
ПЕТИЦИЈА ПРОТИВ ПРЕДЛОЖЕНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ И ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ



„Јавен интерес„ е страшно растеглив поим и властодржците, почнувајќи од општините па до централната власт, манипулираат со тој поим „до коска„, затоа што „јавното“„ станува „“приватно„, т.е. станува приватен интерес *(и профит!) со невидена брзина, во што власта е страшно експедитивна.

Така, ќе има „и за тате и за бате„, а локалното население ќе истерува правдина преку „институциите на системот„ кои се синоним за искорумпирана багра...

Власта ни е досетлива, лукава и користољубива, нема тука никаков „јавен инстерес„ кој власта го гласа, наводно во името од своите гласачи.
 
Се соочуваме со демографска криза, a приоритет e екологија пред основните општествени предизвици.

Да, ресурсите треба да се користат додека се достапни, но на начин што ќе донесе долгорочен просперитет за граѓаните.
 
Последно уредено:
Ако под колонија се подразбира да бидеме лансирани у вселена и да паднеме на која рандом планета и да сме таква рударска колонија.....тогаш да.
2 пропуштени од Елон Маск.
 
  • Хаха
Reactions: Mud
Bev pod impresii deka mnozinstvoto posakuvaat da bidat vladeeni od stranski aparati bidejki 35 godini vmro i sds ne kradat, pa me buni revoltov ako sme stanele kolonija.
:kafence:
 
Ако дозволат Македонциве и Криво Паланчани да се отвори рудников тогаш стварно се за никаде, изгледа не го памтат оној рудник во Крстов дол какво загадување правел и колку подземни води поради него ги снемало или се екстремно загадени. Македонија е мала држава и дури и мало загадување се сеќава на голем дел од територијата, ама не е чудно што „инвеститориве“ бираат вакви корумпирани држави и политичари каде што нема да почитуваат скоро никакви еколошки правила. За некој милион неповратно уништуваме природа

Наместо да најдат инвеститор за Чебрен Галишта они загадување преставуваат како некаква си странска инвестиција
 
Back
На врв Bottom