Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Катастрофа и од Карик се повлече у наша половина на полувреме срамно.
Ако изгубите бодови денес на негова глава се.
 
Каземиро, каков лик :ROFLMAO:. Би било супер, в недела со Ливерпул на последната утакмица дома сезонава, со победа да заверат пласман во ЛШ.
 
За пофалба, вадењето на лошите играчи првин, и фактот што имаше проактивност на полувреме, одлично ги неутрализираа Брентфорд, кои на моменти во прво делуваа дека имаат хектар простор. Она што никако не можам да го разберам е што во добар дел од утакмиците, после 70 минута, секој може да ни даде гол, заради тоа што им оставаме простор да играат, и најбитното, никој не ја сака топката.

На 2-1, цепи напред на прва, никој не се обидува да игра фудбал, престрашени се да не згрешат. Освен Касемиро, и можеби Мегваер, на останативе не им текнува да купат фаул и да успорат игра. Буквално, трчај до избезуменост. Ако има некоја статистика колку брзо им ја враќавме топката на Брентфорд, рекорд имаме поставено. 28% посед.

Некои од потезите, не ми се ни коментираат, неверојатно е. Зиркзе проба пас каде што немаше ниту еден играч, Дало во изгледна контра каде испаднаа еден куп играчи прави ролинг, Амад не го ни коментирам, Мбеумо излегува еден на еден, со колено фор си дава.

Не ми изгледа веројатно дека ниту еден играч не знае да успори, да застане на топка, да чува посед. Саглам екипа со ваков пристап ке не искине. Го нема Куња, кој знае да изнуди фаул, и одма се забележува.

Нека зимаат играчи што може да задржат топка, и што имаат 2 пара плуќа, зашто оваа екипа, со 2 утакмици неделно, по 55-та минута нема да може да оди.
 
Диало и Ембеумо да се пратат во Африка на ресетирање.
Една недела во Сахара без вода и храна, веројатно ќе е доволно. :)

Уште бод-два, и полесно ќе се диши.
 
Диало и Ембеумо да се пратат во Африка на ресетирање.
Една недела во Сахара без вода и храна, веројатно ќе е доволно. :)

Уште бод-два, и полесно ќе се диши.
Па не баш работата допрва почнува, многу работа ќе треба посебно ако остане Карик.
 
Абе каков бод, следна утакмица е со Ливерпул на Олд Трафорд. Треба со 200% да ја одиграат таа утакмица и да нагазат на максимум, да се добие што поубедливо, нема подобра прилика за заверка на топ 4.
 
Абе каков бод, следна утакмица е со Ливерпул на Олд Трафорд. Треба со 200% да ја одиграат таа утакмица и да нагазат на максимум, да се добие што поубедливо, нема подобра прилика за заверка на топ 4.
И би сакал победа,али како се влечкаме последните натпревари не ни оди у прилог.
Да се надеваме дека ќе изиграат барем со кохонес макар и да изгубиме.



Незнам зошто за Гарнер не се збори, мислам дека и право на откуп имаме.
 
Последно уредено:
Гарнер им е алфа и омега на Евертон, тешко дека ќе се разделат со него годинава.
 
Back
На врв Bottom