Живеење во рурална средина – апсолутно да. Тишина, природа, чистота, здрав живот. И да не одгледуваш ништо, самите тие услови се злато вредни, затоа што побитно е да доживееш длабока старост, отколку да „пукнеш“ на 50 од удар или рак.
Воздухот е почист, стресот е значително помал, а темпото на живот е поопуштено и поприродно. Има простор, има мир, нема постојана бучава и хаос како во град. Плус, имаш можност да си направиш двор, градина, па дури и мала самостојност во однос на храна, што денес не е мала работа.
Многу зависи во која фаза си во животот. Според мене, единствено не одговара кога децата ќе тргнат на училиште, затоа што не сме доволно поддржани со добри транспортни и инфраструктурни решенија, а и социјализацијата на децата е битен фактор. Во град сепак има повеќе активности, спортови, курсеви и дружби што влијаат на нивниот развој.
Исто така, мора да се признае дека во руралните средини пристапот до секојдневни потреби како маркети, здравство, администрација и одредени услуги е потежок и бара повеќе организација. Не е се идеално, ама со малку планирање, може да се надмине.
За жал, повеќето млади се решаваат да земат 200 илјади евра кредит за стан од 100 квадрати, а реално ако живееш рурално, пристојна куќа од 150 квадрати со сите елементи, финиши и изолации (без покуќнина) е околу 80–100 илјади. Разликата е огромна, а добиваш многу повеќе простор и поквалитетен живот. Да не се вадиме дека има поголеми трошоци за превоз, кога за останатите 100 илјади (разлика рурална куќа – стан во град) ќе земеш нова, достоинствена кола и ќе имаш за гориво за цел работен век. Воедно тоа би го додал како нajголем предизвик, зошто ако одиш да живееш рурално, мислам дека на децата би им се ускратил малко социjалниот живот (мое мислење), зшто се повеќе од младите одат во Скопjе или странство.
Мое мислење е дека руралниот живот е возможен за секого, само што кај нас се уште имаме непрележани „болести“ – на пример, на работа ќе те зборат дека си од село, „сељак“, „пинца“ и слично. Но, прашањето е: што ти е приоритет во животот – што зборат луѓето или каде ти е удобно на тебе?
За крај, за руралниот живот би споделил една +18 мисла од западната култура: „once you go black, you never go back“ Истото е и со ова, еднаш ако пробаш живот надвор од урбаниот хаос, после тоа ќе го гледаш со сосема поинакви очи.