- Член од
- 25 ноември 2010
- Мислења
- 405
- Поени од реакции
- 1.027
@The xx - Гледам да ја однесам дискусијата на некој терен каде што ќе биде интересен за муабет. Начнав историја пошто така го заврши последниот пост и ми текна дека ја земав книгава пред некое време за листање и се вклопува со темата. Околу бирање на теми: гледам да одам на поле каде ќе има повеќе сенс за дискусија, бидејќи има делови каде мислам ќе биде тешко да се разубедиме (90ти и русофобија). Ти ќе тврдиш ја ескивирам/релативизирам, ја ќе го тврдам истото од спроти и нема да е продуктивен муабет, али капираме од каде доаѓаме.Ескирваш неколку пати и релативизираш. Види дебатираме, не мора некој до нас да е точен. Всушност повеќе ова се основа на лични перцепции. Не беше потрбено да навлагаме во подлабока историска анализа. Посебно пред се како планирале на Запад или како они објасниле работи. Говоревме за 90тите и за Русофобијата. Ама штом ја носиш таму дебатава нека биде.
Околу професорите по историја и нивната објективност: на ист стил и начин пишуваат и за Британија, и за Франција, и за Германија, се разбира со информациите кои им се на располагање во тој период. За САД не пишуваат во ова дело, бидејќи книгата е за историја на Европа. Имаат други дела за САД и се доста критички настроени и кон својата власт (политичка и бизнис елита). Имаат цела книга за тоа како под лажниот превез на еднакви права, индустријалисти од северо-истокот на САД буткале свои коруптивни зделки и со длабока алчност ваделе пари и од државата и од граѓаните (со монополизирање на пазар и врски во држава). Со други зборови, по мене, вршат патриотска должност да посочуваат каде државата не функционира каде што треба и што треба да се смени, што е различно од на пример академици кои се мегафони за кој и да е на власт, со цел да ќарат некоја привилегија.
Кој во Русија, по тебе, би имал книги што се критика кон царската империја (од аспект на како се управувало) или СССР, или модерна Русија, што е објективен? Некој еквивалент на Џон Миршајмер, Чомски, Корнел Вест, Хауард Зин во САД. Ова се луѓе кои зборуваат против американски империјализам, од Америка и ја критикуваат својата влада за постапки надвор од своите граници, а дел и внатре. Кој би пишувал објективна и валидна критика за системот горе (домашна и надворешна политика) освен Солженицин?
Исто! Сосема коректен муабет и добри поенти, без разлика што гледаме различно на некои работи.Ти благодарам на дискусијата, ретко се наоѓа соговорник со кој може да се претресат овие теми со факти и историја.И те разбирам потполно од поглед на хуманизам што говориш. За жал реалноста е многу поинаква. Наместо да ги интегрираа уште во 1990тите Западот нека биде САД калкулантски остави Русија сама да се уништува. А во 2000тите веќе да ги покажува понатамошните намери кон Русија.



