CN – Народна Република Кина

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување
Па така има - убивајте ги птиците затоа што ја јадат жетвата (на Мао Це Тунг), а има и сликата на лидерот да биде у секоја училница (кај многу диктатури и сл.). Тука има градација,бидејќи првото направило 30 милиони жртви, а второто, ништо приближно страшно на тоа.
За вакви споделени информации верувам имаш некаков извор, не би ме... ама мислам (поточно сум убеден) дека оваа е пласирано пред се од идеолошка побуда и дека вистината е многу далеку...
Исто така е интересно што никаде никој не сака да спомне за бројните геноциди кои се нпраени од демократски побуди и во име на демократијата (ширење на демоНкратија) кои се десткратно поголеми (како оној на големиот демократ Черчил) ама секогаш не се испушта да се пласира нивниот светоглед како врвна цивилизациска придобивка... Амин!
На пример пред извесно време имаше инфо од Миршајмер во еден од неговите настапи за објавен труд кај Лансет за геноцидот (Станува збор за над 35 милиони жртви на демократијата) кој е направен од страна на западната империја САД+ЕУроспка преку војни, санкции и блокади на земји кои не сакат да се демоНкратизирааат и тоа само во последниве 30-40 години ... така е тоа во демократијата.
 
@Joey-Jojo Jr. Shabadoo - Се разбира, постојат екстремно ретки случаи кои немаат сенс на запад како генетска терапија за менување пол кај деца. Али тоа не значи дека секој кој верува во либерални идеи на запад (лимитирана власт, владеење на право, слобода на избор) верува дека на деца треба да им се менува пол или јаде скакулци, тоа е кариткатура од еден широк спектар на идеи. Тоа е исто како јас да кажам поради тоа што некои конзервативни христијански фамилии практикуваат егзорцизам во САД и одбиваат своите деца да ги праќаат во школо на основа на религиозни слободи, дека ако некој е конзервативен и религиозен, мора да брани егзорцизам и сака децата да бидат неписмени.

Поентата со рудниците е следна: државите поставуваат рестрикции и права после стекнување на институционално знаење и тоа знаење еволуира. До 1920ти и 1930ти, не било невообичаено да имаш и деца од 5-10 години да работат во рудник и да кршат јаглен (ги викале breaker boys) и да заработуваат за своите фамилии кои често страдале од сиромаштија. Во тоа време, за семејствата што ваделе леб од ова и компаниите кои се занимавале со тешки индустрии, ова им имало сенс. Арно ама, после развој на институционална свест за образование и спознавање на штета од работа во рудник, државите почнуваат да воведуваат строги правила околу детски труд и задолжително образование, што оваа пракса ја спречува. Со други зборови: нешто што сега ни делува денес здраво разумно, во некој период така не им изгледало на луѓето пред нас.

Што е здрав разум за нас, нема да е здрав разум за некој друг. Примерот со базуката, за нас во Македонија, нашиот здрав разум вели не треба да се даде пристап до базука на народ, и следствено на тоа е забрането да се поседува, купува. Дури звучи смешно кога го збориме. Али во САД од друга страна не е забрането (во некои држави), можеш да купиш базука, бидејќи според нивната политичка култура, правото да ти можеш да се одбраниш од апсолутистичка и арбитрарна власт (ако некој забега и сака масовно да го репресира народот со јавен апарат), е поголемо него правото на комшијата да се чувствува безбеден. Кога го донесувале американскиот устав и првите амандмани, гледале креаторите на уставот што се случува во Европа со кралеви и апсолутисти и што им правеле на своите народи, и овој механизам го оставиле во САД со цел цивилите да можат да имаат контра-тежа спрема власта. Модерна интерпретација на ова правило е право на пристап до оружје, вклучително и базука во некои држави во САД. Во тој контекст, за нив е нормално, за нашиот контекст не е.

Не судам кое е подобро, туку ти кажувам само дека што е дозволено а што не ќе зависи од општество до општество, околности, време, мал милион фактори. Најчесто овие одлуки се добри и разумни, затоа не ги ни размислуваме, пошто се очигледни како на пример деца да не работат во рудник, а понекогаш луди и најчесто тие идеи добиваат медиумски простор пошто се контроверзни (например промена на пол кај деца, или геноцид врз популација само заради тоа што е друг етникум).

Делот со скакулците и кравите е твое тврдење, не мое. Делот каде што се сложувам со тебе е: државата најчесто може да те натера тоа што го сака пошто има монопол над сила и има механизми да спроведе воља. Ја што пробувам да ти доловам е механизмот на носење одлуки. Секоја држава бира што ќе дозволи и што ќе ограничи, тоа е се што ти тврдам погоре.

Мешаш баби и жаби, намерно.
Само вино и кисела вода мешам намерно, се друго е по грешка. :cool:
 
Мењање пол на деца да ти било дел од поширок спектар на идеи, а не карактеристика на либерали. Океј, не е карактеристика на либерали туку само на оние либерали кои се на власт и ги носат законите. Ме боли мене стојко што имало либерали кои не се за тоа, исто како што ме боли стојко што имало Муслимани што биле за соживот. Кај се сите тие? По дома и у опозиција? Колкав процент од либералите се тие, штом либералните власти го спроведуваат тоа?
Ме боли стојко што имало либерали што, на пример, мислат дека исламизација на Западот е штетна, кога либеаралите кои се на власт се до гуша во процесот, кој упорно го спроведуваат.

Сеедно ми е дали ти се сложуваш со мене за нешто. Батали ги тие глупи психолошки финти кај што прво на соговорникот му кажуваш со што се сложуваш, па после му кажуеш со што не се сложуеш и тн.

Едноставно е - не можеш со навидум учтиво понашање и долги постови да го изрелативизираш све она што се дешава со западното општество под водство на либералите, во последнава деценија и нешто.
 
Ме боли стојко што имало либерали што, на пример, мислат дека исламизација на Западот е штетна, кога либеаралите кои се на власт се до гуша во процесот, кој упорно го спроведуваат.
Ова е друга тема (миграција/мултикултурализам) и може да ја начнеме како дискусија таму, да не разводнуваме дискусија во тема Кина.

Сеедно ми е дали ти се сложуваш со мене за нешто. Батали ги тие глупи психолошки финти кај што прво на соговорникот му кажуваш со што се сложуваш, па после му кажуеш со што не се сложуеш и тн.
Не е одговорот само за тебе лично, туку е за тој што прати дискусија. Ако разложиш кај се сложуваш каде не, дискусијата има повеќе ред. Околу психолошки финти, ај да речеш ти продавам кола од баба возена, па нешто ќар да иам, али момак на кајгана муабет правиме. :D

Едноставно е - не можеш со навидум учтиво понашање и долги постови да го изрелативизираш све она што се дешава со западното општество под водство на либералите, во последнава деценија и нешто.
Одговорив во друг пост по мене што се случува со либерали и конзервативци на запад (или генерално фактичка ситуација кај нив). Западното општество (ако конкретно зборуваш за САД) го гледам како огромен брод, и дали конзервативец или либерал е капетан, суштинските промени во политиката се минимални. Со други зборови, ако САД има империјалистички амбиции кон земја на пола планета подалеку од неа, дали пилотот е трансџендер и авионот е на струја, или пилотот е конзервативен лик и авионот лета на гориво, тоа е ирелевантно. Сите овие глупости со родови политики (трансџендер, абортус и тн) во политичка реторика се само магла. Главниот проблем на западот (зошто по мене западот иде во криза) е дека целата политичка моќ (партиска, медиска и финансиска) се акумулира кај мал број луѓе, и остатокот живее од плата до плата, со луди работни саати. Овој процес почнува од Реган и трае до денес (има се помала социјална мобилност, се помалку можности за политички придонес).

Пошто има гнев меѓу народот, нивните реални животни прилики се потешки: колку плаќаат за храна, дали можат да си дозволат стан, да се пензионираат на време. Овие теми што ти ги начна погоре (околу транс-права и слични глупости) се користат во политичка реторика за замајување и раскарување народ со цел да се пренасочи гневот од водство, до водени. Ова е тоа што се случува на запад по мене. Секоја друга дискусија за мене е магла и гола вода. Ова е веројатно друга тема на дискусија (САД) али ако веќе сме таму, ова е тоа што го сметам, заради тоа веројатно не сум толку емотивно инвестиран во културолошки војни како такви.
 
Одговорив во друг пост по мене што се случува со либерали и конзервативци на запад (или генерално фактичка ситуација кај нив). Западното општество (ако конкретно зборуваш за САД) го гледам како огромен брод, и дали конзервативец или либерал е капетан, суштинските промени во политиката се минимални. Со други зборови, ако САД има империјалистички амбиции кон земја на пола планета подалеку од неа, дали пилотот е трансџендер и авионот е на струја, или пилотот е конзервативен лик и авионот лета на гориво, тоа е ирелевантно. Сите овие глупости со родови политики (трансџендер, абортус и тн) во политичка реторика се само магла. Главниот проблем на западот (зошто по мене западот иде во криза) е дека целата политичка моќ (партиска, медиска и финансиска) се акумулира кај мал број луѓе, и остатокот живее од плата до плата, со луди работни саати. Овој процес почнува од Реган и трае до денес (има се помала социјална мобилност, се помалку можности за политички придонес).
Коа веќе дојде до ваков заклучок за една функционална демоНкратија како што се сервира преку медиумиве да те прашам:
Која е функцијата на изборите?
И едно доплнително, бидејќи сакаш многу да го филозофираш, како поврзуваш платеничка армија со уредување република, што им е заедничко?
 
Коа веќе дојде до ваков заклучок за една функционална демоНкратија како што се сервира преку медиумиве да те прашам:
Која е функцијата на изборите? И едно доплнително, бидејќи сакаш многу да го филозофираш, како поврзуваш платеничка армија со уредување република, што им е заедничко?
Темата е Кина, ако сакаш можеме да се пребациме во САД за ова. Али на кратко: изборите се механизам за мирен трансфер на власт и можност за акумулирање гласачки преференци (ти даваат чувство на припадност во системот, и перцепција на контрола/удел). Во САД, една од главните критики за нивниот изборен модел е дека е затворен за кандидати што го застапуваат обичниот граѓанин, и најголем дел се статус кво/естаблишмент кандидати (поради начинот на кој се бираат кандидатите). Следствено на тоа, политиките околу клучни прашања (даночна политика, меѓународни односи, безбедност) се горе доле доста исти околу клучни прашања.

Околу платеничка армија, ако прашуваш за армија по уставот на САД, мешаме платеничка армија со граѓанска армија. Граѓанската ти е загарантирана со уставни амандмани како механизам за самоодбрана од репресивна власт, платеничка ти е компанија што работи за профит (продава услуги) и различно е регулирана. Не се иста работа.

Додаток: демократија ти е само механизам за уредување власт. Идејата на кратко е дали власта е неограничена (власта може да прави што сака, како сака) или ограничена (со устав и закони). Дали власта е поделена меѓу различни ентитети или е акумулирана на едно место. И за крај ти дава механизам за мирен трансфер на власт. Не е ни лоша, ни добра по природа. Еве ти велиш демократија е зло. Што е подобро по тебе од демократија како систем на уредување од тоа што ни постои како опција (од аспект на обичен човек, надвор од власт)?
 
Точно оф топик, но ја засега и Кона па и нас.

Што беше прашањето што одговараш, мајко мила, да не беше прецизно прашањето па ајде ама да глумиш француска собарица е...

Се однесуваше на ПЛАТЕНА армија (што ги прави платеници паравоени формации се друга тема повторно избегнуваш да на прецизно прашање одговориш туку релативизираш до бесвест), и уште еднаш може ли уредување република да коегзистира со платена армија, чисто од социолошки аспект, или ако егзистира тогаш немаме република туку некаков монструм.

Демократија ти е убаво спакувана тиранија!
Се друго (секој обид за релативизација) е млатење на празна слама.
Ако Платон и Аристотел можат да бидат надгласани од тројца северџани не се работи за демократија алооооооо!

ако навистина не знаеш што е подобро е тогаш јебига, еве ти за почеток директната демократија е барем за 3 чекори подобра.
(инаку демократија може единствено да вирее/опстои во капитализам ((во социјализмот беше тетирана како хоризонтална и вертикална смена на персонални решенија а темелено на мњеритократија)) е тоа е уредување, а не механизмите за владеење -според теоријата на управување со стадото да се нарекува демократија или како копуциве правната држава да ја нарекуваат демократија итн итн итн итн
 
Прочитај си ги постовите пополека и ќе видиш дека поставуваш две различни прашања: во првото прашуваш за платеници (merceneries), а второто ти е за платена војска (paid army). Си ги измеша, па се обиде нешто паметен да искочиш со "ми ги избегаваш прашањата релативизатору низаеден, кога кажувам платеничка мислам платена". На крај на ден, и двете ти се релативно нејасни прашања без контекст.
како поврзуваш платеничка армија со уредување република, што им е заедничко?
Се однесуваше на ПЛАТЕНА армија (што ги прави платеници паравоени формации се друга тема повторно избегнуваш да на прецизно прашање одговориш туку релативизираш до бесвест), и уште еднаш може ли уредување република да коегзистира со платена армија, чисто од социолошки аспект, или ако егзистира тогаш немаме република туку некаков монструм.
На кратко, второто прашање е помалку прашање туку повеќе теза, дека ако републиката има платена армија тогаш е монструм. Незнам што пробуваш да објасниш со ова, треба да појасниш, вака напишано е само салата од зборови. Зошто платена армија во република (кај што војник зима плата) е монструм? Малку Кандински е коментаров.

Демократија ти е убаво спакувана тиранија!
Се друго (секој обид за релативизација) е млатење на празна слама.
Ако Платон и Аристотел можат да бидат надгласани од тројца северџани не се работи за демократија алооооооо!
ако навистина не знаеш што е подобро е тогаш јебига, еве ти за почеток директната демократија е барем за 3 чекори подобра.

(инаку демократија може единствено да вирее/опстои во капитализам ((во социјализмот беше тетирана како хоризонтална и вертикална смена на персонални решенија а темелено на мњеритократија)) е тоа е уредување, а не механизмите за владеење -според теоријата на управување со стадото да се нарекува демократија или како копуциве правната држава да ја нарекуваат демократија итн итн итн итн
Разбираш што пишуваш или од душа си куцаш? Во горниот цитат викаш демократијата е тиранија, пошто најпаметните се надгласани од најглупите. А во следниот дел викаш дека е 3 пати подобро истиот тој глуп народ пак да гласа, каде пак најпаметните ќе бидат надгласани од најглупите, само без представници. Тоа е како во една реченица да кажеш "опел е најлоша кола во свет, али затоа 3 пати подобра од опел е опел корса".
 
Прочитај си ги постовите пополека и ќе видиш дека поставуваш две различни прашања: во првото прашуваш за платеници (merceneries), а второто ти е за платена војска (paid army). Си ги измеша, па се обиде нешто паметен да искочиш со "ми ги избегаваш прашањата релативизатору низаеден, кога кажувам платеничка мислам платена". На крај на ден, и двете ти се релативно нејасни прашања без контекст.
Кога се нема одговор тогаш се бара изговор, следно гледај каде сум ставил запирка, а каде точка и голема буква ама одговор и понатаму нема, веројатно е до Путин тој е виновен!

Останатото е исто срање само поинакво пакување така да продолжи си со муабетот имаш соговорници, мене ми беше само да видам со кого си имам работа.
:(
 
Back
На врв Bottom