... ова веќе е сериозно спаѓа во емоционалната манипулација како форма на психолошко злоставување што вклучува влијание врз емоциите на една личност т.е. сопствена жена, сериозното емоционално разделување доведува до осаменост на двајцата, ти сама, тој отсутен, а ти си на граница на депресија и анксиозност, што впрочем и твојот аватар „Очајна“ со што се регистрира на форумот докажува во каква незавидна тешка состојба си, иако силна се уште не си скршена (највероватно поради детето), но тоа нема да трае вечно и мора да решиш и да расчистиш што понатаму, без да одоговлечуваш!
... штом тој ти прави така со игра „награда и казна“ во сексуалниот живот, ти веќе си објект за него, однесувањето укажува на неспособност за зрело управување со проблемот, што доведува до употреба на „студен поглед“, молчење или немање секс како алатка за казнување.
...тој може да те убеди дека ти си виновна за казната или дека ова однесување е нормално, а ти трпиш и ја издржуваш, а тој напротив ја има желбата за доминација, а не за сексуално задоволство, користејќи го сексот како награда или казна, држејќи те во состојба на страв и зависност, тој има сериозен недостаток на емпатија и тенденција кон суровост, а се продлабочува со регистрирање на еротски сајтови намерно оставено мобилниот ти да приметиш и уште повеќе да бидеш „казнета“ и уште подлабоко да пропаднеш!
... тој верува дека има право да го контролира твоето тело „нарцисоиден, его до плафон“, што те доведува до неизлезна и потчинета ситуација,
ТИ НАВИСТИНА ИМАШ ГОЛЕМ ПРОБЛЕМ!