Фан клуб: РК Пелистер

  • Креатор на темата Креатор на темата ziko bt
  • Време на започнување Време на започнување
Ице Соклески неофицијално во Рк Могила на непобедените
 
Кажав поназад и ќе кажам пак, капитенот ќе си оди само ако му стигни понуда од: Кил, Магдебург, Фуксе, Барселона, Веспрем во спротива НЕМА. Хосни, Богдан, Манасков пријатно. Според мене најпрво тренер па играчи. Тамше ми е секогаш избор број 1, ама ако освој со Требње тешка работа, макар шо ЈАС да сум би платил и оштета. Иначе кој и да дојди со се цел СТРУЧЕН ШТАБ, само Алекот да остани, друго се А У Т, само така сериозно можи да биди, во спротива еве вака на 3 месеци тренери...

И амбиции на клубот не се кажват со интервјуа, статуси итн. земаш квалитетни: среден, десен бек, десно крило и го продолжваш капитенот, не треба статии и басни.

Белистојановски ќе биди промовиран во Прва екипа.
 
Многу лоша енергија непотребно се шири мислам околу екипата. Играчи, тренери, управа... Реалноста е поинаква. Се знаеше уште од старт дека тесна ќе биди трката меѓу 4те екипи. Разликите не беа големи. И нормално е дека зависно од сплет на околности на некој ќе му "тргни" и ќе има добра сезона, а друг ќе разочара. Мора да научиме пореално и трезвено да ги гледаме овие работи. Еден натпревар некои акции и шутеви успеваат, друг истите тие не проаѓаат. Мораме да научиме спортот да го гледаме низ призма на веројатност за победа, а не секогаш 100/0, црно/бело да ни се гледиштата.

Има одредено ниво на аматеризам кај управата (иако мислам дека научија некои работи во изминатите 5-6 години), има многу лошо менаџирање на очекувањата (стварно не разбирам што им е филмот со нереалните изјави - одиме на дупла круна, 30% сме појаки и сл.), има очигледно разни конфликти во екипата.... Ама сето тоа е според мене споредно во однос на крајниот исход на сезоната. Главната причина за условно кажано "слабата" сезона е што како и во сите други спортови, со текот на времето некои играчи и екипи се заситуваат, некои играчи се трошат. Особено ова важи за повозрасните играчи кои веќе поминале низ сито и решето, освоиле титули, изиграле многу дербија, виделе публика... Затоа во било кој спорт е ретко со години последователно истата екипа да освојува/одбранува титула. Едноставно недостига "глад" за успех во екипата. Нешто што е очигледно кај Вардар и Охрид на пример. И тоа е невозможно да се промени оваа сезона.

Митревски, Хеидарирад, Манасков, Хакбарт, Радивојевиќ, Пешевски, Абутовиќ, Хосни... Практично 80% од главниот костур на екипата е 32+. Најголем дел од нив веќе неколку години се во тимот и освоија по неколку титули. Па и Кузмановски и Тајник се некако заситени иако се нешто помлади. Тоа е тоа што фали во тимот. Младост, глад за успех, играчи што имаат квалитет но допрва треба да се докажат во европски и светски рамки. И тренер што ќе може да ја склопи новата екипа во функционална целина (и тактички и менаџерски).

Ресет на екипата е потребен и неизбежен. И гигантите повремено мора да поминат низ истото. И наместо фрлање со дрва и камења треба да се прифати реалност и да се сврти нов лист.

голман: ? / Брестовац
лево крило: Петар. А / Кузманоски?
десно крило: ? / Белистојаноски
пивот: Граховац / Ристевски / ?
лев бек: Павле А. / Хенигман / ?(Кузмановски)
среден бек: ? / Калајџиески / Хаџич
десен бек: Серафимов / Видомски

Единственото прашање е Кузмановски - играч кој прави голема разлика на теренот и кој има смисла да се задржи, но нема да е крај на светот и ако го остават да оди на печалба.

Ако правилно се испазари на голман и среден бек и им се даде вистинска шанса на помладите (да се истрпат и кога губат и грешат) постепено ќе се постави нова функционална рамка на тимот. А какви ќе бидат крајните резултати на краток рок ќе видиме. Конкурентите немаат воопшто наивни состави и нема да е лесно.
 
Back
На врв Bottom