Сериозно мислиш дека на повозрасните жени им се намалува вредноста? Јас би рекла дека жената старее како вино, колку е позрела толку има подлабок вкус, арома и неможе да те опие до тој степен да повраќаш, но благопријатно да те замелуши

зрелата жена знае колку вреди и затоа со текот на времето критериумите наместо да се намалуваат тие замисли растат. Бидејќи жената полека се освестува и осознава некои работи за себе и животот. Спасот не е во мажот, умре фантазијата на принцезите од дизни филмовите, принцот нема да дојде, зашто принцови не постојат, жените се спасуваат самите себеси на крајот. Тоа повозрасните жени многу добро го знаат.