Кое е твоето контроверзно мислење? (Тема 40: @Harry the dog - Не за свадбени прослави, да само за регистрација)

Не за свадбени прослави, да само за регистрација

  • Вкупно гласачи
    51
И јас од рок музика и филмови, ама со гејмингот во школо не се согласувам.
Може, ама паралелно со него да се учи и калиграфија, само он НЕ!
Автоматски споено мислење:

Проблемот не е во технологијата, туку во начинот на користење на истата.

Да, и јас сум за тоа да се користи молив и хартија, и книгите да бидат во физичка форма, но не може да имаме игнорантски однос кон тоа што е многу реално и е дел од нашето секојдневие.
 
Исто така да додадам, да се забранат тестови на заокружување. Многу го оглупавуваат човека и заборава да се изрази низ текст.
 
... медицина се полага со заокружување, а не пак децата во основно!
 
И вака (без предмет: видео игри) и така (со таков предмет) децата се пред телевизор, таблет, лаптоп... Така само наместо да гледаат reels, брејнрот-видеа, да дремат на тик ток и снепчет, ќе го вклучат малце мозокот. Плус игрите се добри за развивање на рефлекси и во секој случај се подобри од се погоре напишано. Затоа - ЗА.
 
Проблемот не е во технологијата, туку во начинот на користење на истата.

Да, и јас сум за тоа да се користи молив и хартија, и книгите да бидат во физичка форма, но не може да имаме игнорантски однос кон тоа што е многу реално и е дел од нашето секојдневие.
Па јас и не реков дека треба да се игнорира, туку со ум да се менаџира нејзиното воведување во реалниот живот и работен процес.
Јас сум доволно запознат со учењето на компјутерската технологија и нејзината примена во работниот процес.
Што мислиш, зошто е креирана играта Solitaire? Да се привикнат новите корисници на Виндовс кон користење на глушецот! Најлесно низ игра.
Јас така после и КАД програмите полесно ги учев.
Ама ова сега што се случува е криминал, имам примери на оваа новава гејмерска генерација, кои пред почетокот на секоја нова школска година не можат да ја кажат азбуката по ред, забораваат да пишуваат на рака и ја забораваат таблицата на множење. Велком то гејминг, разбираш Ацесо!
Затоа ја спомнав калиграфијата, не ми текна тукутака!
 
И јас од рок музика и филмови, ама со гејмингот во школо не се согласувам.
Може, ама паралелно со него да се учи и калиграфија, само он НЕ!
Автоматски споено мислење:

Со оваа алатка воведуваш интеракција, книгата, која им е досадна, ја надградуваш. Дури и сум За идејата во наставните програми да се вметне и филмот како алатка. Така, по часот на македонски јазик, наместо некоја лектира (значи не за сите, туку за некоја), да се гледа нејзината екранизација.

Образованието ни е ужасно, или тапкаме во место, стагнација, или тонеме. А овие работи остануваат во глава. Повеќе ќе запамети што видел на филмот, отколку книгата која нема да ја прочита и да го препише есејот кој ќе му го напише вештачката интелигенција.

Новините можат да бидат и во оваа насока. Логички и интерактивни игри, учење патерни, критичко размислување, решавање проблеми. И онака дел од програмите се пресликани од основното во средното образование, еве, основното може да се растерети. Не мора двојно да се учи програмската материја по историја, литература (составен дел од предметот македонски јазик), англиски и математика, пример.
 
Види, образованието никогаш нема да ни биде идеално, како и што не било!
Фората на која те прца професорката по Македонски, што сакал да каже авторот? Види богати, 90% биле наркомани, туберкулозни или политработници. Тие самите не можеле да сконтаат што сакаат да кажат не па едно дете од 12-13 години :cenzura:
Филм? Ок, ете ти си читал книги, после ти се случувало да погледаш филм од прочитаното дело? Катастрофа, ти со денови си правел сценографија, кастинг на актерите и тука некој чукнат режисер ти изместил се' што може да се измести! Така се уништува креативноста на детето. Не може паштета или каша да биде подобра од парче месо, не не зезај!
 
Исто така да додадам, да се забранат тестови на заокружување. Многу го оглупавуваат човека и заборава да се изрази низ текст.

Кај тебе у школо системот на тестирање со заокружување ли беше?
 
Во Данска веќе се изучува кантер страјк во некои школи како додатен предмет.
Кој прати кантер страјк знае на кое ниво се данците и какви суми заработуваат.
А и доколку би се вовел ваков предмет кај нас, тоа би било опционално и би почнал во крајните години од средното образование. До тогаш веќе 95% од децата веќе гејмале па тие кои ги бива ќе имаат простор повеќе да научат и да станат професионалци. Изучувањето на игри не е само површно - да гејмаат со саати, туку има и други елементи. Се вежба тимска игра, дисциплина, трпение...
Што фајде имавме ние во средно кога ни дадоа опција да изучуваме социологија, математика или странски јазици (германски или француски)? Мене ништо од ова не ме влечеше а морав да одберам додатен предмет па избрав социологија за да поминам полесно зашто познато беше дека професорот по социологија не се замараше многу и лесно се стегаше до прелазна оценка. Буквално дремевме на часови како мисири, никој ништо не научи. Ниту па во странските јазици некој научи да збори германски или француски. Залудно потрошено време.
 
Игри се знае, фудбал, баскет, пинг понг, боречки вештини и т.н. Сабајле саат време пред часови спортски активности секој ден и плус физичко два дена по два часа. Игрички може ако сакаат да останат прекувремено мрежно ако има услови и да не биде задолжително.
 
Види, образованието никогаш нема да ни биде идеално, како и што не било!
Фората на која те прца професорката по Македонски, што сакал да каже авторот? Види богати, 90% биле наркомани, туберкулозни или политработници. Тие самите не можеле да сконтаат што сакаат да кажат не па едно дете од 12-13 години :cenzura:
Филм? Ок, ете ти си читал книги, после ти се случувало да погледаш филм од прочитаното дело? Катастрофа, ти со денови си правел сценографија, кастинг на актерите и тука некој чукнат режисер ти изместил се' што може да се измести! Така се уништува креативноста на детето. Не може паштета или каша да биде подобра од парче месо, не не зезај!
Ретко кој ги чита досадните драми, па и дел од останатите задолжителни лектрини изданија. Дел се предосадни, зборам од аспект на дете, не од аспект на сочувување на јазикот и културното наследство, сепак тие дела имаат културна, па и интелектуална, тежина. Постои филм (или еве, театарска претстава), нека го гледаат филмот (/претставата), нека биде макар и за само едно лектирно издание, па потоа да се споредуваат резултатите. :)
 
Во Данска веќе се изучува кантер страјк во некои школи како додатен предмет.
Кој прати кантер страјк знае на кое ниво се данците и какви суми заработуваат.
А и доколку би се вовел ваков предмет кај нас, тоа би било опционално и би почнал во крајните години од средното образование. До тогаш веќе 95% од децата веќе гејмале па тие кои ги бива ќе имаат простор повеќе да научат и да станат професионалци. Изучувањето на игри не е само површно - да гејмаат со саати, туку има и други елементи. Се вежба тимска игра, дисциплина, трпение...
Што фајде имавме ние во средно кога ни дадоа опција да изучуваме социологија, математика или странски јазици (германски или француски)? Мене ништо од ова не ме влечеше а морав да одберам додатен предмет па избрав социологија за да поминам полесно зашто познато беше дека професорот по социологија не се замараше многу и лесно се стегаше до прелазна оценка. Буквално дремевме на часови како мисири, никој ништо не научи. Ниту па во странските јазици некој научи да збори германски или француски. Залудно потрошено време.
Како опционално т.е. изборен предмет пеки, се сложувам. Јас уште седумдесетите и осумдесетите од минатиот век барав такви можности, ама ај кажи им на апаратчиците такво нешто. Кај нас се учеше Руски, Француски и нешто малку Англиски оти имало многу учители по Руски и Француски, па што ќе им правеле :cenzura:
Ние треба да развиеме и програма за талентирани деца, не да ме убива мене професорот да ги чекам другите да решаваат равенки со една непозната. Кои впрочем и никогаш не ги научија.
Автоматски споено мислење:

Ретко кој ги чита досадните драми, па и дел од останатите задолжителни лектрини изданија. Дел се предосадни, зборам од аспект на дете, не од аспект на сочувување на јазикот и културното наследство, сепак тие дела имаат културна, па и интелектуална, тежина. Постои филм (или еве, театарска претстава), нека го гледаат филмот (/претставата), нека биде макар и за само едно лектирно издание, па потоа да се споредуваат резултатите. :)
Ај батали драмите или поемите, него после тоа обработката. Ете јас сум(бев) книшки молец, ама друже на живци ми идеше дискусијата после, таканаречена обработка. Скоро па секогаш имав различно мислење од професорите:ROFLMAO:
Земи една Ана Карењина, професорките со фустаните и баловите се занимаваа, мене тоа ич ама не ме тангираше, на стари години сфатив дека воведната реченица, за среќните и несреќните фамилии, е најзначајното нешто во делото:sramezliv:
Нејсе, не треба да се бега од технологијата, ама под услов да се задржи креативното мислење. Да не се сведе на денешново, дај му телефонот на детето да не ти досаѓа!
 
Последно уредено:
Da se izucuva CoD , kanter i tamu slicni gluposti na uciliste.
Izvinite vaka da ve prasam, normalni ste ?
Posebno vie od IT sektorot kako definitivno najzabegani i najpovekje iskluceni od realniot zivot. Ovie ne znaat da se potpisat, rakopisot im e kako na doktor so mozocen udar, dva i dva ne znaat da soberat bez pomos na elektronski pomagala, nadvor na ulica da gi ostavis 5 min bez nadzor ke se samopovredat, zakrzlaveni celi defektni se, utre da ima regrutacija 90 % nema da ispolnat psihofizicki uslovi, ovie na uciliste kanter da se izucuvalo oti ete toa bilo mnogu bitno kako zivotna vestina.
Toa ne znae pesacki da premini, ke se zagini vo 200 metra prostor ali bitno kanter site stazi na pamet ke gi znaj :facepalm:

Иако сакам видео игри не се согласувам, децава и без тоа се пред екран по цел ден.

Од друга страна пискотниците на багра како владе учк и остала штала се нешто што добро би ме насмеало така да кој кур зашто да не :kafence:
 
Со оваа алатка воведуваш интеракција, книгата, која им е досадна, ја надградуваш. Дури и сум За идејата во наставните програми да се вметне и филмот како алатка. Така, по часот на македонски јазик, наместо некоја лектира (значи не за сите, туку за некоја), да се гледа нејзината екранизација.

Образованието ни е ужасно, или тапкаме во место, стагнација, или тонеме. А овие работи остануваат во глава. Повеќе ќе запамети што видел на филмот, отколку книгата која нема да ја прочита и да го препише есејот кој ќе му го напише вештачката интелигенција.

Новините можат да бидат и во оваа насока. Логички и интерактивни игри, учење патерни, критичко размислување, решавање проблеми. И онака дел од програмите се пресликани од основното во средното образование, еве, основното може да се растерети. Не мора двојно да се учи програмската материја по историја, литература (составен дел од предметот македонски јазик), англиски и математика, пример.
Да, јас кога ја читав Црно Семе, го гледав и филмот. Филмот не ја заменува книгата, но ја оживува. Замисли час по македонски каде што се дебатира за разликата меѓу внатрешниот монолог во романот и изразот на лицето на актерот во филмот. Тоа е сериозна интелектуална работа.
 
Back
На врв Bottom