Иран

  • Креатор на темата Креатор на темата Таксист
  • Време на започнување Време на започнување

Експресна изјава што значи воочија со кого имаат работа,

Разочарани што не ви поминуваат блефовите повеќе,

Останува да видиме кој кого ќе продава од мулите или сите на куп ќе испарат.
 
Подолу е листа на елиминирани лидери во Иран.
Јасно се гледа дека САД немаат ништо против постоење на држава како Иран во сегашните граници, туку дека сакаат смена на режимот со друг или промена на однесувањето на режимот.

За тие што не знаат, во Иран постојат паралелно 2 армии, на кратко објаснето заради големата политичка комплексност во државата после 2СВ и сменувањето на властите таму, во кратки црти, едната е формирана за одржување на режимот и самите тие на моќ.

Па и некои луѓе во САД сакаа(т) промена на тамошниот режим, па го гласаа трампавиот дибек уверени дека тој ќе биде носителот на таквата промена.

И за волја на вистината дочекаа промена на режимот, од лошо кон полошо.

За жал не може секогаш да се добие тоа што се посакува. Понекогаш има успеси, понекогаш има компромиси, понекогаш има неуспеси.

Трампавиот дибек дефинитивно спаѓа во овие последниве, тие кои го гласаа веројатно ќе беа задоволни и со компромисно решение кое нема да им ги донесе сите посакувани промени на домашниот владејачки режим во САД, но барем ќе им донесеше некои промени со кои ќе можат да живеат на долг рок. На крајот го добија од трите подолгото, поточно последната опција.
 
Ќе ги ловат танкерите подалеку во Индискиот океан и ќе им бараат сметкопотврда, дали е во долари или во јуани :toe:

На Иранските танкери што минеа реално може и одма да ги запленат, или уништат
 
На Иранските танкери што минеа реално може и одма да ги запленат, или уништат
Пред некој ден два руски танкера и една фрегата си поминаа преку Ла Манш спокојно.
Чаре за америте е да ги уништуваат сите танкери кои ќе излезат од Ормуз.
За секој случај.
 
Не е тоа вистинското прашање. Вистинското прашање е како човештвото се довело до таа ситуација, да педофили и човекојадци застанат на чело на човештвото. А уште потрагично е што се инсистира да се застане на страна каде педофилијата е нормална појава во една култура.

Тука се појавува и друга многу симптоматична работа. Од една страна поголемиот дел од западната цивилизација ја препознава педофилијата како сериозен проблем од културолошки аспект, и се грози со фактот дека некои од нивните лидери биде педофили. Од друга страна имаме цивилизација која педофилијата ја гаи како нормална културолошка појава. Тоа мене ми значи дека во западната цивилизација постојат болни умови кои го практицираат тоа што го викаш, а во источната секој може непречено тоа да го прави.

Ако во западната цивилизација мнозинството се грозат и се борат против таа појава, ваму тоа е општо прифатено.

И не, не мислам дека западот има право да го прави ова што го прави, меѓутоа и од другата страна во оваа ситуација немаме баш некаква си морална величина и не само со педофилијата, со многу работи.

И Катари, Матари тоа не е западна цивилизација, ниту пак шошоните, тие се дел од таа истата цивилизација на која и припаѓа и Иран. Војната што се води нема врска со педофилија, сатанизам и канибализам. Војната што се води е за геостратешки интереси. А на темава толку се збори за тоа што човек ќе си помисли дека Иран се кренале против педофилијата, на страната на човештвото, а не дека и Иран како и секоја друга држава која сеуште е независна се бори за свои себични интереси, кои патем во случајов не се државни, туку на таа одредена групација што владее во Иран (што не е поинаку и во САД).

Ок сум да се завземе страна и мојата страна моментално е истата. Но муабетов што се прави на темава е како во детска градинка.

Во кој дел од мојот пост ги споредив. Вие викате дека Епстаин се педофили. Истите тука неколку луѓе рекоа дека и Иранциве биле педофили и тоа го афиримираа.

Јас го поврзав тоа и реков дека педофили се борат против педофили.

Ги ставив ли негде на кантар? Реков ли негде дека се исти?
Не сакам кога децата се користат како пропагандна алатка за да се долови некаква поента. Користењето деца за оправдување на војната е најголем цинизам.

Војната не е за да се спасат децата од малолетнички бракови во Иран. Ако навистина грижата е за тоа, тогаш зошто тие сили не интервенираа и пред ова, па дури и кон други држави (вклучително и нивни сојузници) каде што постојат дури и полоши практики?

Не може морализирање за детски или женски права да биде одобрение за војна. Кога општеството пропаѓа, социјалните патологии уште повеќе се продлабочуваат заради економска нестабилност. Сиромаштијата е најголем двигател на раните бракови.

Социјалните реформи (за правата на децата и жените) се нешто што треба да почне одвнатре, од самото општество, за истото да биде одржливо.
 
Пред некој ден два руски танкера и една фрегата си поминаа преку Ла Манш спокојно.
Чаре за америте е да ги уништуваат сите танкери кои ќе излезат од Ормуз.
За секој случај.

Да посебно ме интересира Кинеските како ќе ги уништуваат.
 
Како што напишав погоре Кина скоро 40% енергенси ги набавува од таму, ако остане без нив им се распаѓа економијата а после стануваат лесен плен
Ќе ги ловат танкерите подалеку во Индискиот океан и ќе им бараат сметкопотврда, дали е во долари или во јуани :toe:
Oвде ќе биде интересна реакцијата на Кина. Интересите им се дебело загрозени и не можат да си дозволат "do nothing - win" меме пристап. Венецуела им се сега оф лимит, им остануваат уште Иран и Русија како значителни извори на енергенси. Паѓање на Иран не е само губење на извор на енергенси, туку се создава значителен и голем потенцијал за анти-руски проксија. Кафказот секако е буре барут, без стабилни соседи како Иран тука ќе има големи проблеми за Русија. Значи паѓање на Иран е важен чекор кон паѓање и на Русија... Кина ги има сите инцентиви тука да дејствува да си заштити своите интереси.

Јас типувам дека нема да направат ништо спектакуларно, како воена пратња на сопствените танкери, туку пружање на техничка и воена помош на Иран за продолжување на војната и побрз крај на истата.
Автоматски споено мислење:

не гледам дека Русија и Кина се нешто особено ангажирани со помош кон Иран, освен коментари од „аналитичари„ кои тврдат дека во Иран слетуваат руски и кинески воени авиони, кои сигурно не носат банани...

Дури и без Иран, за Русија и Кина би било доволно ако си ги „потпираат грбовите„, а во меѓувреме, очигледно е дека кинеската армија не дреме и непрекинато се вооружува.
Двете држави имаат интерес Иран да не падне. Иран е многу важен и за Русија и за Кина, но дури и повеќе за Кина.
Автоматски споено мислење:

сега трамперов ќе го блокирал Хормуз зошто Иран профитирал:lolzz:
Пред скоро им ги симна санкциите заради симнување на цената на нафтата, сега ќе прави блокада и напаѓа руска нафетена инфраструктура (цените ќе отидат во небеса). Реално ни он ни тие окулу него, не знаат каде тераат.

Ова не изгледа на егзекуција на внимателно спремен план. Ни блиску на тоа. Аматерите импровизираат.
Автоматски споено мислење:

На Иранските танкери што минеа реално може и одма да ги запленат, или уништат
Сите танкери се лесни за уништување. Само треба средства и воља.
 
Последно уредено:
Сите танкери се лесни за уништување. Само треба средства и воља.

Нема да ги уништат ама ќе им запленат 2-3 и ќе ги пренасочат кон пристаништа на нивни сојузници, и Иран ќе нема др опција освен да престане да плови. Мислам во прва фаза Американциве нема да прават тотална блокада на сите танкери, туку стриктно на Ирански
 
А што правиме со кинески танкер со иранска нафта? Ќе запленат 1, 2...... 10, после?
 
Затоа е интересна кинеската реакција во оваа ситуација. После Иран они се најзасегнати со овој потег (блокадата). И не ми се верува дека планерите и во Русија и во Кина дека не го имаат предвидено овој развој, наскоро ќе видиме што одлучиле.

Во меѓувреме, покрај стандардно налудничавите Израел, и овој е дефакто надвор од контрола:

Во теснецот има еден тон танкери баш на тие "сојузнички" земји.

Screenshot 2026-04-13 at 10.30.11.png

Еве ќе ги запленат, ќе им ги уништуваат. Што ако почне истото Иран да го прави во теснецот? Петарда да фрлиш буквално ќе погодиш нешто. Па после може ќе речат не биле тие и така.
 
А што правиме со кинески танкер со иранска нафта? Ќе запленат 1, 2...... 10, после?

Немам појма Кинезиве како ќе реагираат, ама да им помогнат на Иранциве да погодат некој брод на морнарицата би било идеално
 
Подолу е листа на елиминирани лидери во Иран.
Јасно се гледа дека САД немаат ништо против постоење на држава како Иран во сегашните граници, туку дека сакаат смена на режимот со друг или промена на однесувањето на режимот.

За тие што не знаат, во Иран постојат паралелно 2 армии, на кратко објаснето заради големата политичка комплексност во државата после 2СВ и сменувањето на властите таму, во кратки црти, едната е формирана за одржување на режимот и самите тие на моќ.

И не секој од режимот на мулите бил елиминиран, веројатно се профилирани и направена е листа кој заминува а кој останува. Бараат решение а не хаос. Кога Трамп ќе каже дека извршена е промена на режим веројатно алудира дека само позитивната листа дише моментално. Значи доволно (над)моќни да создадат околности кои им одат во прилог.

Додатно е тоа што во САД за да се одобри ликвидација не е така едноставно без разлика на условите, така да голем број од елиминираните сметам дека израелска страна делувала, да речам САД обезбедиле се што треба а Израел само го стиснал копчето. Од формално правен аспект се чисти, не дека некој може да одговара, да не се лажеме едноставно поради интерна системска поставеност.

Удрете појако на сопствениот народ,

Back
На врв Bottom