Да донесеме заклучок дека денешната музика ни станала инфантилна, треба да имаме одреден репрезентативен примерок, па врз база на тоа да дебатираме. Вака, врз селекција една случајно одбрана песна, не може да се донесе колективен заклучок, целокупната денешна авторска музика, нека биде само од нашите простори, да се етикетира како инфантилна.
Аргументот "добро е што се пишува и објавува" е ужасен. Можам и јас да се посерам, буквално, на лист хартија и да се прогласам самиот за уметник. Или половиот орган да ми биде четка, па да бидам авангарда (имаше ваков пример). Оваа тема, пред многу години, беше начната со еден член кога дебатата се водеше за едно уметничко дело, вредно милиони, а беше еднобојно срање. Буквално, една боја, ништо повеќе. Аргументот му беше дека требало време да се добие посакуваниот тон, што технички може да дојде и со случајно мешање на боите. Нема врска, тука има и заднински интерес, од аспект на даночните олеснувања и/или ослободувања, ама нема толку детално да навлегуваме во тематиката. Сепак, уметноста е во очите на посматрачот, се работи за субјективен вкус.
Од 90тите сме сведени на ист римам, неколку ноти исто или различно распоредени, да слушаме различни песни. Од Спирс до Кери. Најчесто изведувачите не се автори за текстот и на музиката, конкретно мислам на поп изведувачите. Пеат и толку. Дури и во рокот има преработки, дел од хитовите на Елвис се токму вакви песни, копање по историјата на блуз музиката со инструментална преработка. Тоа е она што го слушам јас, рок, џез и блуз. Сакам и класичен поп од 70ти и 80ти. И тука имаш хит енд мис, ама дел од песните го имаат преживеано тестот на времето, за разлика од поп естрадата (еве бој бендовите) кои имаат ограничен рок на траење. После нив има нови дечки во блокот, рефлекторите ќе паднат на нив.
Ретко слушам нова музика, независно дали е наша или странска. Еве и на глобално ниво, рокот е во слободен пат од 90тите, и оние етаблирани бендови кои се активни од пост-70тите, немаат солидни албуми последниве децении. На AC/DC (Rock or bust) и на Металика (72 Seasons) ми беа онака, ништо специјално, ништо посебно. Си симнав по некоја песна и тоа е тоа.
Овие песни со ритмично зборување, независно од текстот или од критиката, односно пораката која ја упатуваат, за мене се крајно неслушливи. Другарот Влатко, нетагнат, малку педерски, го критикуваше техното. Мојата критика нека стои и за ритмичките брзозборки.
Времето ќе покаже и докаже дали некој ќе се сеќава на модерните песни после 20-30 години, или ние, ќе се навраќаме во времето и ќе слушаме евергрини, и тоа ќе ни биде музичката историска кулминација. Пост тој период, можеби ќе биде и декаденција, па и инфантилност, што би рекла Кремче. Сепак, Србите знаат да извадат по некој пејач, кој ќе наполни сала полна со дечишта и/или тетки, или некој хит, кој ќе се врти по сите наши радиостаници. Често е шунд, ама вртат пари, прават кариери кои се врзани за југословенските простори, каде нема специфични јазични бариери. Еве, ние го извадивме Кајмакот, кој насловните страни, за жал, ги полни со киднапирања наместо со хитови. Да не беше овој настан, ќе заборавевме дека постои.