Да се формираше ваква слична лига во фудбал, какви би биле тука реакциите ако Хајдук, Динамо и Партизан би имале вакви размислувања, односно „зошто би им го правеле меракот на Македонците кога квалитативно сме 10 класи над нив"? Сигурно ќе се утепавме од кењање тука, ќе имаше навреди до 101 и назад.
Не дека повеќето не се во право тука, но некако како премногу да се преценуваме. Ние имаме четири клубови кои се изедначени горе-доле повеќе ради неквалитет, а не поради квалитет. Освен тешки просеци, малку (по)квалитетен играч вадиме еднаш на 10 години, а репрезентативно гледаме каде сме, убедливо на дното помеѓу најслабите што играат на првенствата. Играчи од распадната Војводина мамето му го ебаа на Еурофарм, екипа која служи за губење невиност во Европа, т.н. авто школа. Наредна година, ако не донесеме подобри играчи и нас не чека силување скоро на секој натпревар. Па Партизан досега поголеми трансфери направи него аптекариве во цела нивна неколкугодишна историја. Еве да почекаме, но јас сум убеден дека поголем успех ќе има Партизан од битолчаниве во многу пократок рок. Тука не треба да се исклучиме ниту ние, Охрид и Алкалоид, едноставно многу далеку сме од времето на СС кога со потсмев можеше да се гледа на ваквите лиги, а со оглед на потезите што се носат, не би рекол дека би биле проблем натпреварите против Партизан и слични на нив. Абе кој фактор се и едниве и другиве аптекари во ракометот, па тие да одредуваат што е квалитетно, а што не е. Какви црни млади играчи ќе развиваме, два-тројца имаат некаков потенцијал во цела држава, на сите други лимитот и премијата им е греењето клупа во клубовите каде што се сега. Да не заборавиме, натпреварите во СЕХА премногу му помогнаа на Вардар во минатото.