10. Но, понеспокојни се оние што својата надеж ја полагаат на бездушни работи, кои делата на човечки раце ги нарекуваат богови – златото и среброто, уметнички обработени образи ѝ аживотни или безвреден камен, изделкан од човечка рака.
11. Или, пак, дрводелец некој отсече погодно дрво, грижливо му ја симне целата кора и, откако го изработи убаво, од него направи сад за неаква корисна употреба во животот,.
12. а деланките од работата ги употреби за готвење храна и потоа се нахрани,
13. но една од тие гранки, негодна за ништо, криво дрво и глуждливо, го зема и во слободното време го изделкува со опитност вешта,
па сличен го направи на човечки лик,
14. или го направи да личи на некое долно животно, го премачкува со оловна боја, потоа со црвена, му отстранува секој недостаток,
15. и, откако приготви погодно за него место,
го закачува на ѕидот, прицврстувајќи го претходно со железо.
16. И така, за да не падне неговото дело, однапред се грижи за него, бидејќи знае дека тоа самото не може да си помогне, зашто е идол и има потреба од помош.
17. А молејќи се пред него за својот имот, за женидба и деца, тој не се срамува да му говори на тоа дрво што е бездушно,
18. и да бара здравје од она што е неможно, од мртвото – да бара живот, и помош да бара од она што е беспомошно, да го моли за добро патување она што не може да пречекори,
19. за придобивка, за работа и за успех на рацете, кое воопшто не може со раце да работи, за сила да го моли – најбессилното.
8. А таа ракотворба е проклета, а и оној што ја направил – и затоа што ја направил, и гнилежното дрво затоа што е наречено бог.
9. Бидејќи еднакво се одвратни пред Бога – и безбожникот и неговата безбожност;
10. и она што е направено и оној што го направил ќе бидат заедно казнети.
11. Затоа и за идолите на незнабожците ќе има суд, зашто тие станаа гадотија меѓу Божјите создание, соблазна на човечките души и стапица за нозете на неразумните.
12. Зашто измислувањето на идоли е почеток на блудот, а нивното откритие – изопачување на животот.
13. Нив ги немало во почетокот, а и нема да ги има довека.
14. Тие дојдоа во светот поради човечкото славољубие, затоа им е досуден блискиот крај.
15. Татко, скршенод тешка жалост поради предвреме умрен син, откако го направил неговиот лик на мртов човек, отпосле почнал да го почитува како бог и на своите потчинети им определи тајни и нареди жртви да му принесуваат.
16. Во текот на времето, вкоренет тој безбожен обичај бил пазен како закон, и, по запове на силните, тоа што било извајано – било почитувано како божество.
17. Кога луѓето не можеле, поради далечното му живеалиште, лично некого да почитуваат, тогаш правеле лик на оддалеченото лице: правеле видлив лик на починат цар, па како на неприсутен да му поласкаат како на присутен.
18. А и за засилување почитувањето од страна на оние штоне го познавале, помагало заземањето на уметникот,
19. бидејќи тој, можеби од желба да му угоди на владетелот, се трудел сличноста да ја направи што поубава;
20. а народот, восхитен од убавината на творбата, го признавал за божество оној, кој малку пред тоа бил почитуван како човек.
21. И тоа стана соблазна за луѓето, бидејќи тие, робувајќи ѝ на неволјата или на тиранството, му го предавале на каменот и дрвото неискажливото Божјо име.
22. А потоа, како да не им било доволно тоа што заблуделе во знаењето за Бога, туку живеејќи во голема борба поради незнаењето, тоа големо зло уште го нарекуваат мир.
23. Зашто, извршуваат ли жртви на деца, или скришни тајни, или приредуваат ли бесни гозби со туѓи обичаи,
24. тие веќе не ја пазат ни чистотата на телото, ниту чистотата на бракот, туку еден со друг, или подмолно се убиваат, или со прељуба се осквернуваат.
25. Сите нив без разлика ги надвладеале: крвнина и убиство, грабеж и подмолност, расипност, неверност, бунтови, клетвопрестапништво, разграбување имоти,
26. неблагодарност, осквернување на душата, злосторство против природата на половите, неред во брачниот живот, прељубодејство и нечесен живот.
27. Служењето на идоли, недостојни да се именуваат, се почеток, причина и крај на секое зло,
28. бидејќи оние што им служат, или во веселбите свои беснеат, или лага пророкуваат, или неправедно живеат, или брзо заклетва нарушуваат.
29. Надевајќи се на мртвите идоли, не мислат дека ќе бидат казнети, зашто неспрведливо се колнат.
30.
Но, и за едното и за другото ќе ги постигне казна: затоа што служејќи им на идолите, го искривиле поимот за Бога и што криво се колнеле и подмолно презирале сè што е свето. (Книга Мудрост Соломонова)
Бонус:
Пронајдете ја разликата..
Прегледај го приврзокот 473580