Род е социјална/јазична конструкција, али тоа не значи дека не постои. Нација е социјална конструкција, не постои во реалноста и во биологијата, али не викаме "нема насилство врз македонците во Грција бидејќи нациите се форма на јазично изразување" нели? Исто така парите и законите се измислена категорија, па кога некој е осуден за измама, неможе да се одбрани со "не украдов ништо, парите не постојат во природата".
Правните системи препознаваат родово насилство кое е врзано со социјалната конструкција (родови улоги, на пример жената е тепана бидејќи не готви по дома, а како жена треба да готви) и полово насилство е врзано со биолошкиот елемент (на пример силување). Двете, не се исти.
Боинг пропаднал ради дебели механичарки и хомосексуалци заварувачи? Ако не ти е тешко пушти линк од ова инфо, подобри инсајдерски информации имаш од тие што се јавно објавени. Боинг е во проблеми пошто егзекутивата им штеди пари на материјали, работници и квалитетни системи, пошто се алчни, сакаат повеќе пари за акционери и за себе. Кога се штеди во ќебапчилница, најлошо што може да се деси е некој да го заболи стомак. Кога некој штеди на квалитет на авиони тогаш се губат животи и паѓаат акции. Ова нема благе везе со инклузивност. Јагуар и Бад Лајт, не пропаѓаат поради инклузивност туку лош менаџмент.
Поентата ја игнорираш: најдобриот треба да ја земе работата - се слагаме. На фирмите им е во интерес да ја понудат работата на оној кој ќе даде најголема вредност. Некогаш тоа ќе биде белец, некогаш црнец, некогаш маж, жена, конзервативец, либерал, трансер. Како се вика тоа кога сите можат да аплицираат и од нив да се избере најдобриот? Тоа се вика инклузивност (да секој може да аплицира за позиција, inclusion = сите се вклучени) и меритократија (по заслуги). Не е инклузивност да се вработи некој само затоа што е жена или геј, нека не те лажат полу-писмени јутубери.
Заради тоа жените почнаа да имаат подобри позиции во бизнис сверата (за разлика од минатото кога многу од нив беа домаќинки), денес тоа ги прави некои од мажите несигурни во себе.
У реду е баце, "алфа мужјак за несигурни" курсот, не ти помогнал. Продужи си даље со терапија, повеќе ќе ти се најде.
У твојата глава и у невладина, инклузивност е едно, а у пракса е друго.
Ја сум за ова што ти го опишуваш како инклузивност, бидејќи не се става наместо меритократијата. Но тоа ти што го опишуваш постои само у теорија. У пракса меритократијата се заменува со инклузивност.
Има милион примери кај што пропаѓаат компании заради тоа. Имаш полна тема со примери таму за тоа, во филозофија. Нула фирми добиле било, освен губитоци, што со вклучување на неписмен кадар само заради неговиот идентитет. Не тропај глупости.
Единствено нешто што добиле фирмите со инклузивност е можноста предаторите да се претставуваат ко жени и да идат у женски ве-цеа. Е тоа го добиле.
Ти реков, ко ќе стаат Циган да те оперира за да смениш пол, само затоа што е Циган, ти скокај од среќа.
Да - Циган, не Ром.
Споредбата со Македонците во Грција е хумористично несоодветна. Нека ти кажат друго да пишеш.
Не постои родово ништо у природата, а јазичните акробации не помагаат никако да да се створи нешто такво. Постојат ДВА пола. Толку.
Не постои универзум у кој ќе може да биде општествено прифатлвива твојата идеологија. Твојата идеологија го уништи западното општество и го сведе на она што е денес. Наше е да ве сопреме да не го ширите овде сето тоа срање и на тој начин да го усерете нашето општество.
Да не бидам ептен оф топик, во врска со семјното насилство, да споменам дека ВМРО ги спушти гаќите и го прифати идеолошкиот речник, кој му е наметнат од новите наши спонзори Велика Британија.
Така што во новиот Предлог на Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик
поднесен од пратеници на ВМРО, меѓу другото, имаме:
"Страните обезбедуваат спроведување на одредбите на оваа Конвенција, особено на мерките за заштита на правата на жртвите, без дискриминација врз кој било основ како што е, ПОЛ, РОД, раса, боја, јазик, вера, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, поврзаност со национално малцинство, имот, раѓање, сексуална ориентација, РОДОВ ИДЕНТИТЕТ, здравствена состојба, инвалидност, брачен статус, статус на мигрант или бегалец, возраст, или друг статус."
Пол и род се одвоени, што имплицира дека некој може да биде, на пример, машки пол, ама женски род.
Имаме и нова кованица - родов идентитет.
Пресмешно и тажно.