100% е тоа, според другите тимови, со начинот на кој го заобиколиле правилото за соодносот на компресијата, им дава по дополнителни 15-20 коњски сили при загреан мотор. Тоа се во зависност од патеката предност од 0,3 до 0,4 секунди по круг, пак ќе речам, според другите тимови.
Само мало појаснување, зашто гледам дека не е баш во целост разбран проблемот со компресијата: Мерцедес не го прекршуваат правилото, туку FIA не потенцирала во правилникот дека соодносот на компресијата мора да е 16:1 во сите услови: без разлика дали е жежок или ладен моторот. Тестирањата на компресијата се прават на собна температура, и во такви услови моторот на Мерцедес има 16:1 компресија, како што треба, но они вградиле материјали во
клиповите и преносните единици на моторот кои кога се загреани на околу 130 степени се шират со што се намалува просторот во комората за согорување во моторот кога истиот е жежок, и со тоа се зголемува компресијата на 18:1. Затоа во новиот правилник, тестирањата на компресијата ќе се прават на мотор во работна температура.
Е сега нешто што никој не го зборува, наводно и Ред Бул го има направено истиот трик со компресијата како Мерцедес, само очигледно они имаат други проблеми со аеродинамика, батерии, чуда на болидот, па затоа не ги гледаме напред со Мерцедес. Не знам колку е точен овој податок, тука го прочитав:
https://www.motorsportmagazine.com/articles/single-seaters/f1/explained-the-engine-compression-row-that-risks-overshadowing-f1s-new-era/#:~:text=Through the use of materials,most — during actual racing conditions. Наводно некој механичар кој направил трансфер од Мерцедес во Ред Бул ја leak-нал информацијата за моторот на Мерцедес, по што и Ред Бул го имплементирале истото.