Фан клуб - РК Вардар

Претпоставувам Еспиња ќе си оди, знае ли некој Валах до кога има договор?
 
Зашто се распадна проектот СЕХА? Немам испратено...
 
Зашто се распадна проектот СЕХА? Немам испратено...
Гаспром се повлече поради војната, претходно они ги покриваа сите трошоци на екипите, а и пред да се повлече Гаспром, дел од појаките екипи (Веспрем) почнаа да праат калкулации во лигата да испраќаат младинци, втори трети тимови и се изгуби на квалитет со тек на време...
 
СЕХА немаше смисла после таму 2017, може и 2018. После смешки беше. Ова регионална лига со Црна Гора и Србија се тешки глупости за нас. Зошто да им се прави услуга на Срби и Црногорци, а наши екипи да си ризкуваат повреди во ревијално натпреварување кое се очекува да го добијат. Нема ништо плус за нив, само плус товар.

Ние имам солидна лига, уште Тиквеш винаријана да реши да вложи нешто подебело таму, ќе биде топ. Црна Гора и Србија немаат никакви лиги, што ќе се губи време со нив? Реално ако лигата не функционираше нешто сериозно со 2 екипи од Словенија, 2 од Хрватска, Мешков и Веспрем, зошто се очекува дека вака ќе функционира?
 

Добра е анализава на 24 ракомет... Во секој случај има и добри и лоши работи ваквата лига... Ако се почне лигава колку да се започне сезонава, па од наредна се приклучат екипи од Словенија, Хрватска и Унгарија, тогаш би можело да биде полн погодок, така почна и Сеха нецелосна па после некое време стана посилна до моментот на распадот...
Единствено би имало логика да се влези во ваков проект ако си обезбедат спонзор и да има некоја парична награда за 1 место пример 200к, второ 100к..., победникот да обезбедува место во ЛШ и нормално покриени сите трошоци. Не се некои пари, ама пак ќе има смисла да се жртвуваш за нешто, ќе покриеш еден добар играч и слично.
 
СЕХА немаше смисла после таму 2017, може и 2018. После смешки беше. Ова регионална лига со Црна Гора и Србија се тешки глупости за нас. Зошто да им се прави услуга на Срби и Црногорци, а наши екипи да си ризкуваат повреди во ревијално натпреварување кое се очекува да го добијат. Нема ништо плус за нив, само плус товар.

Ние имам солидна лига, уште Тиквеш винаријана да реши да вложи нешто подебело таму, ќе биде топ. Црна Гора и Србија немаат никакви лиги, што ќе се губи време со нив? Реално ако лигата не функционираше нешто сериозно со 2 екипи од Словенија, 2 од Хрватска, Мешков и Веспрем, зошто се очекува дека вака ќе функционира?
Добро, ние гледаме од наша позиција и од позиција на ракомет. Меѓутоа кога може во кошаркашка АБА лига екипи со 30 милионски буџети (ЦЗ и Партизан) да доаѓаат да играат со МЗТ и Студентски Центар тогаш... Исто и во фудбал, сакаме сите регионална лига а што би привлекле ние кај ЦЗ и Динамо Загреб? Нула публика, нула интерес, нула квалитет.

Партизан со проектот кој го прави и играчите кои ги договара (пола МК лига како што слушам) ќе биде противник каков што немаме тука ни ние ни Пелистер. Војводина не е селендра, туку еден голем спортски град од каде доаѓаат играчи кои доминираат овде во лигава. Динамо Панчево и Дубочица се задесени на позициите 3 и 4 дали случајно или по квалитет не знам, но веднаш зад нив е Металопластика која е бренд во Европски рамки и има две европски титули впрочем како и ние. Така да, не е тоа баш некоја средношколска лига каква што сака да се представи овде, дури мислам дека и нивните младински репрезентативци кои вискоко котираат се во овие 3 или 4 клуба како кај нас во вештачкиот Алкалоид нели? И сигурно би било поинтересно отколку у недела у 11 саат у школската сала у Пролече да го тепаме Тинекс Пролет со 42-18
И тука не се само Вардар и Пелистер, туку и Алкалоид и Охрид кои гарантирам дека бод не би земале надвор од дома
 
Последно уредено:
Партизан со проектот
Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.
Од Македонија најверојатно ќе пазарат уште два играчи од Пелистер.
Едниот е речиси сигурен, додека другиот има понуда и од Алкалоид.
 
Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.
Од Македонија најверојатно ќе пазарат уште два играчи од Пелистер.
Едниот е речиси сигурен, додека другиот има понуда и од Алкалоид.
Договорено не, но разговарано е скоро со сите Срби кои играат тука, и плус со уште некои други меѓу кои и наши репрезентативци...
 
Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.
Од Македонија најверојатно ќе пазарат уште два играчи од Пелистер.
Едниот е речиси сигурен, додека другиот има понуда и од Алкалоид.
+ Марсенич. :icon_lol:
 
Абе Партизан лани изгуби од АЕК во ЕХФ Куп, истиот АЕК кој беше поразен дома од Алкалоид со 4 гола. Охрид летоска на турнир ги контролираше цел натпревар, ги доби 5-6 разлика. Дека они сега ќе се засилат со 38 години Абутовиќ и плус некој играч, и дека ќе бидат некоја сила, не знам. Тоа Раул дека отиде таму мислам дека е да се занимава додека е селектор. Како што Вујо кога беше на Словенија беше и на Копер тренер. А мислам дека и истиот спонзор им останува, така да масовно дека ќе инвестираат тие сега, јас лично, стварно се сомневам.

Српската лига е слаба. Реално и Охрид и Алкалоид може да бидат шампиони таму оваа сезона. Војводина не би ме изненадило да се во некои финансиски проблеми со оглед колку лесно ни дадоа 2 играчи, а уште се во битка за титула. Ловќен не го ни коментирам, тие колo не можат да поминат во ЕХФ КУП.

Во СЕХА порано имаше неколку екипи што можеа да играат во топ 16 ЛШ. Тогаш и Горење беа добри, а да не зборам Мешков, Веспрем, ние, Целје, Загреб. Па и Прешов и Нексе не беа за фрлање. Кога беше поприлично добра лигата, 2015-16-17, не привлекуваше некој интерес, празни сали на ниво на лигашки натпревари, дека сега со екипи од Србија и Црна Гора ќе привлекува некое внимание, неверувам. СЕХА искрено ја уби и доминацијата на Веспрем и Вардар, да беше малку побалансирана, може ќе привлекуваше повеќе внимание. Ама па и ние 2019 кога освоиме ЛШ, изгубивме во СЕХА од Загреб и Мешков.

Сепак, ова се ревијални лиги, немаат некое значење. Не водат кон ништо. Што ќе ни значи нас да освоиме вакво натпреварување а да ја изгубиме дома титулата? Нула. Зошто само џабе да се трошиме и ризикуваме повреди за нешто што нема вредност. Ќе ги викнеме Партизан и Војводина на турнирот во Струга, ќе ги исшљакаме таму, чао пријатно. Нема потреба да се замараме со вакво нешто.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom