Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Мислам дека се повлече спонзорот.Зашто се распадна проектот СЕХА? Немам испратено...
Гаспром се повлече поради војната, претходно они ги покриваа сите трошоци на екипите, а и пред да се повлече Гаспром, дел од појаките екипи (Веспрем) почнаа да праат калкулации во лигата да испраќаат младинци, втори трети тимови и се изгуби на квалитет со тек на време...Зашто се распадна проектот СЕХА? Немам испратено...
Ковид па војната во Украина...руски спонзор беше...гаспром ваљда бешеЗашто се распадна проектот СЕХА? Немам испратено...
За Еспиња не знам, а Валах има договор до јуни 2027-ма.Претпоставувам Еспиња ќе си оди, знае ли некој Валах до кога има договор?
Единствено би имало логика да се влези во ваков проект ако си обезбедат спонзор и да има некоја парична награда за 1 место пример 200к, второ 100к..., победникот да обезбедува место во ЛШ и нормално покриени сите трошоци. Не се некои пари, ама пак ќе има смисла да се жртвуваш за нешто, ќе покриеш еден добар играч и слично.![]()
Што добива, а што губи - и треба ли регионална лига на Македонија? - 24 РАКОМЕТ
Во регионот повторно се активира идејата за машка регионална лига, а клучните контури веќе се на маса – систем 4-4-2 со клубови од Србија (4 клуба), Македонија (4 клуба) и Црна Гора (2 клуба). Следната недела во Белград треба да се одржи нов состанок на кој би се финализирал моделот, а според...24rakomet.mk
Добра е анализава на 24 ракомет... Во секој случај има и добри и лоши работи ваквата лига... Ако се почне лигава колку да се започне сезонава, па од наредна се приклучат екипи од Словенија, Хрватска и Унгарија, тогаш би можело да биде полн погодок, така почна и Сеха нецелосна па после некое време стана посилна до моментот на распадот...
Добро, ние гледаме од наша позиција и од позиција на ракомет. Меѓутоа кога може во кошаркашка АБА лига екипи со 30 милионски буџети (ЦЗ и Партизан) да доаѓаат да играат со МЗТ и Студентски Центар тогаш... Исто и во фудбал, сакаме сите регионална лига а што би привлекле ние кај ЦЗ и Динамо Загреб? Нула публика, нула интерес, нула квалитет.СЕХА немаше смисла после таму 2017, може и 2018. После смешки беше. Ова регионална лига со Црна Гора и Србија се тешки глупости за нас. Зошто да им се прави услуга на Срби и Црногорци, а наши екипи да си ризкуваат повреди во ревијално натпреварување кое се очекува да го добијат. Нема ништо плус за нив, само плус товар.
Ние имам солидна лига, уште Тиквеш винаријана да реши да вложи нешто подебело таму, ќе биде топ. Црна Гора и Србија немаат никакви лиги, што ќе се губи време со нив? Реално ако лигата не функционираше нешто сериозно со 2 екипи од Словенија, 2 од Хрватска, Мешков и Веспрем, зошто се очекува дека вака ќе функционира?
Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.Партизан со проектот
Договорено не, но разговарано е скоро со сите Срби кои играат тука, и плус со уште некои други меѓу кои и наши репрезентативци...Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.
Од Македонија најверојатно ќе пазарат уште два играчи од Пелистер.
Едниот е речиси сигурен, додека другиот има понуда и од Алкалоид.
+ Марсенич.Освен Цупара и Абутович, немаат сеуште ништо поконкретно договорено.
Од Македонија најверојатно ќе пазарат уште два играчи од Пелистер.
Едниот е речиси сигурен, додека другиот има понуда и од Алкалоид.