Буревесник е интересен, мада знае да ми забегува од време на време. Геро е повеќе коментатор, помалку истражувач, мада доста коректен е. Може и нив да ги постираме овде, интересни се за читање.
Дека ИРЛ се во корист на Про-СДСМ судство не би се согласил. Беа тужени од врвот на СДСМ (Кочо Анѓушев) за епизодата околу објавите за модуларната болница, а и објавуваа и статии како Анѓушев и Заев преку синот на Заев Душко имаат користено јавна позиција за лично збогатување. Да беа пропагандни ботови како Саше Политико или Латас, немаше да одат натака. Линкот од статијата:
https://irl.mk/ekonomskite-reformatori-vo-potera-po-sonceto/
Имаме огромен проблем со партизирано судство и обвинителство што се под капа и на СДСМ и на ВМРО - лојални али неподобни кадри што не работат во интерес на државата. Ниедна крупна ѕверка не одговараше, во моментов сите се на слобода. Судството и обвинителството ги имаат на мал прст и ради тоа никој од јавноста не им верува (2% доверба) и си се чуваат едни со други. Судството и обвинителството мора да се сменат и пипците од партиите да се пресечат ако државата сака да се развива.
Интересен момент мене ми е што членството кај големите партии е доста тивко околу овие прашања како судство, корупција, криминал меѓу своето водство, и се фокусира на историјата, идентитетот, семејни вредности (доста гласни се по овие теми и кај СДСМ и ВМРО). За мене како прави патриоти тука треба да гризат, али ја тоа не го гледам.
Ако си внатре во некоја од партииве, еве како реагира членство на ова? На пример, искачаат разговорите на Груевски и Мијалков, или ако си СДС, излегуваат информации околу модуларната болница - што прават луѓето околу тебе? Бараат оставки од литерството и се оградуваат од некој што е штетник на државата? Се откажуваат од партијата? Или стануваат мегафони на своите водачи каде што пеат како што им се каже?
Ја немам гледано, али сум чул за случајот (познавам некои од луѓето што се инволвирани во адвокатскиот тим на Митрев). За материјалниот дел од случајот обвинета е клиниката за измама поради тоа што како што обвинителството тврди (и некои од граѓаните што се сметаат за оштетени), клиниката им продавала метода за лечење од Ковид со лажно прикажување на факти. Без да видам материјални докази, што и да кажам околу ова би шпекулирал.
Дали клиниката представувала лажни факти за да направи пари? Ако е така, ова може да биде доста сива зона за докажување (правно гледано). Без да имам увид во докази тешко е да се каже.
За мене жалниот дел овде е дека јавното здравство се унаказува од година во година (од Онкологија до излевање на квалитетен кадар во приватен сектор). Бидејќи во политичкиот-бизнис круг скоро никој и да не се лечи државно, се нема амбиција јавното здравство да се поправи и тоне од година во година. За мене ова е исто озбилен проблем што вреди внимание.